Васил МКД
Jesus
- Член од
- 20 ноември 2009
- Мислења
- 8.150
- Поени од реакции
- 8.891
Mourinho (03.06.11 – ‘ElLarguero’):
П: Си легнувате порано?
ЈМ: Да. Сега кога немаме тренинзи, се будам во 7:30, појадувам со сопругата и децата и одам на Bernabéu, порано одев на Valdebebas.
П: Што правите таму?
ЈМ: Имам состаноци со луѓето кои работат со мене. Понекогаш со претседателот и со José Ángel Sánchez, потоа со луѓето кои работат со мене, со моите помошници, со докторите... Треба да се среди се, за да почнеме на 11ти јули. Сакам да одам на одмор без грижи.
П: Дали сезоната која заврши беше добра?
ЈМ: Да. Сакам да работам. И ова беше сезона со многу работа. Уживам со фудбалот. Мојата фамилија се адаптираше постепено и среќни се. Не сум изморен и тоа нешто значи, затоа што сака да каже дека се беше лесно. Велам лесно под наводници. 15 дена е повеќе од доволно за да се вратам посилен.
П: Во последниот месец моравте да издржите голем притисок?
ЈМ: Не, притисокот не е голем проблем. Фудбалот никогаш не бил притисок за мене, туку фактор за задоволство. Победата и поразот никогаш не ми биле проблем. Можеби затоа што повеќе сум победувал отколку што сум губел. Притисок можеби има кога зборуваме за неправди и тоа е нешто што навистина ми прави притисок. Но во фудбалот, во чистиот фудбал нема притисок.
П: Сега имате поголема моќ во клубот...
ЈМ: Немам повеќе моќ од порано. Real Madrid бара поразличен модел на организација и динамика. Една добра структура не гарантира успех, но една недобра структура гарантира неуспех. И ние бараме спортски успех. Јас немам ни повеќе, ни помалку моќ. Никогаш не сум барал моќ, барам функционална емпатија и кооперација во работата.
П: Претседателот веќе објасни...
ЈМ: Објасни, но на еден аналитички начин. Ќе има скица со сите функции добро распоредени. Структура за соработка, не за централизирање на моќта. Јас ќе бидам само тренер, ништо повеќе.
П: Ги видовте објаснувањата на Valdano и Florentino?
ЈМ: Не директно. Претседателот кажа што можеше. Повеќе објаснувања ќе даде кога се ќе биде организирано. И зборовите на една личност која само што излезе од клубот не можат да бидат поразлични. Беше тажен момент за Valdano и за сите и не е ова хипокризам, затоа што не сум хипокрит. Не сум среќен со неговото заминување. Ако со нешто сум среќен тоа е со новиот начин на организација на клубот.
П: Valdano бараше состанок со вас и не го доби.
ЈМ: Не сакам да влегувам во тоа. Во животот нема враќање назад, тој е едносмерна улица. Одлуките кои се донесоа беа размислувани и дискутирани. Животот продолжува за мене и за Valdano. Му посакувам се најдобро.
П: Некои од мадридистите ве поддржуваат, некои ве критикуваат...
ЈМ: Не сум никој за да ги критикувам тие што мислат поинаку. Јас сум таков каков што сум. Работам многу за да ги израдувам навивачите. Тие се најважните личности во целата институција и работиме за нив. И ако поради нив треба да си наштетам на своето име, ќе го направам тоа.
П: Ве загрижува тоа дека судиите секогаш ве имаат на “пик“?
ЈМ: Фудбалот е спорт и треба да бие свет на правда. Нема време за да гледаме кој ни е симпатичен, а кој не. Треба се да биде чисто.
П: Санкцијата од УЕФА?
ЈМ: Тоа е единствен случај, да бидеш казнет а да не знаеш зошто. И помина повеќе од еден месец. Немаш право да знаеш зошто, немаш право да се браниш, да аргументираш.... И како човек мислам дека имам право да се бранам. Затоа ќе се обратам до Интернационалниот спортски суд (ИСС) и ќе одам до крај. Исполнив еден натпревар од санкцијата, и ќе ги “одлежам“ и другите 4 без разлика на тоа колку негативно ќе влијае врз мене и екипата. Но ќе се обратам до ИСС затоа ја сакам вистината и имам право да се бранам. Ако тоа не е доволно, тренер сум со две ЛШ, имам титули во 4 различни држави, првиот тренер сум кој освоил Златна топка и имам право да се бранам.
П: Ве болеше што Barça ве пријави во УЕФА?
ЈМ: Не. Го очекував тоа и не го очекував.
П: Го променивте мислењето за Barça?
ЈМ: Не. Бев таму од 1997 до 2000. Од 2000, 2001 се се промени, луѓето, институцијата. Клубот е поразличен. Никогаш не кажав дека не сакам да работам во тој период. Немам ништо против таа институција.
П: Што мислите за Guradiola?
ЈМ: Го запознав како играч. Поминаа 10 години. Сега е лидер на својата екипа, поинаков е, не го познавам. Јас работев со еден поинаков Guardiola – играч, исто така он работеше со поинаков Mourinho. Мислев дека ќе остане ист и во иднина, без да ги знам неговите желби и мотивација.
П: Што мислите за она “Mourinho е ебен газда на прес конференциите“?
ЈМ: Ништо посебно. Може да каже што сака.
П: Зошто не зборувате?
ЈМ: Решив да не зборувам, затоа што сум санкциониран и така ќе продолжам. Овде сум само поради децата.
П: Real Madrid е онаков каков што го замислувавте?
ЈМ: Беше искуство што сакав да го доживеам. Бев во мојата земја, потоа во Англија и Италија и сакав искуство во Шпанија, посебно во Real Madrid, затоа што сите во фудбалот мислат дека е цел. Имав можност да го почнам ова искуство неколку години порано, но не се оствари. Сега се сум овде и не жалам. Се радувам што го прифатив ова.
П: Кое првенство ви се допаѓа најмногу?
ЈМ: Различни се. Сега сум во Шпанија и Real Madrid освои повеќе од 90 бодови и не беше првак. Чудно е ова првенство во тој поглед. Има страст во секој град. Пријатно ми е. Затоа ќе останам и следната сезона. Ако јас сум задоволен и сите сме среќни, ќе ми биде задоволство да продолжам. Додека постои таа меѓусебна симпатија ќе останам додека сите сакаат да останам.
П: Помисливте да си заминете?
ЈМ: Ако сакав да си отидам, ќе си заминев. Познавајќи го претседателот, горд лидер кој знае дека за да бидеш дел од Real Madrid треба да бидеш тука со срце и душа и дека 99,9% од професионалците сакаат да бидат тука, сигурно би ми кажал “пакувај си ги куферите и оди си“.
П: Велите дека најдобрите резултати доаѓаат во втората сезона...
ЈМ: Не мора да значи дека истото ќе важи и за Real Madrid. Така беше со Porto, Chelsea и Inter. Не можам да кажам дека Real Madrid нема да биде исклучок од тоа правило. Би требало да биде така. Имаме концепт кој е веќе инјектиран, прифатен и научен метод. Но една екипа која освои Куп, беше полуфиналист во ЛШ и втор во Liga, не е лесно да се подобри. Тоа значи дека како минимум следната сезона треба да ја освоиме La Liga, да стигнеме до финале во ЛШ и да го освоиме Купот.
П: Има голема разлика меѓу Bаrça и Real Madrid?
ЈМ: Не сакам да споредувам. Секој треба да зборува за својата екипа. Екипата порасна и стана подобра. Ги подготвувам тренинзите за следната сезона и ги споредувам со тие што ги работевме и различни се. Има напредок, имаме веќе автоматизирани работи кои нема да ги тренираме. Ние сме си пример сами за себе и треба да се надминеме.
П: Sahin?
ЈМ: Sahin беше избран за најдобар играч во BunesLiga од страна на професионалните играчи таму. Го следевме долго време и има профил кој може да прогресира, уште едно дете е, како Ozil, Di María, Marselo, Benzema. Не прави екипа за иднината, за 2014 или 2015, кој треба да влезе во финансискиот fair-play. Real Madrid има супер млада екипа и претседател со фантастична визија. Може да биде предводник на една нова ера европски фудбал...
П: Вие го барате Kun Agúero?
ЈМ: Нема да бидам хипокрит, Kun е фантастичен играч. Не смееме да се плашиме да го кажеме тоа. Но е играч на Atletico Madrid, на никој друг. Real Madrid не контактира со играчите се додека не се договори со нивните клубови. Затоа Real Madrid не стои позади ничија изјава. Така беше со Sahin, прво со Borussia, па со играчот и неговиот менаџер. Исто со Altintop и Callejón.
П: Би сакале да го имате?
ЈМ: Не... играч е на Atlético Madrid. Голем играч е и ми се допаѓа.
П: Higuaín и Benzema се не на трансфер листата?
ЈМ: Точно.
П: Нема да дозволите ниту еден од двајцата да замине.
ЈМ: Не се работи за тоа дали јас ќе дозволам. Јас не давам дозволи. Ако клубот сака да направи нешто, јас сум никој. Сите се согласуваме дека Higuaín и Benzema сакаме да останат.
П: Mateos и Callejón ги баравте вие или ќе ви послужат за некој друг трансфер?
ЈМ: Callejón ни се допаѓа, поради карактеристиките и менталитетот. И ќе остане со нас, нема да биде дел од ниту една операција. Сакаме да го потенцираме. Mateos има договор, ќе ја почне претсезоната со нас и потоа ќе видиме дали ќе остане или ќе го позајмиме уште една година, но овој пат во екипа во Primera или некој кој игра во Европа.
П: А Adebayor?
ЈМ: Он е играч на City и има клаузула за продажба. Имаме привилегија први да преговараме и играчот сака да остане. Важен е.
--- надополнето: Jun 3, 2011 2:02 PM ---
...прашања од децата....
П: Почнува да му побелува косата на Mourinho...
ЈМ: Тоа е генетски. Мојот дедо на 40 години имаше бела коса, татко ми исто така. Мене фудбалот не ми ја победува косата.
П: Кои карактеристики треба да ги има еден младинец за да игра во првиот тим?
ЈМ: Оваа сезона дебитираа 11 или 12 играчи. Заедничка карактеристика е да имаат желба за тоа. Сакав да ги наградам за нивното однесување, да патуваат со нас и да ја почувствуваат страста. За мене тоа е најважно...
П: Зошто сите играчи ве сакаат?
ЈМ: Речиси сите (хахаха). Мислам дека тоа е емпатијата. Знаеш дека некоја личност сака да ти помогне, мисли на твојата иднина, искрен е, те третира со истата љубов и агресивност како и другите. Тоа е како да ти е брат или втор татко или пријател.
П: Зошто го ставивте Chendo да игра на натпреварот во Лорка? (синот на Chendo)
ЈМ: Поради тебе. Татко ти ми рече дека од трите деца само ти го немаш видено како игра. Јас го прашав дали ќе го гледаш на ТВ и ми кажа дека да.
П: Мислите дека Barça чесно победи во финалето ЛШ?
ЈМ: Изигра фантастично финале, супер класа и супер смирено, но осминафиналето и полуфиналето не ги доби чесно. Но во финалето, заслужено победија. Финалето го доби подобрата екипа.
П: Cristiano или Messi, којј е подобар?
ЈМ: Таа дебата не е моја. За мене, најдобри се моите. Casillas е најдобар голман во светот, Cristiano, Marcelo…
П: Ќе бидете овде за две години?
ЈМ: Ако претседателот, управата, играчите и навивачите се среќни, ќе бидам.
П: Мислите дека сте биле неправеден кон некој играч?
ЈМ: Секогаш, еден тренер е неправеден кон некои играчи во даден момент. Јас секогаш го барам најдоброто за екипата и понекогаш морам да го направам тоа на штета на некој играч.
П: Мислите дека Kaká може да ја добие повторно Златната топка?
ЈМ: Kaká немал нормална претсезона 4 години. Убедени сме и веруваме дека може повторно да биде оној стариот. Неговиот талент е неверојатен.
П: Ви се допаѓа Coentrao?
JM: Ќе го кажам истото што го кажав за Kun. Играч на Benfica е и точка. Ми се допаѓа поради неговата мултифункционалност. Игра речиси на секоја позиција и во планирањето на екипата, за што ќе имам големи барања, да имаш таков играч е плус.
П: Што планирате со Pedro León и Canales?
ЈМ: Со Canales зборувавме лично заедно со неговиот татко, менаџер, и од другата страна Zidane и José Ángel и јас. Петорицата го сакаме најдоброто за Sergio и за Real Madrid. Ќе биде играч на Real Madrid, контролиран од Real Madrid.
П: А Pedro León?
ЈМ: Ќе разговараме и ќе го бараме најдоброто решение. Имајќи ги Di María, Cristiano, Altintop и Callejón, четворица на таа позиција најдобро ќе биде да го позајмиме.
П: Zidane ќе биде блиску до вас?
ЈМ: Да, Valdebebas е простор за посебна работа. Да имаш луѓе како Zidane или Pardeza е многу позитивно.