Македонскиот ракомет е битолски производ.
Најстарите траги одат уште некаде 1945 година кога некој професор по физичко во гимназијата формирал женски ракометен клуб Пелистер кој се играл на фудбалско игралиште и спортот го викале хазена.
Таа генерација воедно биле првата генерација учители на македонски јазик (виша учителска школа) и како кадри биле распределени низ цела вардарска и пиринска Македонија.
Така и ракометот (хазена) се проширил низ цела Македонија, се формирале клубови во Куманово, Прилеп, Кавадарци...
Во пеесетите години ракометот ја добива својата модерна форма и тука се се одвива на старото отворено ракометно игралиште каде имало три поголеми клуба Пелистер, Работник и Пелагонија.
Со спојување на овие три клуба, 1970 година во бараж на отвореното ракометно игралиште Пелистер за прв пат изборува пласман во првата сојузна лига.
Во 1974 година се гради спортската сала Младост со самодопринос на граганите на Битола и таа сала до изградбата на Борис Трајковски е најголема ракометна сала во Македонија.
Другото е историја која веќе ја знаете.
Модерниот скопски ракомет почнува со Михајло Михајловски и Огномак М. (Металург) во девеесетите. Тој проект замира и заостанува зад Шевро Куманово, Борец Велес и Тутунски комбинат.
Вардар во тоа време е локален клуб во Расадник, пред банкрот, и Михајло со ургенција на РФМ го превзема клубот 95 та, носи неколку грузијци играчи, и така некако се протуркува сезоната. Е од тогаш почнува Вардар. Европски првак кој не можи да изброи 10 битни македонски репрезентативци низ историјата.
Пелистер е клуб кој ги афирмирал и ги создал како играчи скоро сите капитени на Македонската репрезентација
Манасков, Иван Марковски, Лазаров, Никола Митревски, и сега Кузмановски.
Во Битола има фамилии како Чурлевски и Димитровски кои имаат три генерации на ракометари дедото во сојузна лига, таткото со Лемго и Скерн, синовите во сегашно време.
Кој клуб во сегашната лига на шампиони има двајца клучни ракометари,носители на игра, голман и бек производ на својата школа?
Поради сето ова Пелистер бил, е и ке биде уникатен македонски ракометен бренд.