:helou: :helou: ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА МИНА ДОБРО ВО ДУЕЛОТ СО КОЛЕГАТА ОД ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ
Пуповиќ: Ништо страшно!
Миљан Пуповиќ не го дочека крајот на дербито во струмички "Парк". По еден навидум обичен дуел со Тони Симиќ, остана да лежи на паркетот.
Иако во прв момент изгледаше доста сериозно бидејќи паркетот се натопи со крв од главата на високиот центар на струмичани, сепак, не е.
"За среќа не се работи за ништо посериозно. Имам расекотина на очниот капак од која истиот се наполни и при интервенцијата на лекарите почна да тече крв, што наведе дека се работи за нешто опасно. Сепак, сега е многу подобро, и Фала Богу, гледам и на тоа око"- вели по малку на шега Пуповиќ.
И самиот признава дека ова нема никаква врска со Тони Симиќ.
"Зборував со него, веднаш ми се извини, а и знам дека е ОК момче. Видов дека немаше никаква намера кога при градењето на топката ме закачи со лакотот. Не се лутам и тоа е дел од играта. Се надевам дека брзо ќе помине"- констатира еден од најдобрите играчи на Струмица.
Б. Радуловиќ
Викенд тура на струмичани
Голема измена во плановите на струмичани кога е во прашање финишот на првенството, особено во календарот на натпреварите.
Веќе денеска, и тоа во 14.30 часот, во Скопје (мала сала во СРЦ "Кале"), "зелено-белите" ќе го одработат дуелот со Маврово.
Ден подоцна патуваат за Охрид, каде в недела ќе го одиграат оној заостанат натпревар од 10. коло против АМАК-СП.
Првиот дел од сезоната Струмица ќе ја заврши на 19 декември со оној планиран дуел со екипата на К. Соколи 2000.