Леле, греој.
Не изрешета бековската линија на Бутел, просек 1.80, лекција по ракомет од Печенко, и тој 11ката,не отепаја другарчињата, свеста ни ја зедоја.
Јошко ја еба скроз овде одбраната, со 6-0 килава одбрана против доста подвижна игра во напад на Бутел, каде бе со Папата и Петров на 3 и 4?
Не бушеа по лева страна, или левиот бек се креваше на шут, Ивица, во Охрид шо беше, шутерски тренинг, или на Мајиќ и на то глувчето му праеја вишоци, не изреметија, на крај малце ја затворија дупката со Стоилевски како лажен фластер, успеаа некако овде да ги изреметат, иначе ќе не бушеа до крај.
Скроз статична одбрана.
Клај го Ѓупако, изремети ги малце
Голманите муви бркаја, додуша појќето шутој од дистанца и тешко се бранеа, дијагонали в ќош, ама барем 3,4 шутој низ раце му поминаја.
Ништо не прајме со овие, скроз нестабилни се, ама не е само кај нив вината, одбраната попара.
Судењето, на наша страна.
Не заебавајте, 10 исклучвања за нив, за нас ниедно.
Во второ најмалку 2,3 топки ни дадоја, еден пенал чист не му свирна, Петров во прво чист престап напрај му го призна голот.
И со домаќинско судење да се тресиш, греој.
3 пенали промашени, 5 чисти зицери, еден куп технички грешки.
На крај се изгубија нашите звезди, рачињата му се секоја,
Борјанчо аматерски му ја поклони топката, без веза шут, Кобетиќ глуми глобротер, наместо мирен финиш тресење до крај, среќа шо Печенко статива мана, ги извај од патики нашите, џабе две глај се над него, ги отепа во последниот напад.
Многу слабо, попара екипата е.
Без десен бек, без голман, без централен блок, без пикер,
Ако не дојдеше Дрогата од последните 4 кола ќе имавме НУЛА БОДОЈ, и ќе се спремавме за плејаут,
Маџоски го отепа Јошко, по 60 минути, одмори го бе, умре детето.
Пола екипа треба бркање овде.
Ништо не прајме вака.
Со Пролет не можиме, со Бутел дома пред 1500 публика се тресиш до крај.