Можно е да има и нешто вистина во сето тоа, инаку човекот е поранешен ракометар, добро запознаен со состојбите во клубовите во бивша Југославија, инаку кога спомнува приватна фирма мисли на фирмите на Јордан Камчев, но како предуслов Камчев да влези во Пелистер е и финасирање од страна на РЕК за да може да се создаде јак тим, и сето тоа наредено партиски бидејки се спремаат избори а во прашње се 5000 до 8000 гласачи бројка која не е за занемарување.
Не ми изгледа баш како запознаен...
Ај да речиме дека има нешто со спонзор,не е само од него тој муабет,уште од пред некој месец се брчи низ градот...
Ама за играчите....каков Шего,Валчиќ....
Па и Лапчевиќ?
Па тој нема играно којзнај од кога,и сега ние ќе сме го земале?
и то уште не завршено првенството,демек однапаред се барат играчите.....
Дека ќе има некои партиски шеми јас типував уште пред некој месец,голем влог е во игра......
Минатите избори тесни беа,малку фалеше да изгуби Вмро во Битола....
Ќе мора нешто да напрат за Битола на спортски план,како шо напраја во Скопје....
Не дека е во ред ова,ама си купват гласој.....
А Пелистер е машина за гласој...
Спиро пред 7 години ко се кандидираше лапна околу 10 илјади гласој,појќе од пола беа зошто беше претседател на Пелистер,и Пелистер таа сезона освои титула....
Шо ќе биди ќе видиме...
Сега ако не се најди спонзор никогаш нема да се најди....