Малку сум загрижен за утрешниот меч. Практично во лимбо период без тренер. Со разнишана самодоверба....
Згора на тоа, порталите пак прават штета на клубот, создаваат атмосфера дека Пелистер е фаворит, што апсолутно не е така. Фредериција имаше катастрофален старт во ЛШ, ама постепено се стабилизираа и играат добро последните 2-3 кола. Лани завршија втори во Данска, сега пак се на второ место.... Не ми е јасно според која логика се создава притисок, ниту играчки ниту со досегашните резултати Пелистер не покажал дека може да биде фаворит на гости против вториот најдобар тим од Данска во моментот.
Дали постојат шанси за победа? Да, ама на гостински терен, сигурно Фредериција ќе биде фаворит.
Не сум некој љубител на кладилници, ама дека знаат да проценат реален распоред на силите знаат - тоа им е работа, ако не знаеја ќе пропаднеа. Во случајот за мечот Фредериција - Пелистер ситуацијата е следна:
Прегледај го приврзокот 433693
Преведени овие коефициенти во веројатност за победа се:
68% Фредериција
26% Пелистер