Фан клуб: РК Пелистер

gnasno dete

бош чоек
Член од
23 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
59
Премногу ја преувеличувате цела работа,како прво за Пелистер беше ова ревијален меч се бореа колку шо можеа се знаеше на крајот како ке заврши тоа и публиката го знаеше зато и немаше тензија никаква,за Чкембарите пишите биле малку,па беа малку кога немаше никаква ни мобилизација ни најава нити желба за нешто поке крај краева кој сака да гледа некој друг на твој терен да слави титула.Читав послем утакмица се сликале со ракометарите на Металург,да се сликаја ама се сликаја и со на Пелистер ракометарите и тоа само деца од 5год.Требало чакмаци да се фрлат на крајот ко на времето,не оти сега казните и од федерацијата а и за поединци се драконски,за клубот организатор 150 000 ден мислам дека е казната за фрлен тврд предмет.На крајот последните 10/15мин салата ечеше за Пелистер и двете трибини имаше супер атмосвера за инает на сите,на крајот кога заврши утакмицата кој даде аплауз даде,ама поголемиот дел пееше анти металург и за пелистер.Ке речите купот сме го забораиле,кога збораме за купот јас мислам прво треба кај нас некој луѓе да го јадат стапот па после скопјаните! А за сликата заедничката е напраена откако веќе се исликаја и металург и Пелистер поединечно и на крајот една заедничка напраја ,ништо страшно.А вчера на место од металург да беше вардар ке беше подруга песната со оваа малска екипа немаме ривалитет не заслужуват ништо друго освен ВЕШТАЧКИ КЛУБ АЛЕА Е МЕТАЛУРГ
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Малку и за натпреварот:

1. Не се согласувам дека Металург бил опуштен. Прилично сериозно делуваа и максимално концентрирано влегоа во натпреварот. Червар стандард креваше паника на клупата. Металург помалку ротираше од Пелистер. На Вугринец, Димовски и Миркуловски маста му излезе цела утакмица играа.
2. Пелистер се држеше добро првите 15-20 минути дури имаа некоја уиграна акција и им одеше на Дрогришки и Георгиевски. После тоа излезе Металург со ми се чини Манасков малку понапред на лев бек и се изгуби цела екипа. Уште три уиграни акции цел натпревар до крај дали имаше. Се друго импровизација, игра на талент, по инерција.... Тренер и поставување на јасен долгорочен систем мора да бидат приоритет летото.
3. Одбраната на пикер катастрофа. Ванчо кога прв стигнува до сите топки и е побрз од одбраната се е кажано...
4. Шутирањето на пенали :facepalm:. Џабе ги менуваше играчите кога сите шутираа ама баш исто и на исто место. До таму стигна работата што дури и Ќани се изнервира после пеналот на Кузмановски и почна да му вика нешто. Пеналите реално ја направија разликата. Да ги погодуваа, лесно можеше да се случи да се треси Металург на крајот.
5. Ми се допадна што се направи атмосфера во финишот иако веќе реално и се знаеше дека е изгубен натпреварот. Така треба да се бодри клубот и во победи и во порази. Не ми се допадна лименката пиво фрлена по Ванчо. Па тој не ја слави титулата тука за да му се сити на публиката. Што требаше да не ја прифати титулата? Последен натпревар е таков е протоколот. Само казна непотребна може од таа лименка да се добие.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
Да, далеку беше од опуштен Металург, со сите сили беа мобилизирани и за секоја топка гинеа.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.445
Проблемот е што Пелистер е слаб и вистинските навивачи не одат на утакмица, останаа само дел од Чкембарите. Со Металург и Вардар беа деца што гледаат ракомет од европското во Србија наваму. Јас буквално сум растен во салата како и многу други, од наптреварите во челинџ, против Сан Антонио со Балиќ, атмосфера која никогаш нема да ја заборавам, ги чувам сеуште картите од челиџ и од Селта Виго итн. Е сега немам бидено на ракомет од со Адемар и купот кога беше.Нема никаков жар од тогаш. Оваа сезона немам бидено ниту еднаш и искрено немав лице да одам против Металург кога не сум бил никогаш, тоа е одење да го гледам Металург а не Пелистер. Сигурен сум дека и многу други во Битола размислуваат исто како мене и затоа не беа вчера да даваат 100 денари за Металург за разлика од кремчињата што беа.

Со експанзијата на Металург и Вардар се случуваат овие работи со навивачите низ цела држава. Сигурен сум дека 70% од тие вчера не знаат како се вика жена му на Мојсовски. Исто како пола од тие што одат на Вардар што не знаат ватростална која е.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
6
Поени од реакции
1
Се согласувам со скоро се што напиша Xsago за навивањето.
За тоа дека се фрлале предмети порано и дека не можеле да останат во сала и.т.н. било некогаш. Сега ако се потвори има големи казни, ако има поголем инцидент може и салата да ја казнат, да забранат публика па и играње во неа. Така да тоа фрлањето на предмети не знам дали ќе помогни на клубот некако. Ете може да видите какви казни добија Металург и Вардар за фрлени предмети и тоа само за 1-2, а да не збораме за дожд од предмети.
За тие новите навивачи што сега се појавиле после европското во Србија, да има, ама тоа се новите генерации и тие ќе одат на натпревари во иднина. За тоа како се навивало на утакмици порано, со Металопластика, Лемго уште за време на Југославија, тие слушаат само од постарите, не биле родени тогаш. Така да тие кои памтат како било тогаш само ќе се потсеќаат на времињата и ќе гледаат како навиваат новите генерации. Или нека седнат, нека ги организираат и нека ги научат и покажат како се навива.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.137
Поени од реакции
1.314
Ne znam zosto tolku ste revoltirani od publikata na vcerasniot natprevar bila vakva bila takva. Kolku sto pratam jas rakomet a pratam 30 godini, vakva publika imalo od sekogas samo plus 3000 oljadi strasni navivaci i ja potisnuvale sekogas mirnata publika. Na fcerasniot natprevae imase mirna publika i 50 do 100, navivaci i sega kade e problemot zosto ckembarite ne dojdoa vo pogolem broj pa da bide kako porano. Bitola od sekogas od toa pati sto nie sekogas greskite gi barame kaj drugite.

Sent from my GT-S6310 using Tapatalk
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Како шо кажаа на вестите од МТВ рекоа еден оди дирекно во ЛШ др во квалификации третиот оди дирекно во ЕHF сега дали во групи (а не ми се верува тоа) или само еден натпревар до групи не се доискажа а четвртиот одел во квалификации од најдолу
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
После гледам сте ги почастиле во Белведере и пак сте се сликале машала :icon_lol:
DSC_0082_resize3.jpg
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
РК Пелистер којзнае колку време плата немаше платено а камо ли некој да части во Белведере.
Сами си се частат а тоа се луѓе што гледаат спорт само репрезентацијата кога игра или пак полошо, дел од оние што вчера свршуваја на РК Металург.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Охоо шо гледам, Пиратчињата биле вчера в сала:нинџ:прва екипа:vozbud::drk:,,во кежуал варијанта,изгледа во ложата седеја со чика Минчо,па после си опнаја кошулче да прослават титула...:vozbud:
Ееее колку е заебан спортот,некој плаќа за да има навивачи,имат пари,имат се,немат навивачи,немат ништо,,ама ете со правилна политика и реклама напраја нешто ја полнат салата,имат успеси,од малски клуб станаја вистински гигант,ние ја имаме(или ја имавме):( најголемата ракометна навивачка армија и за шо?за џабе,ко не знат да ја вратат публиката в сала...:facepalm:
Ко нема кој да работи,ко нема кој да напрај нешто,ко нема луѓе со визија,со желба да сменат нешто,да тргни на подобро работата,а не треба многу.....:mad:
Зато ќе си се тешиме само вака,ќе си тепаме чамче муабети,ние на форуми,"управата" ќе ни реплицира на ФБ,вистинската управа е OFFLINE одамна:нинџ:,си брчиме само овие вака оние така,оние биле вештачки,овие биле платеници,а ние шо сме цела сурија легионери,од нив само двајца играт,5 души се на платен список за џабе,уствари не за џабе,служат за статисти за сликање и парадирање со торбици по Широк Сокак како онај индијанецо Ракочевиќ:pipi:....
Вакаруз го зедоја фудбал да игра,барем прај нешто дечкото...:vozbud:
Ех бе Пелистер Пелистер...до кое дереџе дојде?
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
Слушнав од информации од играчите дека требало дресовите да ги фрлат после утакмица, ама спортскиот директор не им дозволил. Не знам колку е вистина ама срамота е ако е така . :pos:
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Слушнав од информации од играчите дека требало дресовите да ги фрлат после утакмица, ама спортскиот директор не им дозволил. Не знам колку е вистина ама срамота е ако е така . :pos:
Играчите на Металург требало да ги фрлат дресовите , или играчите на Пелистер ??
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
и шо ако се поздравиле,честитале и славеле заедно ?! па класи се над нас воиграни веќе подолг период,стабилни финансиски,тренерски и играчки,ова не беше натпревар маало на маало па и да се тепале на крајот :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom