Фан клуб: Рафаел Надал

Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Надал уништен, уништен, никаков, цццц...
Нема веќе што да се коментира за Надал, очајност преголема.
--- надополнето: Nov 23, 2011 1:40 PM ---
Овој Надал се бара до тогаш ноу коммент.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Вечер со победа се враќа во игра. Голем борец е сигурен сум дека може да се врати после она со Федерер, знае и самиот дека спортот е таков едноставно неможеш да победуваш секој ден :)
 
С

сашенко

Гостин
Одлична игра против Дел Потро гледаше некој? Уште една дејвис куп титула на шпанија и донесе Рафа..
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Одлична игра против Дел Потро гледаше некој? Уште една дејвис куп титула на шпанија и донесе Рафа..
да не им донесе Рафа сигурно ќе им донесеше Давид, во прв сет Дел Потро изигра ненормално погаѓаше се и сешто, после Надал почна да игра подлабоко во терен и доста поагресивно, доста се трудеше и да не му остава отворено да игра на форхенд, како и да е Шпанија на шљака напобедлива нема што тука

сега следи период без тенис не знам како ќе издржиме ама во Мелбурн ќе биде најјако се врати сега и Дел Потро таман
 
Се слагам ама сепак он ја донесе нели, јбг има предност пред Ферер и тоа е тоа.Иначе многу ми прави кејф што се враќа Дел Потро.Ја мислев дека ке изгуби Рафа ама си викам ок и да изгуби сеа бар Дел Потро се враќа а и не е срамота Рафа да изгуби пошто и онака не му иде добро у последно време и немаше да биде изненадување пораз сега.Али се деси тоа што се деси и шпанија најзаслужено си дојде до уште еден дејвис куп трофеј.И да, Рафа делува многу поубдевливо кога игра за шпанија.Незнам дали ради на земја што играше ама битно кога се разигра ме импресионираше ептен.После овие бледи изданија у последно време ова беше мнооогу добар меч од него...

Еве некоја сликичка, секоја чест за момците ....
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Добро е што го гледаме Надал како се радува на победи, што не беше нешто мн често оваа година(барем немаше шанси да се радува на големи троефеи освен Роланд гарос). Оваа победа ќе му допринесе да го крене нивото на самодоверба, ќе го направи повторно "гладен" за успех и се надевам на добра 2012 година, многу подобра од оваа 2011.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Надал се пошегувал со Ферер :pos:

Иначе, во Петокот или Саботата (не сум сигурен кој ден беше), во дневниот весник Фокус имаше слика од Надал како го "зграбал" за газето Налбандијан при ракувањето на крајот и пријателската прегратка, ако го видел некој тоа на друга страна нека го постави, интересно е :icon_lol:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Рафа Царееееее... :pos:
Срце бе! :love:

Инаку долго време не пишував во темава, затоа што едноставно немав срце да пишувам. Надал како да ја изгуби неговата страст и жар спрема тенисот. Он беше познат како вулкан од емоции, затоа и толку го сакав, затоа што го правеше тенисот возбудлив. Прочитав дека и самиот изјавил дека во последно време не ја дели истата страст. Се надевам дека е само привремено, затоа што срце ме боли. Може да стане легенда (делумно веќе е), не смее да запре тука!
 
Види реално ова беше доста тешка сезона на Надал, бидејќи беше во сенка на Ноле, не дека он играше убер лошо, туку Ноле беше прејак. За страста нормално е во одредени моменти да ја загуби бидејќи професионалното бавење со спорт често знае да го задуши спортистот и во некој период да дојде до губење на страста за тренирање како и за натпреварување(ова ти кажувам и од некое мое искуство иако степенот на професионалност е доста поголем во неговиот случај), а враќањето на стратста и желбата за победи се јавува после освоен трофеј или со вакво опуштање(диско, кафана, забава едноставно одалечување малку од спортот(во случајов тенисот)). Добро е да се види Надал насмеам и дека ужива малку тоа ми влева надеж дека 2012 ќе ја има повторно страста, острината и желбата за победи. Сигурен сум дека нема да запре бидејќи спортската псииха никогаш не се задоволува со тоа што го има постигнато туку секогаш оди кон повеќе и повеќе.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.348
Поени од реакции
2.241
Го чекаме многу по силен на Австралија Оупен и се надевам дека ке се врати, и мене како и сите навивачи на Надал ме фаќа срцето кога ги дава тие изјави за крај на неговата кариера воопшто ако се точни. Се надевам дека е гладен и треба да се најаде со уште некои трофеи во 2012.
Вамос Рафа!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom