Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување
H

Harry Callahan

Гостин
Истиве играчи се и официјално потпишани од Булс и ќе се борат за место во тимот на престојните тренинзи.
Денг изјавил дека не сакал да биде груб во односи со прашањето за продолжување на договорот, и дека повеќе би се фокусирал на престојната сезона. Гар разговарал со него пред една недела и вели дека работите ќе завршат позитивно за двете страни.
Исто сите играчи потврдија дека се 100% фит за престојната сезона.
Rose after first practice: 'I feel [like I'm] back'(y)
Под ова дека работите ќе завршат позитивно за двете страни дали се мисли на тоа дека ќе се потпише нов договор со Денг ? Тоа би било супер ако се потпише нов договор со Денг но имаше пред месец дена шпекулации дека Денг нема да го продолжи договорот со Чикаго со цел да се испроба на пазарот наредно лето кога ќе се обиде да дојде до максимален договор со некој клуб најверојатно ако Денг биде слбоден играч ќе проба со Лејкерси .
А од овие 4 играчи што ќе тренираат во кампот на Чикаго би можеле да служат Патрик Кристофер и Калин Лукас . Питман талка неколку сезони во лигава и нема ни добиено шанса да покаже што знае . Инаку штета што не го потпишаа летово Кемби таков ветеран би бил од помош во одбрана а би земал мала плата .
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Што сакаше да каже Гар останува енигма. Инаку за бек ап центар најидеален беше Кол Алдрич. Пред две години беше 11 пик, значи не е ептен упропастен, плус за 36 минути има статистика од 12 поена и 13 скока. Ама ете пред една недела потпиша со Никс.:(
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Питман никогаш не ни доби шанса за настап во Мајами, а си зема два прстена со нив. Мислам дека едиснтвено тој и Мајк Џејмс ќе има договори. Мајк играше солидно за бек ап плеј во Далас лани. Д.Џ Вајт беше потпишан порано летово од Бостон ама го отпуштија и изјавил дека планирал да игра во Кина. Ако се покаже ќе му дадат шанса, ако не, куферите и во Кина.Патрик и Лукас ги немам гледано за да знам како играат, само мислам дека се бек/крила, т.е. нешто како данливи, играчи кои играат повеќе позиции.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Дерик го пропуштил денешниот тренинг, но сето тоа е по планот за одмор барем додека да се врати во форма. Денес само возел на точакот, и не учествувал во акциите со неговите соиграчи.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Булси ги отпуштија Калин Лукас и Патрик Кристофер, додека Ноа и Хајнрих не тренирале. Тибс потврдил дека Ноа нема проблеми со нозете, само го одмарале а за Хајнрих не е сигурно што е проблемот.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Добри и лоши вести за Ноа.
Лошите се дека ги повредил препоните, па најверојатно ќе паузира за пресезонските утакмици.
Добрите се дека веќе нема да ги носи патиките со петелот, поради кои и имаше проблеми со нозете во минатото.
 
H

Harry Callahan

Гостин
Булси ги отпуштија Калин Лукас и Патрик Кристофер, додека Ноа и Хајнрих не тренирале. Тибс потврдил дека Ноа нема проблеми со нозете, само го одмарале а за Хајнрих не е сигурно што е проблемот.
Со Ханрих секогаш некои проблеми и што е интересно секогаш е мистерија што проблеми има тој . :)
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Победа против Индијана со 82-76 во Индијанаполис. Роуз играше 20 минути и имаше статистика од 13 поена 3 асистенции и 2 скока и 2 украдени. Малку беше изгубен ама после 17 месеци повторно игра. Се на се, мислам дека играше одлично со оглед на фактот дека 17 месеци нема играно. Брзината и експлозивноста му е вратена само ќе бидат потребни неколку утакмици за да се врати во МВП форма. Исто и Џими играше одлично, работел на дриблизите со баскетот во офсезоната и можеше да се забележи тоа синоќа.
Треба да се навикнеме на вакви работи.:)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Победа против Индијана со 82-76 во Индијанаполис. Роуз играше 20 минути и имаше статистика од 13 поена 3 асистенции и 2 скока и 2 украдени. Малку беше изгубен ама после 17 месеци повторно игра. Се на се, мислам дека играше одлично со оглед на фактот дека 17 месеци нема играно. Брзината и експлозивноста му е вратена само ќе бидат потребни неколку утакмици за да се врати во МВП форма. Исто и Џими играше одлично, работел на дриблизите со баскетот во офсезоната и можеше да се забележи тоа синоќа.
Треба да се навикнеме на вакви работи.:)
Дај некој хајлајтси од натпреваров....
 
C

Castiel

Гостин

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990

Инаку за Гибсон, мислам дека е подобро вака да влегува, од клупа пошто така и најдобро игра. Бузер нема капацитет да внесе свежина во играта, енергија и одбрана.
Гибсон има најголем ПЕР од сите играчи, имаше една статистика мислам, пред 2-3 месеци, а бузер е на дното. Гибсон влегува 1-2 банани, 3-4 скока и 4-5 поена за 10-15 минути и еве ти 10 разлика. А бузер допринесува со стартни поени, и со оглед на тоа како се одвива утакмицата се одредуваат и неговите минути.
Ноа се определил за Адидас crazyquick, по раскинување на договорот со Le Coq Sportif. Се надеваме дека нема да има повреди на нозете оваа сезона, бидејки патиките играа голема улога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom