Сакам гласно да размислувам на темата Еурофарм Пелистер.Тоа и ми го овозможува денешното време иако моето мислење е апсолутно небитно.
Според мене ова што се случи е приватизација на РК Пелистер. Клубот не е повеќе на граѓаните на Битола, туку има газда.
Прашањето на континуитетот е илузорно. Што е тоа што го определува семејството (клубот)? Куќата (спортската сала), таткото на семејството (сопственикот на клубот) и членовите на семејството (спортските работници).
Што нема да биди Пелистер во Еурофарм Пелистер?
Куќата е иста, спортска сала Младост.
Новиот газда е воедно и најдолгодишниот претседател на РК Пелистер 1983 - 1999
Силјан Мицевски се што основал е Пелистер, градежното претпријатие му се вика така, па тој има кафана во најстрогиот центар на Скопје што се вика Пелистер.
Сите спортски работници во клубот се бивши легенди на РК Пелистер.
Никола Митревски не е Пелистер? Алушевски не е Пелистер? Па тие научиле да одат во Пелистер.
За мене прашањето на идентитетот е апсолвирано.
Е сега доаѓаме до најважниот елемент публиката. Публиката на легендарниот Пелистер беше 5 до 6 илјади разулавени навивачи во сала за 3 илјади луѓе, во која противникот доаѓаше да изигра и да спаси жива глава. Таа публика веќе ја нема. 70 % од тие луѓе веќе не се во Македонија.
Со текот на времето и сите непогоди што му се случија на клубот таа публика се сведе на 500 до 1000 хард кор публика задоена од на времето, и стотина навивачи кој кога ги имаше, кога ги немаше.
Работник со настапите во лига на шампиони успеа да инволвира уште одреден број на неутралци, кои сакаат дешавки, ама тоа е минимално.
Во превод Еурофарм Пелистер во моментот публика нема. Но тоа не треба да загрижува никого. Тој новиот прецедател, прв пат го гледам, кажа убаво, времето не ни беше фактор, работиме на долги патеки.
Публиката е награда за сработеното, и ке си дојди самата ако се работи добро.
Има различни начини како да се инволвираат различните слоеви на битолското општество.
Не треба на никого да се удвараат, или да прават популистчки потези, треба само професионална работа, со акцент на Битолскиот и Македонскиот карактер на клубот.
И нека му ја мисли Циле за нова сала, инфраструктурата е основен елемент за јак клуб.
Еурофарм Пелистер за брзо ке атакува на титула во македонското првенство.