Пелистерци без сала
Ракометарите на битолски Пелистер, наместо да тренираат со топка во салата „Младост“ во која се' уште се менува паркетот на една недела пред почетокот на новото првенство, трчаат на помошното игралиште на стадионот „Под Тумбе кафе“. Работите во салата, иако требаше да завршат до утре, за кога беше договорен ревијален натпревар меѓу Пелистер и Металург, ќе продолжат една недела. Затоа мечот е одложен.
Тренерот Борче Марковски вели дека не можат во целост да се реализираат подготовките поради немање сала, а алтернативните решенија само им ги отежнуваат тренинзите.
http://rkpelister.weebly.com/index.html
ПЕЛИСТЕР СО НОВ ТРЕНЕР
Стефановски го замени Марковски
- Пред самиот старт на новата сезона, Пелистер го врати Стефче Стефаноски на својата клупа. Поранешниот голман и селектор вчера ја презеде екипата, а веќе утре ќе ја води на првиот првенствен натпревар против Тинекс Пролет. Но, поради доцнењето на смената на паркетот во салата "Младост" битолчани ќе бидат домаќини во салата на гимназијата "Јосип Броз-Тито".
Раководството одлучи досегашниот тренер Борче Марковски да му биде помошник на Стефановски, а помошниот тренер Златко Димитровски беше ослободен од обврските и ќе остане во тимот како играч. Од управата на Пелистер истакнуваат дека се задоволни од досегашната работа на тренерскиот тандем Марковски-Димитровски, но се одлучиле Стефановски да ја води екипата поради неговото големо искуство.