Супер, фала многу за исцрпното просветлување околу форум и дискусија.
Јас коментирав за потребата од дремење тука, провоцирање и тресење зелени, и јас конкретно кажав дека немам потреба никогаш да дојдам на вашиот форум и да провоцирам, да се глупирам итн. Диркусија е едно, провоцирање и глупирање е друго. Можеби и мене некогаш ќе ми се јави желба-потреба да дискутирам на форум на рк вардар, ама ако ме видиш да провоцирам и да тресам зелени, слободно потсетиме на ова, ќе се убијам во истиот момент.
Реално ни ние, а ни вие неможиме преку дискусија да придонесиме за подобар настап на нашите омилени тимови. Ние можиме преку дискусија само да придонесеме за подобрување на меѓучовечките односи помеѓу навивачките групи, џентлменско однесување, витештво, држење до постулатите на навивачката култура и т.н., ама сепак мислам дека со провоцирање и тресење зелени на форум со различна тема од темата на омилениот клуб нема да се придонесиме ништо. Не важи ова само за Пелистер и Вардар, туку генерално земено, бидејќи лигата полека се преобразува од биполарна во мултиполарна со Тиквеш, Охрид, пластичарница алкалоид, се надевам дека во иднина ќе има уште неколку тимови шо ќе бидат квалитетни. Искрено посакувам тоа да бидат Прилеп, Борец Велес, Радовиш, Младост Богданци, Преспа ... Да има натпревари каде нема да биди лесно да се земат бодови, да ги натера газдите да инвестираат, да носат играчи, тренери...
Мило ми е шо почнавте да навивате за Пелистер, па макар и во Лига на Шампиони, а гарант ќе навивате и в Понеделник ко ќе играме со федерацијата.