- Член од
- 28 септември 2011
- Мислења
- 696
- Поени од реакции
- 908
Ama ko odese rabotnik rekol deka nikogas poke neki da igra za pelister
nema da ima “spojuvanje” oti tusniko baral 75% od akcite a sakal da vlozva pomalce od opstinata taka mi kazaja nezz kolku e vistinaЛуѓе не можам да ве разберам стварно. Заради вакви бесмислени разединувања страдаме како народ.
"Спојување" е убедливо најдобрата опција за ракометот во Битола без разлика како технички ќе се изведе тоа. Дали Пелистер Еурофарм или Еурофарм Пелистер би се викал тимот е сеедно. И на Пелистер му е во интерес да ги добие финансиите од спонзорот Еурофарм, и на Еурофарм му е во интерес да ја наследи славната историја на клубот. Совршен склоп за спојување на заедничките интереси. Работник ќе си остане да биде она што суштински и требаше да биде - екипа за развој на млади играчи. Наместо сплотеност околу едно вакво одлично решение со кое ќе има некакви шанси и резултатски ракометот да се врати на повисоко ниво во Битола, вие порадо би да цркнат двата клуба отколку да се крените заеднички. А од спротивната страна и Металург, па дури и Вардар по цела деценија, ја подотвораат вратата да бидат победени во следнитет неколку години. Дали за вакви ситни кавги вреди да се пропушти таа шанса?
А за играчите, па реално ако стварно се спојуваат 2те екипи кои играчи вие мислите дека би останале. Најголем дел од играчите секако би биле од Еурофарм Работник, затоа што имаа подобар состав - не им падна од Марс тоа 3то место.
Од Пелистер секако во комбинација можеше да бидат Орјоникидзе, Јагуриновски, Димитровски, Петров и Чантурија. Во случај на спојување другите секако нема што да бараат. Чуриќ евентуално, ама при толку леви и средни млади македонски бекови во другиот табор бесмислено ќе беше да го задржат. Е сега во ситуација кога Орјоникдзе сака да оди во појака лига и Јагуриновски бил на позајмица останатите 3ца само останаа.
А и од другата страна се поклопуваат коцките. Златко Мојсоски си замина во Бутел и ја отвори вратата за Чантурија во евентуално спојување. На пикер и онака главно чкрипеа, макар што со Н.Маркоски се стабилизираа за идната сезона. На лев/десен бек секако имаат солидни македонски/битолски играчи од типот на М.Петровски, Дрогришки, Крстевски, Пецаковски, Чурлевски.
Целокупно гледано може да се склопи добра екипа, со солиден буџет и за дополнителни засилувања. Помладите комплет во помладиот тим - Работник. Нека се калат цела сезона - можеби и ќе опстанат во лигата.
Има реален простор по скоро 20 години ракометот во Битола пак да бде на едно повисоко ниво. Греота е да се пропушти шансата....
Кошаркарот толку многу ќе го спремат шо предвидват за 2 години и за репрезентација да го зематКоки Петров официјално наш играч, откако минатата сезона ја помина на позајмица, освен ако не потпишваше денес продолжување на позајмицата Бог знај
Пелистер и се е можно, никој ништо не кажва, клубот функционира преку фб само
Претходно ги продолжија договорите на тројцата голмани и Ниче, а официјално заминати се: Орјоникидзе(Ференцварош), Чуриќ (?), Митиќ (?), Јагуриновски и Маџовски и двајцата биле тука на позајмица и си ги враќа двата Металург....
За спојувањето на двата клуба, Циле не е проблемот, проблем е зет му негов, кој е прв чоек во Работник и тој не сака ни да слушни за такво нешто, му кажал демек ако има план за такво нешто овај ја земал екипата и одел Скопје и таму ќе ги играл утакмиците, највероватно ние и натаму ќе си тапкаме место со општинскиот буџет, иако и јас не сум за спојување, не ќе му прајме сега ладила на аптеките, иначе Циле ако беше факторот ќе го излажеја со некој тендер во РЕК и со некое место плус во касарната за згради и ќе ги турнеше гаките тртлото.....
Џабе е се кога ќе ви кажам дека зедоја КОШАРКАР, кошаркар кошаркар од Фени кој го спремат за лев бек во РАКОМЕТ.
П.С. Затворајте ги темите ФК, РК нема спорт во градот дефинитивно, ова не да е допрено дното, -100 заминавме под дното