Како прво треба да се направи разлика што е тоа машко и што е тоа женско, што се криви повеќето машки што имаат машки размислувања, епа нормално е едно машко да има машки размислувања неможе само поради нечии туѓи желби со сила да се прави женско и да има женски размислувања кога не припаѓа на тој пол. Колку и да се модерни времињата, колку и технологијата, електрониката, медицината, науката, човековите права да се усовршени половите си се полови и основните природни инстинкти и размислувања својствени за половите неможат да бидат променети. Нормално е уште како мали деца машките да се облекуваат на машки начин, да си играат со колички и со пиштолчиња исто како што е нормално малите девојчиња да се облекуваат на женски начин и да си играат со кукли и сл. и тоа што машките имаат далеку поголем сексуален нагон и далеку поголема потреба и желба за секс за разлика од женскиот пол што се виновни за тоа мажите кога природата таква ги скроила, нормално е едно хетеро-сексуално машко да го интересираат и привлекуваат жени и тука не гледам никакво варварство, варварство е силувањето на пр. но тука не говориме за такви грозни и насилни работи !
Што се однесува до Македонскиот маж мислам дека не само што нема никакви допирни точки со поимот варварин туку повеќето Македонски мажи мислам дека се и премногу меки ... но не е поентата во тоа дали да се биде мек или строг туку треба да се гледа реално на нештата, денеска е модерно време живот на копче каде тоа мажите сеуште ги тераат жените да копаат бавчи, да перат на раце, да чистат по штали мислам ало каде живеете, па цела популација ни живее по урбани средини а и тие кои ги населуваат руралните подрачја постепено се откажуваат од земјоделството и сточарството, денеска како резултат на технолошките и електронски придобивки животот е олеснет и домашните обврски во повеќето домови се поделени а во многу случаи дури и мажите знаат многу подобро да излезат на крај со домашните обврски на пр. чистење, готвење и сл.
Што се однесува до раѓањето на деца, да нормално дека жените се тие кои раѓаат деца ама сега времињата не се како порано кога луѓето доста млади стапувале во брак и жените биле приморани поради тогашните сфаќања и тогашниот начин на живот да раѓаат по цели фудбалски екипи, денеска ниту машките ниту пак женските сакаат да влегуваат прерано во брак туку тоа го прават нешто подоцна, границите за влегување во брак се поместени нагоре, семејството се планира, постои контрацепција, се оди кон помало и покомпактно семејство и.т.н. каде тоа и кој тоа ја третирал жената како фабрика за деца тоа е така да но кај Муслиманите а не кај нас !
Што се однесува до финансиите денеска и машките и женските се образоваат и работат и на тој начин финансиската зависност на жената од мажот е замината во Историјата, нормално самите брачни партнери мора самите да си се договорат дали финансиите ќе им бидат заеднички или пак секој посебно ќе си ги чува своите финансиски средства !