Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
Во Битола викаме куче да земиш, да прашаш од шо фамилија е (читај да не е од Прилеп). Така да незнам зошто, ама ете има нешто останато од некогаш, кога станува збор за фамилијата... и шо чоек ќе влези.
Така да мислам дека тоа најмногу е повлечено од таа појдовна точка, џанум сватојте да можат да се дружат по некоја заедничка основа.
А не џабе рекле крушата под круша паѓа... доволно е да го погледниш детето за да добиеш некаква слика за родителот. Јасно, неможеш да знаеш дали родителот има проблеми со алкохол или швалерај, ама открива за карактерот и степенот на домашното воспитување на родителот... и тоа доста многу.
Реално гледано, ова е друг муабет. Дете што има израснато со алкохоличар, од прва рака ги има осетено последиците и знае како е штетен алкохолот. За отфрлање не прајме муабет, ама прајме муабет дека утре/задутре треба да се прај свадби/крштефки и да се седни на маса фамилија А со фамилија Б. И ти да си, не би сакала веселбата (шо ти е еднаш во живото) да ти ја расипи некој алкохоличар... така?Страшно е колку децата може да ја носат вината и судбината на своите родители без никаква своја вина. Ако некој одрасне со алкохоличар покрај себе зарем треба да биде отфрлен на таа база? Што е некој виновен што татко му се претворил во монструм? Или зошто некој би требало да плаќа за тоа што мајка му останала бремена, а татко му ја оставил?
Така да мислам дека тоа најмногу е повлечено од таа појдовна точка, џанум сватојте да можат да се дружат по некоја заедничка основа.
А не џабе рекле крушата под круша паѓа... доволно е да го погледниш детето за да добиеш некаква слика за родителот. Јасно, неможеш да знаеш дали родителот има проблеми со алкохол или швалерај, ама открива за карактерот и степенот на домашното воспитување на родителот... и тоа доста многу.
Знаеш колку примери можам да ти посочам, каде што навидум нормални родители ги испуштиле од раце децата? Па после испаѓа дека Џиш се пијанчел, се дрогирал... Така да девијантни појави има колку сакаш. Само мало забегување од она што е “нормално“ за денешното општество е доволно да добиеш некаква етикета по која утре/задутре цел град ќе те познава. Па и да се вратиш на правиот пат, имаш нечовечен третман. И не само ти, туку и целата твоја фамилија.Некако не ми се верува дека денес сите го имаат истиот капацитет како него. Јас ви зборувам за комплетно нечовечен третман, дискриминација по основ на туѓа или непостоечка вина.