Оо гледам тука Декси, Декси, Декси... шо ви е бе луѓе? Прво, кај видовте да се пиши против клубот? Кај пиши дека клубот не го поддржал? Кај пиши збор лош за клубот во постот? Па сукоб со управата, па оружја, аман те бе луѓе... Приказната за и околу Ненад, како и за други неколку од прва рака ги знам и ги знајте некое време, воопшто внимание не се обрна на то, се до денес и натписот на 24 Ракомет, и тука почнува со дрва и камења против Ненад, а воедно штета и на клубот. Целиот пост од А до Ш е токму за 24 ракомет, како портал кои со таков наслов, со таков текст, каде вика од соиграчи на Ненад дознаваме, толку подмолно во цела приказна , Ненад е лошиот, а кај е неговата страна? И да, клубот е над се, над секој поединец, па така и над Ненад, Петко, Трајко, па и над 24 Ракомет, и сега тие ја напраја џефата, ама проблемот е Декси шо му одговори. Па дел од тука му шлукавте на Мартин Ковачев дури тој местеше и се лизгаше, така и на тој Илиев средниот (мислам така беше) па и тогаш единствен пишав дека е местач, за после 3-4 години, цел град то да го збора, ама ко пиша Декси штета се праело... Кој бил спортист барем малце, знај дека СЕКОЈ кој е млад и надежен или има шанса за просперитет место стагнација, го бира првото. НЕ ГО БРАНАМ НЕНАД, ама не го ни осудувам, си бара чаре то е то, 5 години е второ крило, а најдобро македонско, неможиме ние, не сме Барселона, ниту Кил да ги имаме сите странци, па дури и тие домашниот производ си го ценат и вреднуваат, каде имаат и буџет и се. Пак ќе речам, цел пост беше према 24 ракомет, а то шо некој НАМЕРНО ИЛИ НЕ, го напрај то како напад на клубот, то е друго двајсе... Полека малце, исто очите си ги вадеа дел тука од вас со клубот кога исто вала скопските медиуми с'скаја за соопштенијата, па и спонзорирано пуштаа... Сега ова подмолно, баш сега, баш денес, не вчера, не пред 1 недела, не по 1 месец, сега денес... АМА ДЕКСИ Е КРИВ ОТИ МУ ВРАТИ. Исто вчера, наеднаш од скандирање и поздравување на Кизо, гледаш еден ден кара врни, по Табоада исто, аплауз па после ради Х причини, одма се плука и после курле ни е крив, го носиме епитетот најракометен град, ама па и колку на моменти непочитување имаме пред одредени личности, стварно незнам како... Ете секој од вас познава по еден спортист (фудбал, кошарка, ракомет) дали Мирко, Фитиљ, Дарко, Петко, Трајко, прашајте ги бе дали на 23 години му било битно да зема пари и да биди гледач, или да игра и оди напред, на Мирко му беше на 23 години трескам во Арка битно да игра, а не да седи на клупа, Фитилот менваше клубој за да игра, не играше, си дојде дома СИТЕ СТРАНИ добија, тој, клубот, репрезентацијата, ама оти? Оти играше, и сам ги гази и ги изгази на светското, сакам да кажам дека ако замини Ненад не е тој крив, едноставно си бара средина каде ќе напредува и игра. Карикирам, ете шо ако остани? Дали сите оние 50-100 души шо плукаа, утре пак ќе се радват на него? А иначе, немал договор, не го продолжил нема да игра, а Богдан, Борзаш, Тајник (пример) итн. тие сигурно остануваат шо играат? Шо фајде имаме ние ако не игра Ненад па ете и за инает да е? Го плаќаме, го тренираме, а од него користа никаква... Видете ги големите клубови и големите трансфери, во Јануари се знај кој каде шо, ете Дика Мем ќе бега од Барселона и мислам и нов клуб има и треба да неигра? Не разбирам. Забегав малце од темата, се беше насочено кон 24 ракомет и нивниот напад и штета на играчот и клубот. Пишев и против Деки Бој, кај е бе денес? Нигде, паразит, кои само цица од клубот, ама искусен бил ама добар бил АМА да беше така немаше да е без клуб некое време... И тогаш стрелан бев
И да, Мараш, Секели, Перич, Обрадовиќ сите знаевме уште во Јануари дека потпишаа со Татабања, па ваков третман имаја? Или тие странци беа, па чинеа?... Дај не заебавајте.. против никој ништо, овојпат искрено само против целиот текст на 24 Ракомет и толку, ни една ни друга страна. И да, арно Бранче не остана, немаше еден македонец да има во екипата, сите ќе беа веќе заминати