Не ја фатив вчера емисијата,ја гледав сабајлево.....
Шо да се кажи...
Истите муабети,веќе видени,веќе слушнати....
Аман од овај Шакле значи,па од 100 минути колку шо трај емисијата во 50 минути тој збора,изгорен е да филозофира....
10 години е истиот муабет...
Факт е дека Битолските фирми се
КОНЗЕРВАТИВНИ кога се работи за финансирање во спортот...
Посебно не во Битолскиот спорт..
Видовме шо се случи со БИ-МИЛК кога влегоа во фудбалот....
Не им се дава пари на странските газди на нашите фирми во Битола и крај на муабетот...
За другите фирми(битолски)од калибарот на Млин-Стојчев,Синпекс и тн....едноставно и од нив нема шо да се очекува....
И нивните газди се
СТИПСИ......
Не е само примерот со Ефто и Пискачо,ете и Марио(газда на Расчекор,чоек кој е долго во бизнисот,не можеше да привлечи луѓе шо ќе инвестираат долгорочно во спортот,ги донесоја СВИСЛИОН,се крпеа од таму,откажаа Србите и си еба мајката,и сите тие газди и ШАНКУРИЊА кои седеа во ложата на секоја утакмица избегаа успич фатија)....
Конечно врти сучи по толку месеци си ја кажаа причината за распадот на тој проект ПЕЛИСТЕР....(иако беше очигледно).....
СЕХА ЛИГА....
Дека беше ветено од НАЧЕВЦИ дека ќе влезиме беше...
Спомна Пестицид погоре за Сеха и зошто не бил поканет Пелистер..
НЕ СЕ СЛОЖВАМ АПСОЛУТНО...
Ниту аеродромот,ниту инфраструктурата беа пречка шо не влезе Пелистер..
Па зарем оние клошарски клубови од калибарот на Сутјеска,па и Ловќен имаат подобри услови во нивните градови(читај села).....
Шо ако и Партизан и Звезда беа планирани како едни од носителите на таа лига..
Партизан се откажа,Звезда се распадна,интерес кај белграѓани за ракомет
НУЛА....
И општо во цела сеха,полупразни или празни сали,никој нема услови и публика како Пелистер..
Бателете то шо салата е на ова дереџе,чим во ЕХФ не ни прат проблеми да играме,сигурно и клоашарите од СЕХА немаше да барат во јајцето влакно..
Факт е дека на секој меч ќе имаше по 5000 публика во Битола,ракомето ќе добиеше на популарност(дали и толку има во едно коло заедно)......
ВО НИШТО НЕ СЕ ПОДОБРИ ОД ПЕЛИСТЕР ОВИЕ КЛУБОВИ...(освен секако шо грото стојат каде каде подобро на финансиски план)....
Е сеа шо некој глауч од таму од тој одбор на Сеха ни го напика то е друга работа...
Беше ветено ќе влезите,прајте екипа...и ете ја причината зошто Циле влезе(моментално)...
Виде дека ќе влезиме,даде пари со надеж дека тие пари ќе се вратат(гарантирани се по 70.000 евра за тие учесници во лигата)...
Значи си имаше есап и чоеко,бизнисмен,виде добра зделка се нафати...
И не чуди фактот шо одма од ко не одбија за во СЕХА,крај на септенври почна распадот на Пелистер..
Завршија амбициите,на странците им беше кажано дека нема да има појќе пари,нормално е шо си ги запалија патиките,и нормално,кој е будала да дава пари а знај дека покрај Металург и Вардар нема шанси да се докопа до некоја титула,ај титулите настрана нема шанси да се вратат парите.....
По некои чаршиски муабети Пелистер досега потрошил од почеток на сезона преку 100 илјади евра
Кој ќе му дава на Мите 1500 евра,ејјј на Мите овчарот,тешко на ракометот во Македонија кога играчи од калибарот на Мите бараат 100 000 денари месечна плата,на Мисовски многу појќе секој месец и зошто?За која лига?за кои амбиции?
Сосема логично.....
Сега пак се враќаме назад......
Нема спас,единствено ако се прошири таа СЕХА лига,па некако да се протниме,па да се намамат спонзори,иначе ако останат вака работите ништо не прајме..
И друга опција,да се надеваме дека до 1ви август клубот ќе биди даен на лицитација на берза,па можи ќе се нафати некој бизнисмен,некоја фирма,групација на луѓе,па ќе купат акции...
Ама навистина да купат,не само фиктивно,да си бидат
РЕАЛНИ ГАЗДИ на клубот и да менаџираат со клубот...
Тешко остварлива идеја но не е невозможна,ете го спомна некој Орце Камчев,утре можи некој друг тајкун ќе купи нешто во Битола,па можи ќе пројави интерес за клубот...
Иначе ако остани вака плукни залепи работата не тераме далеку.....
П.С.
ВО дневник пиши дека се вратил Ќани во клубот..
Колку толку добиваме на висина и цврстина во одбраната,нешто шо очајно ни фалеше во есента...
И Везениот и Бутино се вратиле на тренинзи,па колку толку ќе се закрпи некоја екипа,барем да го задржиме третото место од лани да се надеваме дека ќе се смени нешто...
П.П.С.
Некој го спомна Двојче да поможел по примерот шо го даде Цревото...
Кој Двојче бе луѓе..
Кои фирми ги донесоа во Битола сите овие 7,8 години?
Ништо не донесоа,ништо...
Само се отвараат некои ситни фабрики за текстил во сопственост на луѓе од нашиот јужен сосед.....ситна боранија..
И на кои фирми ќе им клава клаузули?
Ете сега ни го тупат мозокот со тие Германците,дури да влезат тие и да отворат, и да почнат со работа,ќе поминат уште 3,4 години....
Па демек и други фирми купиле плацој во Жабени
,само не кажва кој се тие и кога ќе отворат
Абе да ги слуша чоекј ќе си речи мед и млеко течи во градо,се тепат фирмите од странство да влезат во Битола и да вработат дел од тие 20 и кусур илјади невработени луѓе во градот
На помош од општината не се надевајте,барем не сериозна каква шо ја даваат локалните самоуправи во Аеродром,Штип....
Пример како треба една општина да помога во локалниот спорт....
П.П.П.С.
Ко сакат толку овие од Тера до поможат,бујрум нека извај та газдарицата некој бон, полни пари се со мажот му,нека поможат,
АУРА СПА ЕНД БЈУТИ ЦЕНТАР тие нека бидат прва фирма шо ќе поможи,шо ќе дај иницијатива за да се спаси клубот,а за зборање лесно е.....
Ко ќе треба пари да изват богаташите некако тешко е....
Се е кажано,пак се изнапишав,не ми замервајте,,ама морав,да си ја олеснам душата