Фан клуб: РК Пелистер

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Чек сега, тепавте или изгубивте? Го видов статусот на ФБ и се израдував, а сега спомнувате бркање на Јошко? :вонзем:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Резултатот е сосема очекуван. Не го сфаќам бесот навистина.

Искрено очекувањата на навивачите и реалните можности се во толку дијаметрална спротивност што е невозможно да функционира клубот во нормална атмосфера....
 
Член од
10 јуни 2016
Мислења
84
Поени од реакции
119
Кој реални можности @Xsago ? Управата се расфрла со цифри и буџети шо значи навивачите само следат.Управа тренерот од спротивниот табор е доктор на науки за ракомет за Јошко.Незнам до кога со овие политички бламој.Клуб без визија без цел без иднина е то го напрајвте Пелистер,сите заедно.СЕХА??? ама ако играме на Playstation и ако се одбериме сами против себе иначе кој стигни ке не дешка по 15 гола.Па уште лажат Вајлд Карти незнам шо.Шо ќар има СЕХА од нас??Никаков ни квалитет ни ништо.Жал ми е за Пелистер ама мислам дека ни шеик неможи да го спаси и него ќе го поебат и ќе си замини на крај.
 
Немој да ме сфатиш погрешно, не ми е целта да бранам ниту една управа. Реално ниту една управа која ја имал Пелистер во целото свое постоење не била којзнае што (без разлика што секој на своите времиња од младоста ќе си се сеќава романтично). Секогаш имало политички превирања и никогаш не се мислело на одржлив долгорочен (децениски) концепт за успех на клубот.

Мене единствено ми е целта да го објаснам мојот став, а тој е дека
1) буџетот е буџет на просечно балканско клупче со кое не може да се постигнат којзнае какви резултати во 2019та (заборавете со какви буџети се располагало пред 20-30 години, неспоредливо е тоа време со ова, заради еден куп фактори). Вас можеби ви изгледа голем, ама не е воопшто којзнае каков (особено не за клуб со целосно девастиран младински погон и со минус реноме стекнато во минатите 10-15 години).
2) побитно е да се постави клубот на здрави темели отколку колку бода ќе освои тимот во плејоф (не само оваа, туку и во следните 3-4 сезони). 3-то, 4-то, 5-то, па ако сакате и 8 место, не прават суштинска разлика во големата слика, ако темелите не чинат.
3) брзи успеси се можни само со многу кеш, и неизбежно по нив следуваат уште побрзи падови кога кешот ќе секне.
4) Спортот е бизнис. Крајно време е да престанеме да очекуваме дека било кој ќе фрла пари во бунар за доброто на ракометот во Битола. Секој кој би вложил, ќе вложи онолку колку што му се исплаќа да вложи. Потребен е клуб со стабилна и пред се одржлива финансиска конструкција, клуб кој ќе функционира со одржлив бизнис модел во рамки на можностите за спорт во Македонија (кои веќе не се нула како порано, има начини како да се биде рентабилен и со пристојни резултати во ракометот во Македонија во моментот). А не само да бркаме финансиска научна фантастика.

П.С. Јас уште летото пишав дека единствено решение за Пелистер за попозитивна иднина е спојување со Работник. Ама сега истите тие што плукаа по таквите идеи низ градот, пак плукаат по клубот и објективно реалните резултати кои се постигниваат.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
131
Поени од реакции
266
После тешкиот пораз од вчера, во Пелистер има причина за радост, после долго време Пелистер има свој играчи, наши битолски деца во кадетска репрезентација, а Еурофарм нема. Честито да му е
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.218
Поени од реакции
4.964
Не ми е јасно колку неспособна управа имаме, овие бетер од претходните се.
Еурофарм си го зеде од Металург, Марио Танковски за следната сезона, топ играч, страшен играч ќе биди уште од сега се гледа детето дека ќе има перспективна иднина. Гледаат комшиите не чкрипи во Металург како шо треба и му ги зема младите играчи кои воедно беа и носители таму.
Толку да сме смотани незнам, Танковски на среден и земи му го Серафимов на десен бек, двата ми се фаворити играчи за во иднина и мислам ќе ги биди, дај сум договор солиден на 3 години и мирна глата, со јак тренер и солидна работи да ги подучи некој овие ќе бидат носители во тимот, а како бек ап за ротација не да се одлични туку се супериорни !
Ама то е то, наместо да земиме то шо е квалитетно на лагер, ќе донесиме пак некој Вук Перовиќ со двете леви.
Мораше ако не двата, барем еден од нив да донесиме, како шо тргна работата незнам и дали некогаш воопшто ќе ги победиме комшиите за брзо време, освен за втората утакмица од плеј оф, каде од сега се знај дека ќе е пуштена.....
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.910
Ima deca od Metalurg,Struga,Prolet itn sho mozi da se soberat ama na koj da mu tekni? Na Korleto ili na Zlate?:tapp:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не ми е јасно колку неспособна управа имаме, овие бетер од претходните се.
Еурофарм си го зеде од Металург, Марио Танковски за следната сезона, топ играч, страшен играч ќе биди уште од сега се гледа детето дека ќе има перспективна иднина. Гледаат комшиите не чкрипи во Металург како шо треба и му ги зема младите играчи кои воедно беа и носители таму.
Толку да сме смотани незнам, Танковски на среден и земи му го Серафимов на десен бек, двата ми се фаворити играчи за во иднина и мислам ќе ги биди, дај сум договор солиден на 3 години и мирна глата, со јак тренер и солидна работи да ги подучи некој овие ќе бидат носители во тимот, а како бек ап за ротација не да се одлични туку се супериорни !
Ама то е то, наместо да земиме то шо е квалитетно на лагер, ќе донесиме пак некој Вук Перовиќ со двете леви.
Мораше ако не двата, барем еден од нив да донесиме, како шо тргна работата незнам и дали некогаш воопшто ќе ги победиме комшиите за брзо време, освен за втората утакмица од плеј оф, каде од сега се знај дека ќе е пуштена.....
Џабе ги пцуете за Танкоски и слични како него, такви играчи треба Пелистер сам да си развие за да ги има во тимот. Вака не е до управата, едноставно тие играчи не ти доаѓаат ако не им понудиш СЕХА, ЛШ, групна фаза куп на ЕХФ + добар кеш. Пелистер објективно не е кандидат за Танкоски, ако веќе си оди од Металург ќе си бара клуб за напредок, а со оглед дека Еурофарм годинава пред нив ќе завршат очигледно е што треба да направи, кога веќе се одлучил да не оди веднаш во странство (за што имаше понуди според шпекулациите по медиумите од доста сериозни екипи).

За глупите странци заслужуваат огромна критика, ама за ова реално не е до нив, клубот нема ни финансии ни моментално реноме, ни начин како да ги привлечи со можност за промоција (како што Металург ги привлекува талентите сите овие години со можност за промоција во СЕХА и ЛШ).

П.С. Пелистер не можел да убеди играчи како Дарко Георгиевски, Ласко Андоновски и Чурлевски, а не пак ќе убедел вакви играчи кои реално во многу појака странска лига ќе завршат за некоја сезона. Фокусот мора да биде на младите, на школата. Многу позагрижувачки е што последните 5-6 години, од генерација 98 а натаму, скоро сите таленти од Битола, во Еурофарм играат, ретко кој е во Пелистер. Ако нив не можат да ги убедат што правиме за другите...
 
Само за ова последното Пелистер има поќе таленти и подобар е, ги гази пионерска и младинска. Еурофарм доби еднаш кадетска оти тогаш го повлекоа Бобан од младинци, а Пелистер практично со пола пионери беше. Другата нерешено беше. Екипата на Заре е стварно надежна. Има добри ракометари и го сакат клубот за разлика од овие нивните шо се скарани со тренеро и врзани се со договор кој не им пасува.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
452
Поени од реакции
1.193
Xsago ne znam dali si zapoznat so doagjanjeto na zare nasata skola kaj kaj podobro raboti od taja na eurofarm, duri mnogu deca so prethodno bea vo eurofarm dojdoja kaj nas...
Drugo e so vo mladinski kategorii za reprezentativen mladinski status trebat prijateli taka da mnogu talenti ne dobivat sansa...
Najubav recept e na sekoja pozicija vo timot mislam na seniorskiot da ima po eden iskusen i eden mladinski igrac...
Vo nasiot rakomet se e na prinipot na koj mu e "podolg", koj istura pari ke ima i rezultati...
Nie so opstinski pari so nikoj ne mozi da se merime...
A to so dogodina od bitola ke imame tim vo seha, ic ne me pali :) iskreno malce i smesno e vo najrakometniot grad da imas publika so gratisi koj mora da navivat, ili glumat ludilo, a drugite 90 posto dremat ko mumii, vo najmala raka zalosno e...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Xsago ne znam dali si zapoznat so doagjanjeto na zare nasata skola kaj kaj podobro raboti od taja na eurofarm, duri mnogu deca so prethodno bea vo eurofarm dojdoja kaj nas...
Drugo e so vo mladinski kategorii za reprezentativen mladinski status trebat prijateli taka da mnogu talenti ne dobivat sansa...
Не сум баш во тек, дај боже да е вака како што викаш.

Во секој случај резултати во младински лиги мене не ми се многу значајни, сите екипи различен пристап имаат, некој со младинци игра во младинската, друг со кадети, трет со пола кадети пола пионери. Тоа се огромни разлики во тие возрасти и лесно може да се случи екипи со ослаби таленти (ама постари играчи) да имаат појаки резултати од поталентираните екипи.

Во младинските лиги се битни поединците, талентите, секој засебно во какво светло се прикажува соодветно на својата возраст. Просечни играчи по младински лиги веќе има еден куп, што е право, на квантитет имаме достигнато сериозно ниво, ама колку од нив можат еден ден да достигнат ниво за да бидат во ротација на екипа која се бори за топ 3 пласман во суперлига е друго прашање. Реално повеќе од 2-3 по генерација вакви играчи од Битола не е реално да се очекува да излезат и кога квалитетно се работи, а не пак кога не се работи како што треба како што било минатите години.

А од новите генерации, единствен посериозен играч е Дарио Петровски кој е од школата на Еурофарм. Има талент и Каковски, ама некако стагнира (исто Еурофарм). Друг засега јас не сум заприметил (дај боже да има), ама ако до 18-19 години не се покажи како посериозен талент, покасно е малку веројатно дека тоа ќе се случи.

Фокусот на Пелистер треба да биде пред се на 2002, 2004 и следните генерации. За овие претходните веќе во голема мера е заминат возот, тие веќе се во фаза на преминување на сениори и ако ги бива треба да бидат носители на игра.

А за делот дека со врски се стигнува до репрезентација, според мене:
- Прво, не гледам јас кој е тој играч кој незаслужено е изоставен и заради него е ослабена младинска/кадетска/пионерска репрезентација. Тоа се само класика муабети од низ чаршија, не значи дека е вистина. Последните 5-6 години нема реално ваков проблем во ракометот (оставете го тренерот на Охрид што си ги брани своите таленти, нормално е за нив да лобира, ама тоа не значи дека е во право, впрочем и никогаш не излегол да каже кој всушност влетал незаслужено на местото на негов играч, туку само "општо" коментира, што е најблаго речено неблагодарно)
- Второ, ако толку ги бива може да се докажат и без репрезентација, не дека тоа е клучот за да успеат, тоа е повеќе за лична сатисфакција, отколку што е некаква си сериозна можност за развој. Развојот се случува во клубовите, во школите, со индивидулана работа...). А таков минатите 5 години еден не излезе. Кој е тој што не го викаа за репрезентација а испадна дека е одличен играч и е појак од оние на негова позиција кои ги викале.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2016
Мислења
611
Поени од реакции
1.092

gresis dario e igrac na pelister koj igrase vo rabotnik pa sega struga ako zborame za istio dario
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.042
Поени од реакции
687
Dario e dete na pelister posle to pojde heraklea igrase pa od tamy pojde vo eurofarm duri bea vtora liga i koga vide deka nema mesto ojde na pozajmica vo struga pa go vratija sega j momentalno e vo rabotnik...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

Kajgana Shop

На врв Bottom