Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.134
- Поени од реакции
- 46.141
ИЗВОРДовчерашниот прв човек на фудбалскиот клуб Вардар, Зоран Шишковски, е нов претседател на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички поточно на Акционерското друштво (АД) што го носи името на овој клуб. Оваа информација што МКД.МК ја објави вчера неофицијално, денеска ја потврдува самиот Шишковски.
Шишковски потврдува дека е нов претседател на КК Работнички
„Точно е дека сум нов прв човек на АД Работнички, фирмата што мораше да се создаде според Законот за спорт. Тоа е и главната причина што се повлеков од раководната улога во Вардар иако имав можност да останам на двете функции бидејќи нема пречки во закoнот и бидејќи станува збор за структури од два различни спорта. Но, сметав дека нема да биде чесно ни према едниот ни према другиот клуб поради што решив да се вратам во својот матичен тим каде што минав прекрасни 16 години“, ни изјави популарниот Шишко.
Поранешниот југословенски кадетски и јуниорски репрезентативец во генерацијата на Тони Кукоч, Дино Раѓа, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ и Миролав Пецарски, ќе има тешка задача да го издигне Работнички со оглед на тоа што клубот се наоѓа на можеби најниските гранки во повеќе од 65-годишното постоење. Негов најблизок соработник ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Јовановски, кој ќе ја има улогата на спортски директор.
Некогашните соиграчи, сега функционери во МЗТ односно Работнички: Јовановски со Војновиќ
„Со Јовановски се познавам долго време и неговото нафаќање да се врати во Работнички беше една од причините што и јас прифатив да се вратам во ’Градски парк’. Станува збор за човек што одлично ја познава кошарката и со кого заедно ќе направиме се за да го вратиме најтрофејниот клуб онаму каде што и му е местото, на врвот“, дополнува новиот претседател на Работнички.
Повеќе детали околу новиот изглед на 14-кратниот шампион ќе бидат познати по скорешниот празник Илинден. Тогаш ќе се знае и дали Марјан Лазовски ќе остане прв стратег на црвено-белата чета.
„Подготовките за новата сезона ќе почнат на 15 август, а на почетокот од следната недела ќе се знае името на тренерот што ќе го предводи тимот во следниот шампионат. Свесни сме дека не гази времето, но ве уверувам дека ќе биде направено се што треба Работнички да добие респектабилен тим, кој ќе има што да каже во новата сезона“, завршува Шишковски.
МКД.МК уште пред извесно време објави дека главен акционер со 100-отсто од акциите во АД Работнички е општината Центар. Како главни спонзори на тимот се споменуваат „Агенцијата за електронска комуникација“ и „Државна лотарија“. Улогата на извршен директор ќе ја има Тони Додевски.
Ispadnaa tocni najavive, odlicno.