Но кој член конкретно од тој закон и на кој начин ги крати правата на жената, тоа те прашувам.
Значи за џабе потенцирав дека не сум заинтересирана за законските регулативи.
Како и да е, поставуваш прашање на кое одговор е една цела студија со која јас не се занимавам. Еве, нека ти биде... Покрај законот за прекинување на бременост и законот за
породилно отсуство, постои и законот за минимална плата, односно под минимална плата.
Закон за минимална плата во РМ
Член 14
Висината на минималната плата,
освен за одделите производство на облека и производтво на кожа и слични производи од кожа(каде претежно работат жени) за 2014 година, изнесува 8 800 денари во нето износ, а за 2015 година изнесува 9 590 денари во нето износ.
ти самата го посочи уредувањето како главна причина за сите маки на жената.
Не си ме разбрал, во цитатот кој ми го постави зборувам за дискриминација и опресија на двата пола, а главна причина за опресијата врз жените не е општественото уредување, туку размислувањето на луѓето воопшто.
ок ама ти збориш и се претставуваш како да си дел од тие организации. Во ред, дали во тој случај си запозната дали феминистичките друштва делуваат во школите, од најрана возраст, во домовите, на тв со постојани емисии, меѓу луѓето...и тн.Ако не, зошто не и зошто постојат затоа што се смета дека абортусот е најчеста контрацепција кај младите[DOUBLEPOST=1443785582][/DOUBLEPOST]Тие права и се дадени од државата, од бога, од природата...или самата смета дека ги има? А што со должностите, одговорноста во тој репродуктивен односно животен циклус?
Не сум се претставила никаде, а зборувам со таков жар затоа што ме иритира било каква неправда.
Да, феминистичките движења делуваат во школите, во домовите, на телевизија, меѓу луѓето... За ефикасноста на делувањето е дискутабилно, затоа што не можеш сосила да го еманципираш народот, народот треба сам да се еманципира. Тоа е исто како јас да те прашам сега зошто постојат фанатици кои се партиски обоени, и покрај фактот дека се делува и против оваа појава.
Токму на тоа и се работи кога е во прашање абортусот, одговорноста во секој поглед. Но и покрај ова, несакана бременост настанува дури и кога се користи заштита.
@Agda Beata погрешен виновник посочуваш. Не се мажите проблемот, туку самите жени (генерално гледано). Нема што мажите или државата или некој друг да ви дава некакви права. Барем во МК, секаде пишува: граѓаните, лицето, странката... Не пишува мажите, жените. Државата не ти крати права преку закони. Се фати за абортус. Може ќе изгледа безобразно, ама жената природно Е машина за раѓање. Не е на норма, па да мора да роди 5-10-20 деца, ама ај да ја погледнеме другата страна. Жената одлучува (или треба/мора само таа) дали ќе роди или не. Ако одиме по оваа логика, за бременост се потребни двајца, дали директно или (жена и сперма) индиректно. Заеби логика: Мое е телото јас кажувам! На една држава, па и на планетава, ѝ се потребни млади луѓе. Од кој сакаш аспект ќе го разгледуваме ова. Најважен е продолжување на видот. Што ќе се случи, сите жени на светов да речат: Не раѓаме!. Кој се родил, се родил и за некое време човекот ќе исчезне како вид, нели? Екстремно, ама изводливо. Плус, ќе наидат на огромен отпор сите феминистички организации по ова прашање од ЖЕНИ КОИ САКААТ, НО НЕ МОЖАТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ по разни основи. Како ќе и објасниш на таква жена дека телото е нејзино и може да изводи, кога таа не може да роди дури и да сака? Ова знаеш како му доаѓа... Роди се, заврши со образование (неважен е степенот), омажи се, роди дете/деца, разведи се и удри бригу на весеље. Ти текнува? Природно е маж и жена да создаваат потомство. Се друго е правење курац и пол и вртење на главата на друга страна. За крај, во МК жената не е со скратени права, навредувана, понижувана или како сакаш кажи го колку што некои сакаат да прикажат дека е.
"I never expect men to give us liberty. No, women, we are not worth it until we take it."
- Voltairine de Cleyre
Ме интересира, да ве прашам нешо сите шо дискутирате на темава.
Дали мислите дека тоа што е социјално неприфатливо да шљакнеш жена, го прави светот по мирен?
Јас мислам дека треба да се стремиме кон тоа никој никого да не шљака и реално никој нема право да шљака некого. Ама кога веќе има шљакање, нека биде барем поради добра причина.