Фан клуб: Работнички

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.134
Поени од реакции
46.145
Довчерашниот прв човек на фудбалскиот клуб Вардар, Зоран Шишковски, е нов претседател на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички поточно на Акционерското друштво (АД) што го носи името на овој клуб. Оваа информација што МКД.МК ја објави вчера неофицијално, денеска ја потврдува самиот Шишковски.

Шишковски потврдува дека е нов претседател на КК Работнички

„Точно е дека сум нов прв човек на АД Работнички, фирмата што мораше да се создаде според Законот за спорт. Тоа е и главната причина што се повлеков од раководната улога во Вардар иако имав можност да останам на двете функции бидејќи нема пречки во закoнот и бидејќи станува збор за структури од два различни спорта. Но, сметав дека нема да биде чесно ни према едниот ни према другиот клуб поради што решив да се вратам во својот матичен тим каде што минав прекрасни 16 години“, ни изјави популарниот Шишко.

Поранешниот југословенски кадетски и јуниорски репрезентативец во генерацијата на Тони Кукоч, Дино Раѓа, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ и Миролав Пецарски, ќе има тешка задача да го издигне Работнички со оглед на тоа што клубот се наоѓа на можеби најниските гранки во повеќе од 65-годишното постоење. Негов најблизок соработник ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Јовановски, кој ќе ја има улогата на спортски директор.

Некогашните соиграчи, сега функционери во МЗТ односно Работнички: Јовановски со Војновиќ

„Со Јовановски се познавам долго време и неговото нафаќање да се врати во Работнички беше една од причините што и јас прифатив да се вратам во ’Градски парк’. Станува збор за човек што одлично ја познава кошарката и со кого заедно ќе направиме се за да го вратиме најтрофејниот клуб онаму каде што и му е местото, на врвот“, дополнува новиот претседател на Работнички.

Повеќе детали околу новиот изглед на 14-кратниот шампион ќе бидат познати по скорешниот празник Илинден. Тогаш ќе се знае и дали Марјан Лазовски ќе остане прв стратег на црвено-белата чета.

„Подготовките за новата сезона ќе почнат на 15 август, а на почетокот од следната недела ќе се знае името на тренерот што ќе го предводи тимот во следниот шампионат. Свесни сме дека не гази времето, но ве уверувам дека ќе биде направено се што треба Работнички да добие респектабилен тим, кој ќе има што да каже во новата сезона“, завршува Шишковски.

МКД.МК уште пред извесно време објави дека главен акционер со 100-отсто од акциите во АД Работнички е општината Центар. Како главни спонзори на тимот се споменуваат „Агенцијата за електронска комуникација“ и „Државна лотарија“. Улогата на извршен директор ќе ја има Тони Додевски.
ИЗВОР

Ispadnaa tocni najavive, odlicno. (y)
 
I

[In]kognito

Гостин
Само да не излезат пак празни муабети.. ќе чекаме како што е најавено во текстот да се склопува тимот во текот на август. Назад на врвот :)
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Само да не излезат пак празни муабети.. ќе чекаме како што е најавено во текстот да се склопува тимот во текот на август. Назад на врвот :)
АХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХХА НИКАД!
 
I

[In]kognito

Гостин
Работите во кошаркарскиот клуб Работнички почнуваат да се движат во позитивна насока. Како што објавивме нов претседател на КК Работнички би требало да биде Зоран Шишковски. досегагашниот претседател на ФК Вардар. Акциите во АД Работнички 100% ги има општина Центар, а главни спонзори на тимот ќе бидат „Државна лотарија" и „Агенцијата за електронски комуникации".„ Во Работнички настапував цели 16 години. Искуството што го имам во ФК Вардар верувам дека успешно ќе го пренесам во најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија. Една од причините за враќањето секако е соработката со Дејан Јовановски. По враќањето на Вардар на старите патеки, време е истото да се случи со КК Работнички".-истакнува новиот претседател.
Функцијата спортски директор на екипата ќе ја обавува пoранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Дејан Јовановски. Информациите од „Градски Парк" бб велат дека интензивно се преговара со 15 -20 квалитетни кошаркари и дека нема никаква дилема дека тимот ќе биде и повеќе од конкурентен во борбата за титулата. Во комбинација за тренерската позиција се Емил Рајковиќ и Марјан Лазовски, но и Јовица Арсиќ- екс селекторот што го водеше нашиот национален тим на ЕП во Полска. Она што веќе подолг период се зборува низ градот е податокот дека првиот спонзор со приватен капитал што влегува во КК „Работники" е градежната фирма „Торус", што би значело дека дел од нејзиниот играчки ростер би се преселил во тимот од „Градски Парк". За сега единствениот кошаркар со договор е пранешниот репрезентативец, Мите Мираковски и тој ги очекува своите нови сооиграчи.
Извор
:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
I

[In]kognito

Гостин
Актуелниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, останува тренер на Работнички. Оваа вест за МКД.МК ја потврдува новиот претседател на најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас, Зоран Шишковски.

„Синоќа имавме состанок на Управниот одбор на клубот на кој решивме да му дадеме доверба на Лазовски и во иднина да го предводи Работнички од клупата. Станува збор за искусен тренер, кој е и актуелен селектор и кој заслужува да ми се даде шанса да биде предводник на новиот тим што се обидуваме да го создадеме. Тој беше со Работнички во може најтешките моменти за клубот и неговата лојалност и трпеливост не смее да биде заборавена“, ни изјави Шишковски.
Во игра за нов тренер на Работнички бил и Марин Докузовски, поранешниот селектор и најтрофејниот стратег во изминативе две децении во Македонија.
„Со Марин имавме разговори неодамна во однос на негово седнување на клупата на Работнички. Но, од него добивме одговор дека колку и да сака да се врати во својот клуб, сепак, во моментов не може поради тоа што има договорна обврска кон бугарски Лукоил Академик. Ние ја прифативме неговата аргументација уште повеќе што тој се понуди да помогне колку што може и како може во проектот за повторно издугнување на некогашниот гигант од ’Градски парк’“, дополнува Шишковски.
Решавањето на енигмата околу тренерот е првиот дел од проектот наречен „нов Работнички“. Следната фаза опфаќа создавање квалитетен играчки погон, кој ќе може да им донесе радост на армијата навивачи на овој клуб.
„Спортскиот директор Дејан Јовановски веќе е во преговори со одредени играчи, кои би сакале да бидат дел од Работнички во новата сезона. Но, додека не потпишеме договори не би сакал да шпекулираме со имиња. На почетокот од следната недела планираме одржување на прес-конференција на која ќе ја информираме јавноста за сите новости поврзани со нашиот клуб“, објаснува популарниот Шишко.
Еден од приоритетите на новата управа на Работнички е и обнова на младинската школа.
„Сакаме од младинската школа на Работнички секоја година да излегуваат плејада таленти, кои би играле во сите македонски клубови како што беше во минатото. Разработуваме план со кој би му го вратиле стариот сјај на тимот во делот во работата со млади кошаркари“, завршува Шишковски.
Извор
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
737
Поени од реакции
453
stramota kaj se sea cpb da zastanat zad igracite so ginea lani bez denar pola igraci nemaat nigde potpisano a od rabotnicki ne se ni kontaktirani, a gi kontaktiraat simonovski gocevski i sl koi lani kodnaaaa od kk rabotnicki posto nemase pari
 

jamaica cpb

iarba
Член од
16 декември 2008
Мислења
172
Поени од реакции
51
stramota kaj se sea cpb da zastanat zad igracite so ginea lani bez denar pola igraci nemaat nigde potpisano a od rabotnicki ne se ni kontaktirani, a gi kontaktiraat simonovski gocevski i sl koi lani kodnaaaa od kk rabotnicki posto nemase pari

цпб се тука и застанаа позади играчите кој веќе имаат потпишано за друг тим ;) тие што немаат потпишано се исконтактирани ;)
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
737
Поени од реакции
453
цпб се тука и застанаа позади играчите кој веќе имаат потпишано за друг тим ;) тие што немаат потпишано се исконтактирани ;)
popovicc zujovic dilberovski stojanov uros vasilevic nikoj od tie ne vi e kontaktiran
 
I

[In]kognito

Гостин
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10573
Досега потпишани играчи:

Јане Петровски
Александар Димитровски
Димитар Мираковски
Ненад Зивчевиќ
Стефан Крстевски
Љубо Младеновски
Ервин Цого
Никола Гоговчев
Марко Здравковски
Ненад Станков

во тек се преговори со уште играчи на центарски и бековски позиции од кои тројца странци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom