Фени Индустри е се чини лекот за Струмица. Покажаа, т.е докажаа кошаркарите од Кавадарци дека во моментов се можеби и подобар колектив од струмичкиот.
Во дуелот означен како дерби на првиот дел Фени Индустри по продолжение од пет минути ја совлада Струмица (90:85) откако во регуларните 40 минути беше нерешено (74:74).
И тоа по вторпат во овој дел од сезоната, на сличен, драматичен начин, како што беше и во Кавадарци.
"Портокаловите" беа се чини многу посмирени во моментите на одлука.
Не "паднаа" ниту кога беа во двоцифрена негатива. Напротив во секој момент од второто полувреме имаа играч кој "ќе повлече". Прво тоа беше Американецот Доналд Кол, кој ја анулира високата разлика, потоа и Златко Гоцевски, а во оние финални моменти, и покрај тоа што направија грешки, решија Прековиќ и Самарџиев.
Кај Струмица играа само двајца, Диме Тасовски и Миљан Пуповиќ, а тоа овој пат не можеше "да помине". Останатите некако останаа недоречени, иако во одредени делови Д. Соколов и Грнчаров беа во својот ритам, но краткотраен.
Сосема очекувано првиот дел мина во доста изедначена игра, без оглед на тоа што домаќинот имаше контрола врз резултатот.
Струмичани беа во постојана предност, во уводните минути имаа највисоки 18:12, по првата тројка на Тасовски и неколку сигурни реализации на Пуповиќ. Но кавадарчани не заостануваа, одговори нововлезениот Поповиќ со иста мерка за 20:19 по првите 10 минути.
Во вторите, речиси идентична слика, со други актери. Арсиќ ги испрати Богоев и Крстевски во петорката. Од другата страна Емил Рајковиќ реши да се брани со зона, која делуваше успешно само до моментите кога Тасовски почна да ја "отвора", со шут за три, секако. Сепак, во 16. минута Фени Индустри имаше минимално водство (31:29). Но кавадарчани останаа без Александар Димитровски, кој имаше незгодно паѓање под противничкиот кош и се пресели на клупата.
Уште еднаш Тасовски, овој пат отвори една серија од 15:3 во која и Бошњак погоди од речиси десет метри, па до полувремето шампионот дојде до првата двоцифрена разлика (44:34).
Кога виде дека не му оди на Гоцевски, Емил Рајковиќ го "турна во огнот" Доналд Кол. А овој одговори одлично. Врза десет поени во серија па во 24. минута веќе беше нерешено (46:46).
Но тогаш дојде редот на струмичани кои со рибрејк од 10-0 си го вратија водството (56:46), а Кол таа предност ја преполови (54:59).
И уште еднаш "клацкалката" отиде на кавадаречката страна. По 61:54 за Струмица следи нов налет на "портокаловите", поточно на "подразбудениот" Гоцевски кој со седум поени по ред во 35. минута донесе водство за гостите (68:67).
Во финалните 60 секунди од с$ по нешто. Нереализиран шут "од далеку" на Прековиќ, па обид, неуспешен на Соколов на другата страна. Па грешка во додавањето на Самарџиев, за Крстевски биде пребавен во шутот за победа.
А во екстра периодот, минути за најискусните, т.е. за Самарџиев и Прековиќ. Погоди бекот на Фени Индустри две тројки со кои донесе дополнителна нервоза кај домаќините. Се обиде да врати Тасовски, но и нему му затрепери раката при 84:86. На 22 секунди даде само едно слободно фрлање, Прековиќ беше мирен за 88:85. Следи клучната "кражба", Самарџиев му ја одзема чисто топката на Богоев, и на 14 секунди со еден даден "пенал" го означи големиот кавадаречки триумф во струмички "Парк".
Еве што пишува во спорт за вчерашното дерби во кошарка.
Но пак ке речам, уште ништо не е завршено.