Фан клуб: РК Пелистер

Член од
5 јули 2017
Мислења
139
Поени од реакции
59
Дами и господа пишувачи на овај форум стигнавме до моментот на вистина дека "СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ" од сегашната управа кои се добро платени за нив "ДОЈДЕ ЖИВОТОТ" освем за ракометарите. Денес дознавме дека од 15 ракометари 11 го напуштаат клубот. Она по кое плукаја и плукавте сите за предходните дека го уништија клубот, сега дефакто овие денешните го УНИШТИЈА сега се молат да има ФУЗИЈА за да си го спасат образот. Додека ја чекаме фузијата Циле веќе донесе засилувања, но на крајот не е важно што прави Циле важно е што прават овие добро платени "СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ" дали плунката му падна на фацата па сега се во тотална амнезија па не памтат што изјавуваа. Ние моментално сме клуб со 3 играчи клуб со 2 плати минус со разнишана доверба од страна на сите и со недефиниран буџет за следна година. Битно Канцелариите ги отворивме и ги претворивме во Спортско Бифе кое служи за Пијанчење на дел од управниот одбор. На десет пресови како било абе дечки како ќе биди тоа е прашањето ако имаст доблест оставка од сите. УНИШТИВАЧИ НА БРЕНДОТ ОДЕТЕ СИ ДОСТА БИТОЛА ВЕ ТРПИ. УПС АБЕ ДВОЈЧЕ Е КРИВ!!!!!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Зошто не разбираш дека исти сте сите?
И овие и вие што бевте. Сите си гледа(в)те личен интерес во и од клубот. Всушност целиот ментален склоп кај нас е таков. Секој си гледа да си го наполни џепчето, а дека зад себе остава пустош тоа ич не му чуе.
Порано муабетот беше дека сѐ освен титула за Пелистер е неуспех. За после 13 години да дојди време Тинекс Пролет да е постабилен од нас. И за тоа се виновни сите досегашни управи.
Штом си дозволивме политиката да влези во клубојте ќе е вака. А не гледам во блиска иднина да се промени нешто.
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.082
Поени од реакции
1.908
Во 90% од објавите Пелистер123 треси глупости и пиши исти те исти работи ама за една работа е во право да беше сега старата управа и да се десеше истото ова шо ова година му се деси на Пелситер овде ќе се фрлаше со дрва и камења и ќе се пцуеше по сите...
А сега не нема некако сите ќутиме зошто???
Ова шо се деси со Пелситер е најголемата мизерија бе.
Фрлени еден тон пари зошто? За да завршиме зад ПРОЛЕТ БЕЕ АЛОО? ПРОЛЕТ ТАКА? со деца пред нас завршија во играт за плата од 12000 денари...
Засраметесе сите и играчи и сите посебно управата вие сте најголемите кривци за ова баравте шанса етеви шанса и се посравте реално бе да се посравте го избркавте Стевче то е нешто шо ќе бе обележи како управа шо и да напрајте друго то ќе ви се памти.Зедовте играчи шо воопшто не ни требат а кај шо треба не донесовте НИКОЈ !
Сега ви бегат 90% од играчите останват само Битолчаните пак и шо ние секоја година секое лето истото АМБИЦИОЗЕН ПРОЕКТ ОД БИТОЛА СЕ БУДИ ЗАСПАНИОТ ЏИН СЕ ВРАЌА ЦИЛЕ НАПАД НА СЕХА ЛИГА И 42624 ДРУГИ НАСЛОВИ ВО МЕДИУМИТЕ АБЕ ИСТО ПА ИСТО НАСЕКОЕ...
Клуб не бива со сменвање на 3 тренери годишно секое лето носење на 10 нови играчи недавање на плати итн.
Па го пуштате Корлето онде да плачи по пресој.Знајме дека беа греој тие пред вас дека ги болеше за се ама и вие не сте нешто поарни престанете да плачите баравте шанса добивте сега шо сакате прајте ама исполнувајте то шо ветувате и шо кажвавте дека ве бива !
Наместо да ги задржите Томи Жарко и други млади играчи шо ги имате вие ги испуштате така лесно од раце.
На Чкембарите не му чинеше претходната управа на чело со Тодорче не идеа да навиват сега кој не му чини за живи шо ги нема? Тото или Рамбо кој???
Се е у курац ојдено овде од нас клуб поќе никогаш нема да биди
Излезете на еден посран прес на чело со директорчето од рек шо мавташе со шалој на магнолија по митинзи и кажете се кој бега кој останва буџет за наредна сезона шо планирате друго ќе има нема фузија излезете бе луѓе доста се криете и правдате со претходните резултати се барат од вас сега тука ако не можите кажете вака и вака е ситуацијата ќе вложиме малце сртедства не барајте ниакков резултат и готово а не онде не врзвате и Пелситер 2 ќе сте праеле дека Пелистер 1 го средивте па уште за втора екипа сме ние греој...
Доста не заебавате сите со години преку Стојко ни дојдовте !!!
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Се чека фузијата, само зетчето на Циле ја кочел работата тој не бил за фузија, од овој Пелистер бега цел тим, се прат напори само Чуриќ да се задржи и Резо (односно да бидат префрлени во појјакиот тим ако се прај фузијата ) другото метла јади, Томи овде беше на позајмица и си го враќа Металург назад, Боки уште лани сакаше да си оди поради намалување на платата, па еве и тој си замина....
То е то в година ќе си навивате за играчите на Еурофарм, тие ги задржват подобрите играчи плус ете ги земат Никола Маркоски, највероватно и Гуглета, а преговарат со Никола Митревски и Џомба крилото големи се шансите и тие да дојдат....
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Ako ima fuzija, to nema da bidi fuzija, tuku kapitulacija i zgasnuvanje na klubot... igracite od pelister ke si odat, dva trojca ke se prefrlat eurofarm i tolku...
Spored mene poarno e pelister da odi vtora liga i da igra so mladinci, barem ke go zacuva likot, pa ke dojdat pobobri vreminja nekogas...
Eurofarm nukogas nema da ima publika vo bitola, i tie sakat da dodadat pelister vo imeto za reklama... koga ke izlezat vo plavite dresoj na cile, so bivsite igraci od metalurg, to na pelister ke lici?
Nie sakame bitolskite firmi da dat pari za sportot vo bitola, a to e najgolema zabluda... eurofarm, pelisterka itn... se firmi registrirani vo skopje so filijali vo bitola... i toj so go spomenuvate zetot na cile prasanje e dali zivej bitola... i tie si investirat vo skopje, od bitola samo vlecat pari...
Taka da poarno opstinata da se otkazi od klubot, pa neka si gradat kruzni tokovi, fontani...
Klubot da si odi vo vtora liga i da ceka podobri vreminja, a eurofarm neka si ja tera svojata prikaska, so sreka...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Сезонава Пелистер го допре дното.
Толку турбулентна години немало- фамозни спонзори, 100 странци, 3 тренери, 5 управи се сменаја, 500 члена на управа, од се по малце, само резултатите изостанаја, нула од сезона.

Не дека Пролет не бил пред нас и пред ова сезона, бил, се пласирал во Челинџ, сме јаделе казни итн.
Срамното е шо сите овие неколку сезони од ко не "спаси по којзнај кој пат Циле" се фрлија сигурно над 400 К,( асе се точни информациите за буџетите), сигурно се и појќе, се за џабе.
Настрана парите шо сега ги фрлат по извршители и допрва ќе ги фрлат зошто тужбите против клубот секој ден се зголемват и расходите ќе одат нагоре.
Значи сумата шо се фрли е огромна, ( за македонски услови ), колку да потсетам колку се сменети времињата, во 2005 ко освоивме титула Пелистер имаше буџет од најпојќе 250 К.
А сега, со разно-разни Арсиќи, Чачиќи, Брауновиќи, Митиќи и егзотични ФБ африкански појачања Пелистер е на петто место, зад Пролет кој 100% нема буџет поголем од 50 К....
Сезоната ја завршва зад екипа како Тинекс Пролеќе, да не се навраќам кој се и шо се другарчињата, како и да е, за нас моментално се институција, за жал, секоја чест за нив, ни дојдоја среде Битола без грам респект и не ишлакаја машки, ни удрија салам ќотек,така се игра во гости, не ко нашите, без самодоверба шо влегваја во појќето утакмици, заслужено се таму кај шо се, еве и да не калкулираја Цилелурзите во четвртокот Пролет покажа како се игра на домешен терен, а не ко ние, ко изгубени Германци, при прва криза во игра се распаѓавме како кула од карти, сите не чекаја да падниме и не толчеа, а неминовно беше дека со овај играчки кадар пад во игра мореше да се случи, та е екипата, без ротација на бек без одбрана, нема шо да се бара појќе, не смеј да се замери на играчите, се бореа колку шо можеа, нема збор овде, то шо немаше баланс екипата то е друга работа.
Шо ќе се прај муабет?
Во сезона ко го имаш најслабиот Металург од 2005 досега, Охрид полураспаднат иначе гарант пред нас ќе беа, ти завршваш 5то место, а фрлаш над 200 К, ( сигурно и појќе беа)...
Пелистер прими 89 гола на две утакмици со Вардар, среде Битола, со третата постава на Вардар, в сала штама, сеедно, и така нема никој в сала, појќе имаше в сала народ на финале Вардар- Металург:tapp:.
Ти иди Цилелург овде, екипа формирана од лани, и мајтап ти прај, те моча на терен на 3 утакмици, а до пред само 7 месеци го изметивме паркетот со нив.
И никому ништо, сеедно ни е, напраени сме како некоја младинска екипа на која не е и се приоритет резултатите, туку то шо ќе мисли ФБ заедницата за нас.
И по толку пари фрлени до кај сме, до нигде?Никаков ефект, ништо, барем тие пари да се даеја за децата, да се изваеше макар ( еден ) играч овие години и да речевме, добро е, остана нешто, ние шо напрајвме?.
Ништо, тотално промашување, нула....
Носиме играчи за еднократна употреба, позајмени, странци од Ју Тјуб, Чачиќ го носиме на 60 години,:pos:се трупат играчи на позиции кај шо немаш апсолутно никаква потреба од таков играч, тренери се менват небаре ПСЖ сме, којзнај какви амбиции имавме па сега до тренерите беше:icon_lol:, спонзори кој стигна носеше:masa:, видовме, се видовНе.:kruna:
И сега како кулминација, ќе се се фузирале со клубчето на чоеко шо ни ги мана клоците по којзнај кој пат, шо даваше пари за реклами на МТВ, спонзор РФМ, а за Пелистер не најде ни 1 минута време јавно да кажи било шо, сите овие години ајде беее, мрш таму.
Секој месец различен спасител на клубот, од толку спасители клубот на ова дереџе дојде.
Не е поентата да се кажи најдовме спонзор, ете и во фудбало го најавија Цермат како небаре Газпром влегва, со договор потпишан за преземање на клубот па видовме шо излезе.
Договор во кој имаше еден куп недостатоци, од сумата шо требаше и мораше да ја вложи до одговорноста шо требаше да ја сноси како газда на клубот.
Не е исто сума по договор ОД 380 ИЛЈАДИ ЕВРА и сума ДО 380 ИЛЈАДИ ЕВРА, е во фудбало беше она второто, настрана шо не си исполна то шо требаше да го исполни, иако за се имаше потпишано.
Исто ќе биди и овде, ако сака и 10 договори да презентират во јавност џабе е, се додека не се почни да се работи.
Со луѓе ко Циле и компанија ( партијата):backa:, шо гледат во Пелистер само како шанса за нов тендер, плац, парцела и во прва прилика да го остат на цедило клубо нема шо да се очекува, и не треба и не смеј ништо да се чека.
Настрана шо се шо беше поврзано со Циле и Пелистер излезе со лош крај, небаре турска серија, така да фала за то шо го напрај до 98 ма за клубот и чао пријатно.
Клубот ако сака да биди клуб мора да раскрсти еднаш со минатото, со старите грешки, не можи бе исти луѓе да се мотат 20 и кусур години, јас бев копиљак и истите муабети ги слушам како и сега, а поминаја 20 и кусур години, до толку сме заостанати, греој сме.:shook:
Барем ако не можат да го вратат клубот на некоја правилна насока нека не му ја земат душата, нека си остани клубот онај оригинален Пелистер шо сите го знајме, без додавки, придавки, па плави да биле дресојте, па Работник да се викал, па вака да било, ваква придавка, овај да бил тој да не бил- ајт таму....
Кога тогаш ќе се врати некогаш клубот, надежта последна умира, иако во случајот кај нас умрена одамна е.:icon_mrgr:
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Ни фузија ќе има ни ништо...
Управата заинтересирана била за Мајиќ лево крило од Радовиш :facepalm:
За кој курац нас ни беа Маџовски и Јагуриновски? Позајмени играчи шибаја овде по 60 минути утакмица, редовно стартери...
Претходно и другиот Маџовски, Даниловски, ништо чудно и овој Петров да е така пуштен... Па ние сме права филијала на Металург :facepalm: Без пари ни ги зедоја Дрогата и Фитиљо пази репрезентативци, а ни пуштија од вториот тим некои распади да се учат кај нас и то е то, сега си ги вратија готови играчи собраја искуство овде и чао здраво. Па ние бевме клуб шо го продаде Лазаров за астрономски тогашни 100К марки на времето на Загреб, тие другите шо сакаја да бегат Моцарто не им ги даваше пасошите, никој не смееше да писни... Сега дојдовме да не ебат в мозок разно разни шарлатани овде :sick:.
А во меѓувреме ги имаме и Ничето и Босето кои се по 26-7 години и собират искуство на клупа тие :X3:. А кога ќе добијат шанса тие 3-4 деца на крајот од клупата шо седат? Или тие малишаните Заре шо ги тренира... На 35 години ко Папата шо доби.
Од друга страна не можи да не се кажи и најголемиот резил шо деца од Скопје се борат повеќе и гинат на теренот спрема тие домашните шо ги имаме :notworthy:.

Од цела политика ние шо ја имаме и према странци и према играчи од нашата школа, сите пре би играле во Охрид или во Пролече за 200 евра него да дојдат кај нас за 2500 евра. Нашите се накурчени шо дремат на клупа и се 4-5та опција на позицијата и не добиват воопшто ни шанса ни плата редовно, странците ко ќе дојдат ги лажат, му чукат договори кои не можиме да ги исполниме и тие ќе видат не ќе видат ќе си заминат ко ќе се соберат 3-4 плати шо се борџат...
Немам јас видено, во случај кога си со отепан буџет да носиш странци за ротација. Се знај, прајш екипа од домашни играчи и странец се носи таму кај шо нема соодветен играч и само под услов да биди поквалитетен од тој шо го имаш, ако го имаш...
Овде се истоварија последните 10-15 години преку 150 играчи, ни видени ни чуени, стари, доодени, млади шо топка немале фатено... Се имат истурено грдни пари за станој, сметки, лиценци, јадења, плати... И на крај резултатот е тоа шо салата зјај празна ко ќе игра Пелистер. Цревата му се вртат на народот од секој нареден потег шо го прат во клубот... :unsure:

Глата на трупец ја клавам дека Михајло и Начевци кои имаа патолошка омраза према Пелистер и Битола, да дојдеа 2005та како управа и да останеа до ден денес, немаше на вакво тереџе да спадни клубот. Од сите овие ликови шо продефилираја во управата единствено една комедија да напрат во театаро за нив... Пошто ни некој ќе ги суди шо се изнакрадија ни ништо.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Tomasino i william tell kazaja se ... i tocno ke napraja edna komedija vo teataro, ako i nego ne mu se deseshe istoto ko na pelister...
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.137
Поени од реакции
1.314
Фузија не можи и не смеј да има а и нема потреба, едноставно требаше да се доближат двата клуба односно спонзорот на работник да биде спонзор на РК Пелистер и од двата клуба да се напарави една подобра постава и една резервна од млади перспективни играчи кој од втора ќе ја чекаат својата шанса. Но нема кој да попушти управниот одбор на РК Пелистер не сака така лесно да се откажи од дневниците а Циле не сака луге како Техничкиот директор и компанија во клубот кој тој ќе го спонзорира и едноставно продолжува истата тактика во клубот да не се знај кој јади кој пие ќе помини годината ќе исперат 250 К народни пари и повторно другата година истите приказни за јак и стабилен РК Пелистер.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
мене најголем печат ова сезона ми остаја пиците од кај шведскио насечени на 1453те отворања на официјалните простории на клубот :D
и иконите..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Чурлето е слободен играч.
Ако сега не успеат да го земат детето и да го врзат на договор нема шо да се прај муабет.
Имаш играч за наредни 10 години.
Само да му се дат одврзани раце да игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom