Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
На почетокот неќев да се логирам на форум заради тоа, многу ме нервираше, но се навикнав некако, сега не му обрнувам ни внимание. Се надевам дека не ви пречи ни вас :P како и да е ќе се истрпи неколку месеци :S
btw требаше да биди прекарот на Крис ...:) но ете...error кога некој друг ќе го употреби :)
чудно, баш сега на известувањето за цитат го пишуваше убаво El Senor Maquina ама онака баш како што треба да биди, со шпанските њ и а со апостров... нмв не смета во секој случај, да не забегуваме премногу офтопик :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933

Ни фали овој играч во комбинација со Пепе и Марсело. :)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
Ни фали овој играч во комбинација со Пепе и Марсело. :)
видов дека си го поставил во темата со заборавени играчи, сакав и таму да ти реплицирам, иако не престојуваше во Мадрид долго, нема да го заборавам никогаш, верувам и повеќето од вас, едноставно откачен до даска :)
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Иниеста е можно да не игра на првиот натпревар во ЛШ против нас поради намерно добиениот картон на првата утакмица против Шахтјор за да се исчисти за полуфинале.
Мене лично не ми се верува дека ќе го суспендираат...:toe:
 

iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
CONVOCATORIA DEL REAL MADRID:

Porteros: Casillas, Adan y Dudek.
Defensas: Garay, Ramos, Carvalho, Pepe, Marcelo y Arbeloa.
Centrocampistas: Xabi Alonso, Ozil, Di Maria, Khedira, Granero y Kaka.
Delanteros: Cristiano Ronaldo, Adebayor, Higuain y Benzema.

--- надополнето ---

Лас и Гаго повредени, Питер Лион и Каналес не се повикани поради техничка одлука, и Албиол санкција заради црвениот картон.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Casillas (18.04.11 – realmadrid.com):
Copa del Rey е важен трофеј за Real Madrid и не смееме да си го дозволиме луксузот да останеме без него уште една година. Ако го освоиме во среда неговата важност ќе биде уште поголема. За нас е многу важен трофеј, нешто витално. Ниеден играч од овие кои го сочинуваме тимот го нема освоени, ниту јас кој сум овде 11 години.
Сите играчи го делиме истото мислење, дојде моментот да подигнеме многу титули. Сега сме сконцентрирани на оваа, но нема да биде лесно ни најмалку. Натпреварот ќе биде возбудувачки, играат двете најдобри екипи во Шпанија. Може да се случи се, но ние одиме да го играме нашиот фудбал, нашиот натпревари и со илузијата дека а крајот се надевам ќе бидеме ние тие кои ќе ја подигнат титулата.
Мотивацијата секогаш е иста, без разлика против кој ривал играме. Особено е голема мотивацијата кога се игра финале, кое може да ти ја даде првата титула во сезоната.
Во среда ќе мора да одржиме добро нивото, да бидеме сконцентрирани од почеток до крај. Мораме да изиграме сериозно и да бидеме сконцентрирани при секоја акција. Мораме да се бориме како екипа. Никој не ти дава титула туку така.
Очекуваме да нема проблеми на терен и да меѓу сите играчи се зборува само за фудбал. Сакаме чист натпревар, без провокации. Од страна на играчите и фановите на Real Madrid нема да има такви проблеми. На терен покажавме дека сме господа и го почитуваме ривалот. Во ниеден момент не глумевме, ниту се обидовме намерно да му наштетиме на некој противнички играч. Очекуваме луѓето на трибините да го почитуваат секој играч. Натпреварот ќе го следат милиони гледачи и ова е најдобриот начин, фановите од двата тима да се покажат во вистинско светло пред светот. На трибини ќе има и многу деца кои ќе очекуваат добар натпревар од своите идоли. Се надевам дека така и ќе биде и нема да се случи ништо незгодно.
Натпреварот во саботата ни даде плус мотив, тоа се натпревари на кои не смееш да се откажеш во ниеден момент. Тој натпревар ни даде поголем морал и беше добар за нас. На крајот на краиштата се се сведува на тоа топката да влезе во гол. Иако ривалот имаше предност, реагиравме, трчавме, се жртвувавме и тоа е она што нашите фанови го сакаат, никогаш да не се откажеме.
Секое финале се подготвува од моментот кога знаеш дека ќе го играш, знаеш дека тоа е денот Д и знаеш дека ривал ти е Barcelona. Иако знаеме дека сме финалисти веќе три месеци, секогаш мислевме на овој натпревар. Сега е многу блиску, сме сконцентрирани само на него. Ова е финале и уште еден добар натпревар за шпанскиот фудбал. Се надеваме и очекуваме дека ќе биде во наша корист.
Совет за моите соиграчи? ... Да уживаат. Мора да бидат свесни дека зад нас има многу луѓе кои го сакаат и почитуваат Real Madrid, луѓе кои ќе направат големи напори да дојдат во Валенсија и покрај високата цена на влезниците. Мораме да мислиме на тие 18-20 илјади кои ќе бидат на трибини и ќе не поддржуваат. Очекувам да бидат во нешто бело и лесно да ги препознаеме. Мораме да победиме поради нив, поради клубот и поради нас.
Ние, играчите сме добри. Играме финале, а сме многу млада екипа и со самодовербата и безобразноста која ја имаме ќе се обидеме да го направиме најдоброто.
Mourinho е личност – победник и од првиот моменти и даде голема важност на Сopa del Rey. Mourinho е личност за која секој натпревар е важен и тоа ни го внесе во глава уште на првиот ден. За него најважен секогаш е следниот натпревар.
Секако дека поддршката од публиката е фундаментална за нас. Кога ќе излеземе на Mestalla и ќе ја видиме јужната трибина со наши навивачи во бело, со шалови... Благодарни сме им што се со нас, и што доаѓаат со нас на овој натпревар во една празнична недела. Очекувам добар амбиент од нивна страна. Сакам да уживаат, убаво да си поминат и да не поддржуваат. Сакам да го почитуваат ривалот и нивната публика. Ако сме најдобрата екипа во светот, исто така имаме и најдобра публика во светот, наједуцирана. Сакам да знаат дека ние ќе дадеме се на терен без разлика што ќе се случи. Сакаме да бидеме едно, играчите и публиката.
Сум видел многу пресврти на Real Madrid, во времето на Juanito, Butragueño, la Quinta. Оваа екипа секогаш мора да се бори и жртвува. Може да игра добро или лошо, но никогаш не смее да се откаже. Имаме тренер кој го има тој карактер и кој тоа ни го инјектира секојдневно.
Ова е најдобриот натпревар оваа сезона и ако успееме да го добиеме ќе биде лудо, затоа што ја заслужуваме таа титула.
Голем дел од успехот им го должиме на фановите. На терен сме само 11, но надвор се милиони кои не поддржуваат и ќе не однесат кон нешто големо.
 

SenoraRamos

Tu voz - nuestro sentimiento!
Член од
20 март 2011
Мислења
191
Поени од реакции
108
Според „Марка“ по Ел Класико додека нашите (Серхио, Икер, Карваљо, Пепе и Еману) во тунелот оделе накај соблекувалната, во другиот тунел, одделен со тенок ѕид, бил Пике, кој почнал да се дери: „Да живее Шпанија! Да живее Шпанската Лига! Осум поени, осум поени! Espanolitos, веќе ве победивме во вашата Шпанска Лига, ви покажавме!“ и на крај завршил со зборовите: „Espanolitos, сега ќе го освоиме и Купот на вашиот крал!“

Пике и Валдес и онака се најголемите идиоти во Барса (според однесувањето) за мене и ако ова е вистина, само го зацврстува мојот впечаток за него. Ги критикуваат Серхио и Пепе, а имаат и тие доволно идиоти во тимот. Нашиве барем не мешаат политика и не плукаат по државата (настрана неспортското однесување).

--- надополнето ---


--- надополнето ---

 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Дејли Мејл-Анчелоти е најсериозен кандидат за превземање на клупата на Мадридски Реал.
Имено,весникот пишува дека управата на Мадрид е помалку ,,загрижена'' по изјавите на Мурињо дека има недоврешна работа во Англија,а сега и по последото шоу(односно затегнувањето на односите меѓу Мурињо и шпанските новинари)....Исто така,Ди Стефано упати критики до Мурињо по последното Ел Класико,велејќи дека не го поставил Мадрид онака како што треба,и дека Реал изгледал како глушец кој го мавал лавот т.е.Барселона...


Можеби Мурињо има недовршена работа во Англија, но не ми се верува дека ќе замине се додека не си ја заврши работата во Шпанија.

--- надополнето ---

Валдано:Пораката е дека може да се заврши се.Реал Мадрид има дарба за хероизам,дури и кога игра со помалку играчи.Тоа е позитивен знак.Ова е горд клуб уште откако е креиран.Никогаш не ја зaгубивме гордоста.Таа е константна.Ние имаме играчи кои играат најдобро што можат 90 минути.Финалето со Барселоа е специјално но мислам дека ние ќе го поставиме она што е најдобро за нас....Има многу достапни варијации кои може да бидат завршени со грешка или погрешен чекор.КР ја имаа таа способост да реши што ќе биде со некој меч.За тоа зборува неговиот талент.Важно е да се мисли како тим,посебно за меч со волкави димензии.Играчите мора да слушаат што зборува тренерот и тоа доста внимателно бидејќи тренерот управува со машината.Тимот мора да биде позитивен и да ја има поддршката на фановите.Едно финале само по себе бара голем труд и максимален ризик...Eдна утакмица секогаш е енигма и не знаеш како ќе заврши.Не се знае кој ќе ја објасни тајната за оваа утакмица.Затоа и светот едвај чека да види што ќе се случи....Одговорот ќе се дознае на теренот.Ако рано дојдеме до предност тоа би било одлично и доста би ни помогнало.Постарите играчи треба да ги штитат помладите,но дури и младите имаат големо искуство.Затоа,сигурен сум.Ќе знаат како да се справат со оваа прилика.Тие ќе играат и ќе реагираат како тим,со човек кој ќе ги води.Искуството на Мурињо е од голема важност.Тој го заработи својот престиж,тој знае како да ги пренесе своите идеи,тој знае како да игра во финале...


Real Madrid CF-Mk
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Според „Марка“ по Ел Класико додека нашите (Серхио, Икер, Карваљо, Пепе и Еману) во тунелот оделе накај соблекувалната, во другиот тунел, одделен со тенок ѕид, бил Пике, кој почнал да се дери: „Да живее Шпанија! Да живее Шпанската Лига! Осум поени, осум поени! Espanolitos, веќе ве победивме во вашата Шпанска Лига, ви покажавме!“ и на крај завршил со зборовите: „Espanolitos, сега ќе го освоиме и Купот на вашиот крал!“

Пике и Валдес и онака се најголемите идиоти во Барса (според однесувањето) за мене и ако ова е вистина, само го зацврстува мојот впечаток за него. Ги критикуваат Серхио и Пепе, а имаат и тие доволно идиоти во тимот. Нашиве барем не мешаат политика и не плукаат по државата (настрана неспортското однесување).
не сум верувал дека некој тим може да стане толку антипатичен како барселона. ароганција , никаква почит и тотална амнезија за тоа кај беа до пред 3 - 4 години. ако не им чини нека си играат со еспањол во каталонска лига и нека се откажат од парите што ги добиваат за учество во примера. и нека си играат квалификации за лш со тнс и шериф додека не освојат доволно бодови за директно учество. ебате педерската екипа.
ова од човек кој нема баш високо мислење за реал :)
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Следна во Ла Лига со Валенсија во гости. Пак од сабота и пак од 18 00. Тешко ке е таму...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom