Во предсезоната сега сме со скор 3-2 после синоќешната победа на Хоукс, 85-84, со тројката на Батлер на 1.5 секунди до крајот. Имено Батлер имаше 29 поени, а во претходните 4 натпревари, 16 во просек. Мислам дека ова е ќе биде неговата брејкаут сезона, зачинета со поголеми бројки, а не само со одличната дефанзивна игра.
Инаку Роуз игра по 20тина минути, и сеуште ја има истата експлозивност, со таа забелешка, што мислам дека сега повеќе форсира шут за 3. Како и да е сега засега од него неможеме да очекуваме просек од 30 поени по натпревар, но очигледно е дека се движи во права насока, и дека после 20тина натпревар (прво да е здрав нормално), можеме пак од него да очекуваме суперстар партии.
Друго што го забележав е дека заради неверојатните пас способности на Ноа, многу напади во кои и тој и Роуз ќе бидат на паркет, топката ќе биде кај Ноа, а Роуз ќе се движи без топка.