Еве накратко за тениската кариера на Федерер:
Рожер Федерер ( роден 8 Август 1981 г.) е професионален швајцарски тенисер кој во моментов е прво рангиран во светот. Многу експерти веруваат дека Федерер може да стане најдобриот тенисер на сите времиња. Федерер има победено на 10 Гренд Слем натпреварувања во 1 на 1 натпревари во машка конкуренција, 3 Тенис Мастерс купови и 13 АТП Мастерс серии. Во 2004 год. Швајцарецот стана првиот тенисер кој го повтори успехот на Матц Виландер во 1988 година со тоа што освои 3 од последователните 4 Гренд Слем турнири во истата година. Во 2006 година, тој го повтори овој свој учинок и стана првиот тенисер кој освоил 10 турнири во 3 последователни години. Рожер исто така е единствениот тенисер кој има победено и на Вимбалдон и на У. С. Оупен турнирите во период од 2004 до 2006 година. Во 2007 година, кога Федерер ја освои неговата трета Аустралијан Оупен титула, стана единствениот тенисер кој победил на 3 одвоени Гренд Слем турнири три пати. Федерер е прво рангиран уште од 2 Февруари 2004 година. На 2 Април 2007 година тој доби титула за единствен спортист кој бил најдолго време на топ-позицијата во својот спорт