Casillas (31.05.11 – ‘Philips’): Изминатава сезона се променивме многу. Млада екипа сме која се покажа добро на трите натпреварувања и позитивно е тоа што освоивме титула. Негативно е што останавме на пред вратата на две големи титули, но следната сезона ќе мора да успееме да бидеме први во Liga и да стигнеме до финале во ЛШ.
Верував дека полуфиналето меѓу Real Madrid и Barcelona ќе го даде шампионот во ЛШ оваа сезона. Во финалето Barcelona беше многу посупериорна на Manchester. И 100% сум убеден дека и Real Madrid да играше во финале против Manchester ќе беше посупериорен.
Неа потреба да коментирам кој што рекол. Се што кажаа последниве денови го кажаа во момент на еуфорија, од среќа поради титулата. Нема потреба да се вртиме околу таа тема. Нека уживаат во успехот.
Се изиграа многу дуели Real Madrid - Barcelona и се создаде многу тензија затоа што двете страни имаа интерес, но тоа е веќе минато и сега мислиме само на репрезентација која не претставува сите.
Ми се допаѓа и Mourinho и Valdano. Двајцата го сакаат Real Madrid и ќе го сакаат. Одлуката не верувам дека била лесна, но се донела. Jorge го напушти клубот и жално е тоа. Сега треба да мислиме на оние кои остануваат. Утре нема да бидам јас, ни Mourinho, ни Florentino, но Real Madrid ќе биде тука секогаш.
Разбирам дека сега се зборува многу за засилувања, но не верувам дека јас треба да се мешам во тоа. За среќа тренерот смета на мене за следната сезона и единственото нешто што го очекувам е оние кои ќе дојдат да ни помогнат да бидеме подобри. Имавме многу добра сезона и следната сакаме да бидеме подобри, да се надминеме, така успехот ќе ни биде загарантиран.
Секогаш сакаш да се ставиш во кожа на екипата која победува. Кога гледаш на телевизија секогаш чувствуваш завист, фудбал е. Се радувам поради луѓето кои ги познавам затоа што го заслужуваат.
Како мадридиста им завидувам затоа што не бев таму. Го гледаш теренот, како играат едната и другата екипа и те фаќа бес зошто не си таму, а не за тоа како би играл. Многу екипи играле добро и изгубиле и на луѓето им останува лош спомен, како на пример натпреварот Шпанија – Швајцарија на СП.
Во ова финале победи фудбалот, победи Barça. Јас сакам да гледам добри натпревари и мислам дека овој беше таков. Беа две различни екипи, двете шампиони во своите првенства. Barça подобро ја водеше топката, имаше повеќе шанси и повеќе голови даде, а тоа се важи во едно финале.
--- надополнето: May 31, 2011 12:16 PM ---