Еве го моето размислување за ситуацијава со млекариве преточено во пост
објавен кај мене на блог.
Море чудни млекари...
Јас од вчера ко сум почнал да се чудам, еве денес цел ден се чудам и сеуште не сум се изначудил...
Шо било ова од млекариве да протестираат пред македонскава влада, па и пред Свидмилк... Се знае кој е крив за настанатава ситуација... Сами си се криви!
Кој ги тераше да склучуваат договори и да му продаваат млеко на Свидмилк? Да не им стави некој нож под грло па да мораа?
Ај пак што се бунат кај Свидмилк па уште и кај владава... алооооуууу бееееее, што ви е крива владата... ова не ви чини, владата, она не ви чини пак владата, за се владата ви е крива... еееееееее вишеееееееее, што народ ќе бевте...
Што има владата да ви решава ваши приватни спорови... имате таму судови, тужете.
Ај да речеме, премиеров да појдеше на отворањето на фабриката, да ја прогласеше за капитална инвестиција и да им гарантираше добра зделка на млекариве, па сега да му бараа одговорност, вака шо.
Мислам, стварно нема смисла, човекот ако пресекол една црвена лента сега треба да ви ги решава проблемите...
Па после кривични... море не кривични, пендреци треба, или шо пендреци, има таму гумени куршуми, солзавци, бомби... па удри на млекарите, тие се нашле паметни па ќе ја кочат преродбата... сТрамота...
За крај ќе искористам цитат од еден форумџија...
Свед милк е приватна компанија, а сточарите парите може слободно да одат и да си ги барат во Шведска или евентуално во седиштето на новата фирма Феникс Енерџи.
Што им кошта да седнат во авион и да скокнат до Америка или Израел, и таму да си ги барат парите од новите сопственици, па ако сакаат и три месеца нека им штрајкуваат пред нивните влади.
Срамота е ова што се прави тука.
Ние сме демократска држава бе и не може кој како ќе му текне бунтови да прави пред влада.
Запнале Груевски па Груевски.
И тоа пази, за некоја ситна пара од десетина/петнаесет илјади евра по строчар....ееееј.