Феминизам!

Т

Триптико

Гостин
@Lurtz на иста страна сме, ама ај да те прашам нешто :) Агда друго сака да каже, а јас ќе те прашам тебе и сите останати за мислење. Зошто мажи "смеат" да шетаат само по шорц во лето, а жени НЕ? Намерно има наводници. Знам дека е неважно прашањево, ама, еве и тоа е некакво право, да речеме. Мажите немаат проблем да гледаат топлес жени по улица, НО во исто време немаат проблем (дури и намерно) да дофрлаат, свиркаат, етикетираат и сл жени кои ќе се дрзнат да бидат исто со мажите по ова прашање. Го пишувам ова, затоа што пред некоја мин кај мене си се прошетаа 4ца, по шорц, сандали, без маици. Мислиш од копање се враќаат :)
Сакам и жените да смеат такви да прошетаат по улица, до продавница и сл. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
@LurtzЗошто мажи "смеат" да шетаат само по шорц во лето, а жени НЕ? Намерно има наводници. Знам дека е неважно прашањево, ама, еве и тоа е некакво право, да речеме. Мажите немаат проблем да гледаат топлес жени по улица, НО во исто време немаат проблем (дури и намерно) да дофрлаат, свиркаат, етикетираат и сл жени кои ќе се дрзнат да бидат исто со мажите по ова прашање. Го пишувам ова, затоа што пред некоја мин кај мене си се прошетаа 4ца, по шорц, сандали, без маици. Мислиш од копање се враќаат :)
Сакам и жените да смеат такви да прошетаат по улица, до продавница и сл. :D
мојата околина не е некој репер за носење шорцеви за понежниот пол (затоа и сум толку против тие племиња од Африка и Азија). Зошто точно свиркање не ми е јасно, но никој не им брани и на жените некому да дофрлат. И тие дофрлаат ама за тоа главно им треба и количество алкохол. За облекувањето и воопшто однесувањето генерално имам свое размислување кое можда е неточно, може е застарено. Колку и да негираме ние сме дел од природата и дел од образецот. Како мачорот добива тура секс со мачка или лав со лавица, што и да е. Отприлика мажот нуди, женката бира. Инаку на понуда се и материјални нешта...за после да се чуди зошто со неа живеел психопат. Ова во глобала инаку може многу да се пишува.
А она за шорцеви, и јас чекам нашите феминистки да преземат нешто поконкретно, нели во чекор со светот :) вака
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/northamerica/usa/11819786/Topless-women-parade-through-New-York-in-protest.html
http://www.google.mk/imgres?imgurl=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/cf/Topless_young_women_near_parade_San_Francisco_2007.jpg&imgrefurl=https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Topless_young_women_near_parade_San_Francisco_2007.jpg&h=768&w=958&tbnid=P-NbMyx4W58SNM:&docid=2Afi4iwXNUcitM&ei=je3eVfP0J6OJygOJmbewAg&tbm=isch&ved=0CBsQMygBMAFqFQoTCLPvmuKNyccCFaOEcgodicwNJg&biw=1280&bih=881
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
сеуште не ми е јасно каде тоа и како жените се обесправени. На страна тоа кој пере/пегла, ќе забегаме во други муабети.
човек сам си го бира партнерот од обете страни. Никој не го присилува да земе психопат. Посебно во поново време кога партнерот се бира и со него се живее прилично долго пред брак. Доколку и се покаже подоцна погрешна проценка во крајности, секогаш постои можност за развод.
јас не сметам ништо, тоа го пресметала природата. Ние сме дел од неа, а ако ти пречи, сакаш вештачки да го негираш и анулираш сето тоа што го пишав во заграда, ок. Можеби по половина милион години еволуција.
не знам % за Македонија. Ако имаш извор повели. Инаку текстот беше и за САД.
Во Македонија ли? Патријархат, силувања, семејно насилство, сега некои нови предлози за закони според кои жената е третирана како машина за деца без право на избор за абортус... Од прилика.

Љубовта е слепа, некои не гледаат со каков насилник се, или гледаат и мислат дека, ете, така треба, небитно... Тука зборуваме за феминизмот и неговата улога во општеството. Ти сметаш дека нема потреба од него, затоа што во твоето опкружување постојат рамноправни парови и еманципирани жени, јас ти викам дека насилството према жените е уште една причина поради која феминизмот, за жал, сеуште е потребен. Проблемот не се решава ако девојките пазат кој го бираат за партнер, проблемот ќе се реши ако се намали брројот на таквите насилници кои ја сметаат и третираат жената како инфериорна.

Што пресметала природата? Дека ти би требало да имаш повеќе права од мене затоа што си маж? За права и еднаквост во општеството зборуваме, не за тоа кој е физички поразвиен.
Не е битен процентот, пак ќе нагласам, дискутираме за потребата на феминизмот денес.

Не знам како се пронајде компетентна и паметна да судиш за туѓите претстави, а немаш ни блага претстава за сознанијата и размислувањата на соговорникот, па уште си дозволуваш да квалификуваш дека некој живее во камена доба.
Еднаквите права, слободата на говор и право на донесување одлуки не ги прават и не можат да ги направат мажите и жените еднакви, ниту пак мажите и мажите еднакви. Секоја индивидуа е различна и има различни особини и перформанси и во услови на еднакви права, услови и ресурси ќе постигнат различни резултати за одредени работи. Кај мажите и жените постојат дополнителни физички и психички разлики поради кои дополнително за различни работи постигнуваат различни успеси и резултати. И тоа не е само кај луѓето туку кај сите животни во природата. Едноставно, факт е дека женките и мажјаците се разликуваат. Луѓето само пробале тие разлики дали ги минимизираат, но до сега не успеале и не верувам дека ќе успеат да ги неутрализираат. Кога тоа би се случило луѓето ќе станат хермафродити, т.е. нема да постојат мажи и жени туку само едно–полови суштства.
Не го мислев тоа конктретно за тебе, туку за сите ликови кои мислат дека жената е нивна сопственост која можат да ја удрат по глава со стап и за коса да ја одвлечкаат во пештера. Јас се извинувам ако ти си се пронашол во ова и си се навредил.

Пишав погоре за каква рамноправност зборуваме. Ти сметаш дека тоа не е опција, или?
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.582
Се знае жена за што е да чисти да готви,да цепи дрва, да ми ги измие нозете кога ке си дојдам од кафана или риболов, да ми го спреми кревет, да ги гледа децата да плаќа сметки за комуналии...

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Не го мислев тоа конктретно за тебе, туку за сите ликови кои мислат дека жената е нивна сопственост која можат да ја удрат по глава со стап и за коса да ја одвлечкаат во пештера. Јас се извинувам ако ти си се пронашол во ова и си се навредил.
Затоа што дел од твојот одговор беше пишан под цитирано мое мислење сватив дека тој дел од твојот одговор се однесува конкретно на мене. Во тоа што ти го имаш напишано ниту се пронаоѓам, ниту можам да се пронајдам затоа што тоа што си го пишала мене ми нема никаква логика, ниту пак е во корелација со сето она кое го имам прочитано од психологија за луѓето и нивната врска.
Во твојот пост не гледам конструктивност и супстанца за некаква дискусија туку само желба да се расправаш и да навредуваш некој кој не го ни познаваш...Ама очигледно не ти оди баш најдобро, поготово кога неуспехот ти доаѓа од расправиите со 5 члена кои ги имаш започнато на темава. (мојот пост кој ти го цитираше беше напишан на дурга тема, па таа тема беше додадена на оваа. Сметам дека се погрешно споени, па ти ме најде по пат во твојата борба во име на не знам чии права).
Па чисто пријателски, за да успееш да навредиш некого треба да ја погодиш вистината која го боли. Не е доволно само да кажеш некоја квалификација и по некој погрден зборо како што тоа индиректно во завиена форма си го направила во постот во кој ми се обраќаш првично и повторно го правиш во делот од твојот одговор после цитираниот мој пост(до сите ликови кои мислат дека жената..бла бла...). На пример ако на дебелиот да му кажеш дека е дебел најверојатно ќе го навредиш, затоа што ќе го потенцираш тој негов личен недостаток како најниско ниво на комуникација. Ама на некој кој е згоден ако му кажеш дека е дебел може само да ти се изнасмее на глупавоста или евентуално од сожалување да не ти се изнасмее...

Пишав погоре за каква рамноправност зборуваме. Ти сметаш дека тоа не е опција, или?
Сметам дека пристапот ти е тотално погрешен ако сакаш да прочиташ мое мислење. Од старт имаш донесено заклучок дека моето размислување е погрешно и дека јас живеам во камена доба. Апсурдно е потоа да ме прашуваш што мислам, ниту пак заслужуваш некаков одговор. Но бидејќи форумов е од јавен карактер и го читаат и други, а не само ти, ја добиваш таа привилегија да ти одговорам и покрај тоа што сметам дека не си ни приближно на мое ниво за да можеш да ме разбереш, особено не на интелектуално, емоционално и едукативно.
 
Не ми е цел да навредувам, туку да изнесам став. Ако сметаш дека јас не заслужувам одоговор, во ред, повели почести ги другите со твое мислење и дискусија конкретно за темава, не за тоа што мислиш за мене.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Самата се дискриминираш и се ставаш во подредена позиција, а потоа од таа подредена позиција бараш да бидеш еднаква со надредените, што е невозможно и нелогично.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.106
Самата се дискриминираш и се ставаш во подредена позиција, а потоа од таа подредена позиција бараш да бидеш еднаква со надредените, што е невозможно и нелогично.
Не сфаќам, образложи. На кој начин се дискриминирам и кои се надредените?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Не сфаќам, образложи. На кој начин се дискриминирам и кои се надредените?
Немам обврска да ти објаснувам, но со самото тоа што тебе не ти е јасно, а мене ми е, ти си подредена, а јас надреден.
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Немам обврска да ти објаснувам, но со самото тоа што тебе не ти е јасно, а мене ми е, ти си подредена, а јас надреден.
^ Повеќе ми изгледа како да сакаш да излезеш "победник" у дискусијава отколку да кажеш нешто што држи вода.
 
Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
@mackica92

Неможам да излезам победник во дискусија во која соговорникот уште пред да ги чуе моето размислување и став донел заклучок дека дека сум прост и ограничен и дека погрешно размислувам.

Што се однесува до кажувањето нешто кое држи вода, ти фали водата. Освен што си фатила кусур на мојот пост(ова ваљда нешо ко освета затоа што ти имам реплицирано на некоја друга тема) ништо конструктивно поврзано со темата не си кажала.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Но бидејќи форумов е од јавен карактер и го читаат и други, а не само ти, ја добиваш таа привилегија да ти одговорам и покрај тоа што сметам дека не си ни приближно на мое ниво за да можеш да ме разбереш, особено не на интелектуално, емоционално и едукативно.
Somebody give this chauvinist a medal! He's crying for one.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Како прво треба да се направи разлика што е тоа машко и што е тоа женско, што се криви повеќето машки што имаат машки размислувања, епа нормално е едно машко да има машки размислувања неможе само поради нечии туѓи желби со сила да се прави женско и да има женски размислувања кога не припаѓа на тој пол. Колку и да се модерни времињата, колку и технологијата, електрониката, медицината, науката, човековите права да се усовршени половите си се полови и основните природни инстинкти и размислувања својствени за половите неможат да бидат променети. Нормално е уште како мали деца машките да се облекуваат на машки начин, да си играат со колички и со пиштолчиња исто како што е нормално малите девојчиња да се облекуваат на женски начин и да си играат со кукли и сл. и тоа што машките имаат далеку поголем сексуален нагон и далеку поголема потреба и желба за секс за разлика од женскиот пол што се виновни за тоа мажите кога природата таква ги скроила, нормално е едно хетеро-сексуално машко да го интересираат и привлекуваат жени и тука не гледам никакво варварство, варварство е силувањето на пр. но тука не говориме за такви грозни и насилни работи !
Што се однесува до Македонскиот маж мислам дека не само што нема никакви допирни точки со поимот варварин туку повеќето Македонски мажи мислам дека се и премногу меки ... но не е поентата во тоа дали да се биде мек или строг туку треба да се гледа реално на нештата, денеска е модерно време живот на копче каде тоа мажите сеуште ги тераат жените да копаат бавчи, да перат на раце, да чистат по штали мислам ало каде живеете, па цела популација ни живее по урбани средини а и тие кои ги населуваат руралните подрачја постепено се откажуваат од земјоделството и сточарството, денеска како резултат на технолошките и електронски придобивки животот е олеснет и домашните обврски во повеќето домови се поделени а во многу случаи дури и мажите знаат многу подобро да излезат на крај со домашните обврски на пр. чистење, готвење и сл.
Што се однесува до раѓањето на деца, да нормално дека жените се тие кои раѓаат деца ама сега времињата не се како порано кога луѓето доста млади стапувале во брак и жените биле приморани поради тогашните сфаќања и тогашниот начин на живот да раѓаат по цели фудбалски екипи, денеска ниту машките ниту пак женските сакаат да влегуваат прерано во брак туку тоа го прават нешто подоцна, границите за влегување во брак се поместени нагоре, семејството се планира, постои контрацепција, се оди кон помало и покомпактно семејство и.т.н. каде тоа и кој тоа ја третирал жената како фабрика за деца тоа е така да но кај Муслиманите а не кај нас !
Што се однесува до финансиите денеска и машките и женските се образоваат и работат и на тој начин финансиската зависност на жената од мажот е замината во Историјата, нормално самите брачни партнери мора самите да си се договорат дали финансиите ќе им бидат заеднички или пак секој посебно ќе си ги чува своите финансиски средства !
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Consider the following:

1) Артиклот е стриктно субјективен, не можам нешто пишано од субјективна природа да го толкувам како факт;

2) Артикот вади аргумент на база на Реалити ТВ шоуа, како Survivor. Реалити не значи реално, ако си работел како дел од екипата на такво шоу, ќе знаеш не само за ова, него и за деталите;

3) Феминист не се станува, нити поништува, така лесно со гледање на една епизода од Survivor или Big Brother;

4) Феминизам не е поделба на мажи и на жени во посебни региони, па самово сценарио да држи тежина;

5) Феминизам =/= Матријархат;

6) Не можам да земам за сериозно некој кој се потпишува Dr. Caveman (Да беше Captain Caveman друга прикаска);

Ме шокира фактот дека и после 37 страни поголемиот дел од вас уште не знаат што е феминизам и зошто воопштп се случил. Ако мажите го воделе светот низ историјата, некогаш се прашувам како сме ја преживеале Ледената Доба ако вака тешко ви оди сфаќањето на некои работи за повеќето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom