Феминизам!

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Напротив, повеќето не се(преваранти и позери), ама дебатата некако ја истакнала етикетата "шовинисти" и секој аргумент од нив тоне заедно со таа етикета.
Тактиката на порелевантните феминистички движења е таква, да се борат со рационалната мисла преку етикетирање и набивање вина. Единствени што можат да испливаат во една таква ситуација се оние што научиле да ја играат истата игра, на ист начин, со истите валкани алатки, а негде помеѓу етикетите и бескрупулозните напади да го вметнат и аргументот и здравиот разум. Таков е Гевин, на пример. Ако го видиш во дебата со феминисти, третина од неговиот настап е шоу и заебанции, третина е напади и етикети и на крај имаш аргументи.
Малку ми е тешко да не го гледам Гавин како шовинист. По неговиот настап и по ред други прашања. Се гледа дека типот игра на картата како ХБО што игра, во презентацијата да има несолен хумор, доза дискриминација (све тоа за #ohgawdthecontroversie! и #shockfactor што денес сите пишани портали го прават, си има и свој назив - clickbait. Тоа дегенов го прави, и ми се моча кога го гледам и слушам). И џабе ако измеѓу сета таа помија од шоуменизација има пикнато валидни аргументи. Ради што се однесува како деген концентрацијата ми останува таму. Истото важи и за колегана по ориентација претходно спомнат. Лајкот го удрив пред некое време затоа што горе доле се слагам со тебе за тоа што го пиша, истиве работи што Гавин ги кориси ги користат и милитантнине SJWs на тублр, редит и твитерајата. И пошто едниве ги хејтам за истото, освен што немаат ни грам аргументација за тоа што го серат, исто ме прави и дебилов да се осеќам кога го гледам/слушам. Затоа и реков, треба подобар репрезент како глас на разумот од овие пар дибидукуси. Некој способен да го искомуницира тоа што сака да го каже на интелигентен, ненавредлив начин, и со поголема доза сериозност.

На пример, за тие што не гледале, еве како уништува една феминистка.

И честитам на храброста на женичкава за тоа што се согласила на соочување. Обично ова што Гевин го прави, тие го прават во контролирана средина, без спротиставена страна, во форма на монолог....и без некои сериозни аргументи, настрана од историските факти. Феминистите и мажињата што им лижат чизми ја измислија таа safe space средина и затоа на оваа жена треба да и се даде еден аплауз за тоа што излегла од таа средина, иако резултатот е....очигледен. :D
Не треба да и се честита, ништо не заслужила за тоа. Али има приказна која е интересна за настанов. Типкава наводно била викната за нешто сосем друго да разговара, за овој да и смени шема и да ја фати неподготвена (всушност, подготвена за друга тема). И тоа типов ја вика демек за дискусија, разговор, не дебата. И што се случува, он доаѓа подготвен и спремен, она ко газела у лавовско ловиште. И колку и да ја хејтам (сум читал нејзини бљувотини), не можам а да не го хејтам и дибеков. И мене некој да ми најави дека сака да ме викне на емисија да дискутираме за климатските промени, а таму на лице место работава да се претвори во дебата, и тоа за ... пример, радикалниов ислам (пошо негде читал дека серам за тоа и сака дебата, нефер дебата), нормално дека ќе бидам како да сум паднал од Марс, и ќе звучам неподготвено. Дури и да знам доста и за двете теми, ми треба време да соберам референтен материјал, графикони, статистики, трудови можеби итн. - Ретко кога луѓе идат неспремни на дебати, непишано правило е сегде да идеш подготвен. Не дека ја бранам, убаво беше рендањето, ама апла неферски изведено, да не речам педерски :D. Така да тука нема простор да се велича човеков и тоа како и го турил со дебатава или да се претстави како било каков win factor. Една причина плус меѓу многуте зошто ме нервира и го мразам.

Не. Зборуваше за тоа дека Берни има проблем со тоа што дозволува да му ја киднапираат кампањата. Се бунеше за тоа дека на сред митинг го туркаат стариот рандом кокошки за да се дерат на микрофон "my life mateeeeers". Стварно има Берни проблем со тоа. Да не кажаа нешто битно тие типки шо така го понижија Берни? Не. Се дереа на микрофон како недугави. После тоа отидоа да се тепаат со поддржувачи на Трамп и да викаат "Берни, Берни". Штета му прават на човекот.
Обично си во право, за настанот горе на пример - да, го гледав и беше глупо навистина, него ова се работи за друг настан. Се работи за бели девојки, згодни, и Тиндер апликацијата. За промовирање на кампањата на Сандерс преку Тиндер профили со тие со кои што ќе почнат комуникација со нив. Језда смешно и за многумина глупо, но навистина е бедно во споредба со сите срања во име на кампаљи направени од другиве политичари, а овој да посвети само внимание на тоа и да го претстави Сандерс како "еве, ваков ли претседател сакате?" Уште еден поен хејт за Гавин. И колку повеќе работи слушам и гледам за него само такви поени се множат. Затоа што за една работа ќе покаже сурова непореклива логика, за други две ти иде со лосос да го зашамариш.

Си ги спомнал Анита Саркизиан и Зои Квин, а погоре си прашал зошто на Гевин да му дадеме пропусница, а на овие две не? И не ти текна зошто?
Tука Шкорпи е разликата меѓу Гевин и овие две.
Прашањето беше повеќе реторичко. Не сакам пропусница ни на едни ни на други. Сите се ремет до ремет. Едниве во име на феминизмот, другиве во име на борба против тој дебило-феминизам, али сите подеднакво одбивни. Така да не дискриминирам по полови, и Анитите нема да ги штедам нит Гавинците од светот :D. За нивните приказни знам, него ако, може другиве читатели на темава не ги знаат, па убаво што пиша за нив барем ќе бидат информирани дека не се реметени пошто така ни текнало, туку дека има добро 'зошто' позади тоа. Нема да мерам на вага кој повеќе заслужува или не, ама ми е криво кога Гавин и слични се промовирани како гласот на разумот во дадени ситуации. Као слободни медиуми и ене го како пример RT или TYT ти се појавуваат или ти ги спомнува некој.

Да не биде дека серам само за Гавин и Мајло, што да речеме одбивни ми биле од почеток. Следам и еден друг тип, може го знаеш, може не - The Amazing Atheist, ама во последно време и он се распрде и стана дел од помијата од која се гадеше пред неколку години и веќе ретко кога гледам некое негово видео. Слична приказна и со Thunderf00t. Го разбирам нагонот, не ја разбирам обесијата.

Ме интересира еве, западот е скоро финиширан во однос на поголемиве проблеми со полова нееднаквост (некои мислат дека е све комплетно, али еве, нека не е). Што е со луѓево што студираат gender relations/issues, LGBT-поврзани активизам центрирани глупости. Утре да се реши и тој талог што останал како нус-појава, таа диплома треба слободно да ја фрли во ѓубре. Што ќе работи со тоа? Нема дискриминација или полови неправди/разлики, за што ќе им е? За украс по дома урамен? Пошто очигледно е дека абер немаат да се фокусираат на истите проблеми во странство, да речеме на исток, каде половите разлики се екстремни како и LGBT ситуцијата е за нигде, дека не е безбедно. Нема да смеат да изустат "rape culture" а да не ги каменува некој на лице место.

@Darling денешниот феминизам не е мажи против жени (или обратно), туку жени против жени (ако подлабоко се анализира). Тоа што повеќе мажи дискутираат на темава (и слични на неа) само покажува дека или жените кај нас к*р ги боли, или појма немаат. Ако ме прашаш како е можно да не се интересираат за нешто што ним би им донело "нешто плус", пак се враќаме на к*р ги боли. Округло, па на ќош работава :)
Добра обзервација, ама важи само од неодамна периодов. Темава ја пратам од самото зачленување само немав коментирано. Имаше доста жени ама периодично ги снемуваше, само овој испадна малку подолг "одмор" па само мажи грото дискутираат.

Има добри (но непознати) рушачи на новиов квази-феминизам (што се жени, интересно) и би биле многу подобри примери отколку Гавин и Мајло како гласови на разум и логика.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Најголемата експанзија, златното доба и најголемиот културен врв во Велика Британија е постигнат за време на владеењето на кралици.
Не ти е добар примерот со кралиците. На Викторија и умрел мажот и оваа се завила во црно и не излегувала од дворец. Едни двајца чичковци и ја вршеле работата. Чичко Дизраели особено.

- И џабе ако измеѓу сета таа помија од шоуменизација има пикнато валидни аргументи.
- И пошто едниве ги хејтам за истото, освен што немаат ни грам аргументација за тоа што го серат, исто ме прави и дебилов да се осеќам кога го гледам/слушам.
Џабе ако има аргументи, а? Аргументите паѓаат во вода ако излегуваат од уста на кретен, нели? Тоа е многу точно. Јас гледав една дебата така, меѓу еден шо веруваше у рамна земја и еден шо викаше дека не била рамна. Овој првиов, еден многу фин дечко, насмеан цело време, многу добра смисла за хумор имаше, зрачеше некоја хемија меѓу него, микрофонот и камерата. Овој другиов, шо да ти расправам, темерут стар белокос орел, еден рапав глас имаше, озбилен цело време...многу антипатичен лик. Едниов објаснува за атмосферска бара, овој го прекинува, глупости биле тоа, срамота било. Си викам остај го да се доискаже човекот, бе, дртало едно старо.
На крај кога заврши тоа, да ти кажам право у недоумица бев. Дотогаш мислев дека не е рамна земјата, ама овој стариов толку ми беше антипатичен со неговите "аргументи", па почнувам да се сомневам. Зошто па да не е рамна? Шо има толку страшно во тоа?

Затоа и реков, треба подобар репрезент како глас на разумот од овие пар дибидукуси. Некој способен да го искомуницира тоа што сака да го каже на интелигентен, ненавредлив начин, и со поголема доза сериозност.
Сам си имаш на ова одговорено.
Има добри (но непознати) рушачи на новиов квази-феминизам (што се жени, интересно) и би биле многу подобри примери отколку Гавин и Мајло како гласови на разум и логика.
Зошто се непознати, Шкорпи? Оти се жени? Тоа ли пробуваш да го наметнеш во загради? Демек многу се добри, паметни и се тоа, ама жени се и не ги прифаќа патријархијата? :D

Ја мислам дека се непознати оти не го пронашле рецептот. Не знаеле како да привлечат публика. Гевин знаел. Мајло знаел. Тие двајца се релевантни, другиве не се. Тоа е тоа.

Не треба да и се честита, ништо не заслужила за тоа. Али има приказна која е интересна за настанов. Типкава наводно била викната за нешто сосем друго да разговара, за овој да и смени шема и да ја фати неподготвена (всушност, подготвена за друга тема). И тоа типов ја вика демек за дискусија, разговор, не дебата. И што се случува, он доаѓа подготвен и спремен, она ко газела у лавовско ловиште. И колку и да ја хејтам (сум читал нејзини бљувотини), не можам а да не го хејтам и дибеков. И мене некој да ми најави дека сака да ме викне на емисија да дискутираме за климатските промени, а таму на лице место работава да се претвори во дебата, и тоа за ... пример, радикалниов ислам (пошо негде читал дека серам за тоа и сака дебата, нефер дебата), нормално дека ќе бидам како да сум паднал од Марс, и ќе звучам неподготвено. Дури и да знам доста и за двете теми, ми треба време да соберам референтен материјал, графикони, статистики, трудови можеби итн. - Ретко кога луѓе идат неспремни на дебати, непишано правило е сегде да идеш подготвен. Не дека ја бранам, убаво беше рендањето, ама апла неферски изведено, да не речам педерски :D. Така да тука нема простор да се велича човеков и тоа како и го турил со дебатава или да се претстави како било каков win factor. Една причина плус меѓу многуте зошто ме нервира и го мразам.
Кога оди Тајсон (астрофизичарот) да гостува по емисии, препрочитува ли материјал да види да не го заборавил третиот њутнов закон? :D
Tи ако отидеш на дебата за ислам(не постои радикален ислам), а за тоа имаш пишувано со години наназад, нема да бидеш како паднат од Марс. Напротив. Сите што ја застапувале страната "islam is a religion of peace", за тебе во таква дебата ќе бидат паднати од Марс, макар дошле со енциклопедии. Бранат нешто неодбранливо. Истото важи и за феминистите. Истото важи и за оваа. Затоа феминистите бегаат од дебати, а се правдаат со етикети. Оваа седнала и била столчена, без да крева паника, без да се расфрла со етикети, без да го прекине интервјуто, фрли микрофонот и избега да плаче на некој блог. Издржа го крај. Машки!

не дискриминирам по полови, и Анитите нема да ги штедам нит Гавинците од светот
Така треба, затоа шо прашањето е од полова природа. Не е дека еднава е тешко апашиште и е наградена за тоа што глумела жртва, а другиов затоа што имал свој став, спротивен на "анитите" е избркан од најмалку две лукративни позиции(меѓу кои и како основач на VIce Media) и има изгубено милиони.
Битно е да се акцентира дека не се прави разлика меѓу половите во конкретната ситуација за да се задоволи внатрешниот немир? Има внатрешен немир, нели? Компасот ти вика дека едните те прифаќаат, ама подалеку од нив, а другите те прифаќаат во целост, се додека твоите ставови се комплементарни на нивното лудило, па пробуваш да балансираш. Кај што се аргументите, наметнуваш вкус и естетика како некој битен критериум, а кај што е лудилото инсистираш на полова рамноправност во омразата кон лудилото кај едните и според тебе естетски... неприфатливите...манифестации кај другите. :D
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.555
Поени од реакции
29.003
@Darling денешниот феминизам не е мажи против жени (или обратно), туку жени против жени (ако подлабоко се анализира). Тоа што повеќе мажи дискутираат на темава (и слични на неа) само покажува дека или жените кај нас к*р ги боли, или појма немаат. Ако ме прашаш како е можно да не се интересираат за нешто што ним би им донело "нешто плус", пак се враќаме на к*р ги боли. Округло, па на ќош работава :)
Бидејќи имаат побитни работи, како барање работа со која ќе се прехранат, студирање или оформување семејство, и не изигравање жртва.
Во западните земји, функционира тој џокер, бидејќи се претежно либерални општества што мора да им угодат на сите.
Јас како женско, свесна сум дека овде ако не си ја свиткаш кичмата за работа нема да добиеш ништо. Не е важно дали си маж или жена. Феминизмот нема да ми стави леб на маса, работата ќе стави.
@Шкорпион @Raziel девојкава е прилично позната(ко за јутуб)... често има и комични скечеви, како и апсурдноста на цела ситуација.
 
Последно уредено:

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Феминистки, гледајте и учете.

[DOUBLEPOST=1461443145][/DOUBLEPOST]Феминистки, гледајте и учете.

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Можеби најголемата иронија на третиот бран е бришење на традиционалните родови улоги, оти нели, сите патиме, за на крај истите кои се борат против улогите, да инсистираат машките да си ги спроведуваат своите, додека за женските се промовира слобода на избор без последици.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.855
Поени од реакции
14.255
Ја сум уморна од ова мажите против жени.
Различни хормони влијаат на различни акции. И тоа е сосема во ред. Зошто мора некој да си го храни егото со мисли како мажите измислија се?
Некој пушти видео како жените биле лоши лиедри. Само затоа што денес либералноста е во подем, не значи дека жените се лоши лидери, туку дека има нешто погрешно во либералната идеологија. Оланд остави 150 жртви во една вечер и наеднаш тој е добар лидер? Ма не мора да е Оланд, земете го Груевски ете он е мачо алфа муж и ви личи на добар лидер? Најголемата експанзија, златното доба и најголемиот културен врв во Велика Британија е постигнат за време на владеењето на кралици.
Мажите се подобри во некои сфери, жените се подобри во други сфери. Има лоши и има добри примери во двете страни. И сите примери се драгоцени и за почит.
Во западниот свет мажите и жените се еднакви, и срамота е некој да изиграва дека е жртва само ради полот.
Не дека нема добри лидери жени или пак лоши лидери мажи, но во просек земено мажите се подобри лидери и имаат поголема амбиција да станат лидери.
Убаво си кажа, мажите се подобри во едни сфери, а жените во други. Еднакви сме, ама не сме исти. Различни интереси и цели имаме.
Еве на западот жените т.е феминистките имаат голем удел во реформирањето на општеството и дискриминирање на белиот просечен маж. Ти се свиѓа ли како се одвива ситуацијата кај нив? Се накотија луѓе без морал, достоинство и почит.
Онаа ороспијата Амбер Роуз прави slutwalk и кога некој ги критикува одма играат на картата сексизам и расизам.
Се прават јаки и издржливи, а се навредуваат за се и сешто. Има и група активисти кои што сакаат да го укинат зборот ''bossy'' пошто емоционално се потресени од тој збор.
Кажи ми како може некој да биде лидер ако се потресува поради едно зборче?
Само да си повторам јас за секој случај, не се сите жени такви и не потпаѓаат лесно под притисок, но поголемиот дел одговараат на стереотипите.

Иначе што мислиш за ситуацијата во нашево поднебје, угнетена ли е жената, дискриминирана ли си ти од нешто ?

@Шкорпион

Шкорпи пер, мислев дека го поминавме муабетов за тоа дали се циркузанти и колку се кредибилни. Дај да ги дискутираме нивните ставови, мислења, аргументи ова она кур се тресе у ладна вода. Не се вади сега на карта какви се Мајло и компанија, кажи ми што од тоа што они го пропагираат не е вистина. Еве и Дарлинг даде убав пример со девојкава од YT Shoe0onHead. Тука би ја спомнал и Лорен Саутерн. Сите овие ликови даваат многу убави ставови и аргументи во врска со денешниве butthurt libtards.
 
Апсолутно се согласувам. Ами па со она manspreading? Не знам дали за пола работи се сериозни.
Што се однесува до наше поднебје, искрено, имам почувствувано дискриминација, но да напоменам, само од жени. Оние работи како женско си, мора да чистиш, переш, пеглаш. Само мајки и баби ми имаат зборувано за тоа. Никој друг.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.828
Поени од реакции
24.908
Што се однесува до наше поднебје, искрено, имам почувствувано дискриминација, но да напоменам, само од жени. Оние работи како женско си, мора да чистиш, переш, пеглаш. Само мајки и баби ми имаат зборувано за тоа. Никој друг.

Јас и од мажи. Многу! Дури и некои работи ги имав така добро „соџвакано“ и ги сметав за нормални се додека не му ги раскажав на странец и човекот ме гледаше со подигната веѓа. Можеби патријархатот умира во Македонија, но сексизмот е уште присутен.

За последниот дел и не би се согласил во целост. Точно дека патријархатот имал прилично голема улога ама до `70-тите години на минатиот век би рекол(западот). Реално имаме различни интереси и цели во животот. Тука исто имаат важна улога тестостеронот и естрогенот. Според мене нема ништо лошо во тоа некои работи да се карактеризираат како машки, а некои како женски.
Поголемиот дел од жените не пратат спорт бидејќи не ги интересира просто кажано. Не ги интересира мерење курови и не им е јасна целата таа збрка околу доминација и владеење. Природа е тоа, а во последно време сакаат да ја изменат.

И јас немам проблем со карактеризирање „машки“ и „женски“, освен ако некој не сака да има пол. Нивна работа. Кој што сака нека прави и да не се ограничува работата на „машка“ и „женска“ затоа што на тој начин се осакатуваат желбите и способноста кај луѓето.

Погоре се спомнаа кралици, ѕирнете ја оваа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.855
Поени од реакции
14.255
Апсолутно се согласувам. Ами па со она manspreading? Не знам дали за пола работи се сериозни.
Што се однесува до наше поднебје, искрено, имам почувствувано дискриминација, но да напоменам, само од жени. Оние работи како женско си, мора да чистиш, переш, пеглаш. Само мајки и баби ми имаат зборувано за тоа. Никој друг.
Дефинитивно не се токму со паметот, треба некој да ги пушти на блискиот исток па да видат уствари колку се они привелигирани во западното цивилизирано општество, ако воопшто се вратат живи од таму доколку ги прават нивните секојдневни ''либерални'' работи.
Сериозни се и тоа е страшното. Со manspreading демек машките покажувале доминација и окупирале простор и они се угнетени ради тоа :facepalm:
Нека идат они да седат со згмечени мадиња кога ќе вкрстат нозе.

Напишав пред некој период во врска со тоа и баш на тоа удрив акцент дека кај нас жените самите се потчинуваат и се омаложуваат. Се додека постариве генерации имаат влијание и тоа турските серии ќе има такви мислења. Јас нејќам бе женско да ми пере нозе и да ми биде слуга на што личи тоа, ако ти немаш самопочит не очекувај од мене почит. Ама не можам да кажам дека и поголемиот дел од машките кај нас немаат такво мислење како тие бабите што ги опиша. Тешко се мења менталитет.
Еве братучетка моја работеше во Италија и Германија плус ја прошета цела Европа, слободна, авантуристка е си ужива во животот, а има 24-5 години. Баба ми ја смета како стара мома и се упропастило девојчето...шта речи.

И јас немам проблем со карактеризирање „машки“ и „женски“, освен ако некој не сака да има пол. Нивна работа. Кој што сака нека прави и да не се ограничува работата на „машка“ и „женска“ затоа што на тој начин се осакатуваат желбите и способноста кај луѓето.

Погоре се спомнаа кралици, ѕирнете ја оваа.
Ова исто ме нервира, постојат два пола машки и женски, а не што ти ја знам таму. Ти како сакаш чувствувај и облекувај се ама се уште си машко или женско. Јак стап ако има цицки кога доле има пенис. Па уште и овие што се трансџендери смеат да одат во женско WC, би ти било пријатно тебе некој таков да ти влезе во женско вц? Од кај знаеш дека не е некој манијак што само се преправил дека е транс. Значи немам ништо против нив како сака нека се облака ама нека не ја менуваат природата, два пола има само. Транс со кур е тој, а не таа мe боли таквото како се чувствува. Ако се осеќам ко куче, значи треба да ме третираат како куче? Има и такви болесници, една се осеќа дека е мачка, а има еден што се осеќа дека е 6 годишно девојче и има 40+ години...

Иначе ќе се согласиш дека скоро и да нема жена што би работела како рудар, градежник или пак да се пика во канализација? На модерниве феминистки им смета што се каракеризираат овие работи како ''машки''и ги угнетувало. Па што не фатат копачот у рака и нека докажат дека можат и они да го работат тоа. Се додека нема тешка физичка работа, вивa ла феминизам :D
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Шкорпион

Шкорпи пер, мислев дека го поминавме муабетов за тоа дали се циркузанти и колку се кредибилни. Дај да ги дискутираме нивните ставови, мислења, аргументи ова она кур се тресе у ладна вода. Не се вади сега на карта какви се Мајло и компанија, кажи ми што од тоа што они го пропагираат не е вистина. Еве и Дарлинг даде убав пример со девојкава од YT Shoe0onHead. Тука би ја спомнал и Лорен Саутерн. Сите овие ликови даваат многу убави ставови и аргументи во врска со денешниве butthurt libtards.
Важи, ќе ги дискутираме нивниве ставови. Само во друга прилика, не сакам да трошам моментално време фаќајќи белешки што рекол Мајло или Гавин. Еве едно видео на кое налетав неодамна а ми се појави повторно вечерва. Типов си се нарекува жиголо, и сите други го викаат жиголо. Но дали е тоа? Според мене, жиголо било и ќе остане партнер стриктно за социјални ангажмани, како придружник на некоја дама, и релацијата е прилично социјално-зачинета. Ова што он го збори е во најмала рака проституирање. Негде се протнува зборот машки ескорт, али и двајцата знаеме дека тоа е фенси политички коректен термин за машка проститутка. Сигурен сум дека на ваков маж, не само во една Италија, него и во Македонија, ќе добие подеднаков третман и воодушевување, ако не и поголемо (because Enter: Local Mentality), а за жена ако е, навикнати сме и проститутка, ороспија, курва д аја наречеме и се гледа попреку за истото, и како на нешто долно. Нормално немам слични примери на куп собрано од цел свет, па да презентирам дека уште има некој талог од сексизам према жени кој треба да се искорени (но ете, би се согласиле дека нео-феминистичкиве движења, не класичние феминисти, воопшто не им дошло ова на радар, од што се пресафатени со rape culture, patriarchy и gender-enabling). Сметаш дека и едното и другото треба подеднакво да се омаложуваат/дигаат на пиедестал? Или треба да остане вака како е?

Еве го видеото иначе:

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Тоа е пошо си бот и не праиш разлика меѓу FUCKER и FUCKEE.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691

А како сакаш да се нарекува проститутката?Едноставно е ,скоро на сите мажи им пречи да бидат во врска или да имаат жена проститутка или курва,додека на жените воопшто не им пречи ако нивниот партнер претходно бил жиголо!Тоа не е некоја политичка корекност или не знам шо,едноставно е така. Колку и да сакаш некоја,ако истата ти кажит дека пред тебе имала секс уште со 100 души едноставно ќе ти стани одвратна.Зошто е тоа така не знам,едноставно тоа е природна реакција.И сега прогресивците сосила гои тераат мажите да прифатат нешто шо едноставно не им е прифатливо,значи неопрогресивното општество наметнува нешто неприфатливо за хетеромажите,а од друга страна прокламира слобода на избор! Кое лицемерие.
 
Во суштина само ми кажа дека си тешка шовинара која за една иста работа има двојни стандарди кога се работи за различниот пол. Фала на параграфот, не си морал толку исцрпно да ми објаснуваш. Томејтоус/Томатос работава.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Во суштина само ми кажа дека си тешка шовинара која за една иста работа има двојни стандарди кога се работи за различниот пол. Фала на параграфот, не си морал толку исцрпно да ми објаснуваш. Томејтоус/Томатос работава.
Кажи ми, исто е да ти дадам шипка у глава и да се удриш со глава во шипка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom