- Член од
- 31 мај 2009
- Мислења
- 1.233
- Поени од реакции
- 2.393
Ајде цитирај ме и кажи дали не е вистина сето тоа што е напишано ? И поточно кажи кој дел од тоа не ти е јасен ?Друже, си видел ли што имаш напишано погоре...
Ако мислиш за тоа што го пишав за Ф.А. и Ц.П.Б дека пред некое време скоро сите беа активни на запад, кажи сам дали не е вситина !
Дали не е вистина дека и Ф.А. и Ц.П.Б. еден период беа водени од луѓе од Комити ? Дали не е вистина е дека во фудбал сите навиваа за Вардар, додека во кошарка само беа поделени на Ф.А. и Ц.П.Б. ?
Всушност тоа беше период кога сите беа Комити !!!
Како за почеток на дискусијава... http://i55.tinypic.com/1972b6.jpg; :wink:.
Потоа кога беше поделбата, во 99та Лојал Фанс, повторно на иста трибина со Лојал Фанс членови на Ф.А. и Ц.П.Б го тврдам тоа, со докази, повели :
Знамето (коцката) „Centar BOYS“ и ден денес стои на трибина кај Ц.П.Б.
Eве го и „Service Crew“ исто така на трибина со ЛФ, лево најдоле
Заклучок : На фудбал доаѓаа сите на Вардар, и сите беа за Вардар тоа време, само во кошарка имаше поделба по место на живеење, Аеродром vs Центар/Карпош.
Значи ривалството меѓу нив не можело да биде толку големо, пошто на фудбал голем дел од нив биле заедно на иста трибина .
Иначе и сега сите навивате во фудбал за Вардар Ф.А и Ц.П.Б. (во фудбал) само што не доаѓаат сите активно на трибина со Комити како порано. А некои и не признаваат дека навиваат за Вардар, сигурно не навиваат за Ренова ? . (ФУДБАЛ И КОШАРКА СЕ РАЗЛИЧКИ СПОРТОВИ, НЕЛИ ? ИЛИ НЕ )
Се знае Вардар е клуб за кои навива цело Скопје, Комити е група што е гордост на цел град и може да собере највеќе луѓе од сите населби и краеви на градот.
Така да за традиција, историјата на Скопската тифо сцена и случувњата во Скопје на навивачку план ги знам многу добро од времето кога сите беа Комити вклучувајќи ги и Пирати и Лавови.
Пирати и тоа со знаме на гостувањето со Комити во Битола 93та од 1:05 до 1:12 убаво се гледа белото знаме Пирати на ограда кај Комити !
А за Лавови да не правиме муабет, нивниот воџа минатата сезона беше активен со Комити на неколку пати на трибина со навивање ! Исто така и основачот на Лавови (секако екс Комита) минатата сезона беше присутен на едно гостување !!!
Цела Скопска тифо сцена е излезена од матичната ЗАПАДНА ТРИБИНА. Ова е факт кои го тврдам со поткрепа на аргументи, факти и докази. И Шверцери се оформени од член кој бил активен со Комити ! Исто така и сегашните најголеми ривали Чкембари имаат доаѓано до 1990 година на запад се до тепачката со тогашните Скопски панкери.
А тоа што сегашните деца ги лажат некои типци за историјата на групите и немаат респект кон името КОМИТИ кое е свето, и нивните воџи се излезени од таа трибина и нивните татковци биле Комити ! Деца што не се свесни што праат, пцјуат по името Комити и Вардар, не се свесни како е настаната нивната група, и на која трибина биле активни нивните предци !!!
Само еден ден ќе си дојдат работите на свое место, ова да ви биде јасно на сите. Ќе сватите еден ден...
Сакаш да кажеш дека ривалството Ф.А. - Ц.П.Б е поголемo од Комити - Чкембари ???Ни јас нема да се сложам со тебе, баш дека се од ист град многу поголемо е ривалството, точно е дека многу од нив се познаваат лично, но тоа се поединечни познанства и толку, утре да се сретнат у град обоени едните во црвено другите у плаво ќе заборават на другарството, исто така имало и доста тепачки на база аеродром-центар и ЦПБ-ФА у град и во денови кога немаат никаква утакмица ни едните ни другите, туку едноставно се сретнале во град, омразата е ОГРОМНА, имам лично другари и кај едните и кај другите и омразата буквално е огромна.
Ти уште изгледа незнаеш што е тоа ривалство... можеби затоа што не си навивач ? На која група припаѓаш ?
Дај не лупетај без везе... тоа дека се од исти град може да биде големо само ако се работи како на пример Комити и Шверцери, по национална и верска осонова. А кај Ф.А. и Ц.П.Б пола од дечките меѓусебно се знаат од средно школо, колеги на факултет, лични пријателства, колеги на работа, се дружат меѓу себе, се гледаат секојдневно, заедно излегуваат по Скопски кафичи и дискотеки итн !
Година, 2002, од 16 часот Вардар - Слога на стадион, потоа од 18 и 30 часот МЗТ - Работнички во Јане Сандански. По завршувањето на Вардар - Слога, сите се упатуваат кон Аеродром во сала, каде еден дел одат на едната трибина, друг дел на другата, а сите со реквизите од Комити, и едните и другите !
Тие што се постари знаат за ова, а тие што не сте биле активни тоа време подобро не реплицирајте, него прашајте ги постарите да ви објаснат добро за таа случка, но и за другите работи од минатото, само замолете ги да не ве лажат, него да ви кажат искрено се како што било.
Од тука на форумот едниствено членот „Skopje2010“ има кребилитет да дебатира со мене за тие случувања, затоа што бил на трибина активен тоа време.
Вие останатите ако не знаете не тресете глупости.
П.С. Поздрав и до Ф.А. и до Ц.П.Б
:wink: :wink: :wink: