Мислам дека атмосферата во тимот е многу поинаква отколку атмосферата на форумов и се се движи по планот.
Овде, голем дел од присутните членови на форумот сместаат дека останатите екипи се составени од рекреативци и дека Пелистер, дома-гости, треба да победува со по 10 разлика. Како што тренира Пелистер, така тренираат и другите екипи, како што ракометот му е професија на нашите ракометари, така ракометот му е професија и на другите играчи од другите ракометни екипи во првенството. И само да знајте дека и нашите играчи како и другите се од крв и месо, не се од метал. Само да знајте дека и Фитиљ, Атанасиевиќ, Цветан, Николче, Пешевски ќе ја завршат годината со преку 60 натпревари.
Ако не бил Фитиљ не знам шо ќе сме праеле... ЗАто е тој тука, за да знајме шо прајме. Зато е капитен, зато е најплатен, зато неговиот збор е последен, зато е најјак Македонски ракометар во моментот, и до крајот на кариерата ќе се наметни како еден од најдобрите ракометари во историјата на мак Ракометот.
Натпреварот е добиен и бодовите се на нашето конто. Нареден натпревар во Недела. Се гледаме в сала.
П.С. Само една паралела, Пелистер водеше 90% од времето, а Вардар губеше 90% од натпреваарот. Ако нешто значи по алгоритмот на форумот.
Луѓе, Пелистер е шампион и оваа година !!!