Неколку факти за екипата:
1. Моментално се лузерска екипа [нешто како Тотенхем], кој стигна ги столчи. Нема победнички менталитет, како на пример на Вардар во најдобрите деној. Сето то се должи на фактот дека му се дава преголем залак со ЛШ, едноставно не требаше да се игра таму, и подобро ќе беше да играт во понизок ранг кај шо ќе се ствара позитивна и победничка атмосфера, и компетитивен дух.
2. Трансфер политиката 50% ни ја крој Вардар. Колку играчи од Вардар дојдоја во Пелистер? Или е играч од Вардар или промашен проект. Ретко кога се погодил играч врз база на скаутинг. Играчите кој беа носители на играта си ги носеа тренерите [ Хенеберг, Кисум, Мандалинич, Перич ]. Скаутинг 0
3. Иако имаат повеќе континуитет и играат на повисок ранк од Вардар, во јавноста има чувство дека Вардар можи во секој момент да ги плесни, посебно во Скопје.
4. Младите играчи не добиваат шанса. Цветан Кузмановски,Ѓорговски, Атанасијевич... 50 позиции му сменаја на едниот близнак, уште голман да го клат. Од Тајник сосема различен играч, брз и пробивен без многу техника. Треба повеќе простор да му се дај на среден. Земи ментори во екипата, како Зарабец, Цехте, од кој можат помладите да учат и за 2-3 години тие да играат на местото нивно, а не цела кариера да се замени. Ростерот полн ама празен.
5. Од тактички план, Фуксе вчера одржа ракометен 101. Не е познато шо се работи на тренинг, со та акцијата со 2 пикери не пукнаја...
Треба да се заборави ЛШ за да не се ствара толкав притисок врз екипата и управата, и да се игра кај шо му е местото, плус помладите играчи имаат повеќе простор, шо би било добро и за репрезентацијата.