2/3 титули годинава.. not bad, not terrible
Првенство 2022/23-

Суперкуп 2022/23-
Вчера се потврди тезата на поголемиот дел шо тука коментираме цело време а то е фактот дека ја утнаја работата до Стеванович во последните неколку кола, поготово во финалето од купот.
Искина дечкото и напад и одбрана, буквално сам ги победи вчера охриѓани. Можи не е нешто брз, ама има разорен шут и физички е многу спремен. Хенеберг и Кисум беа аут вчера тотално... Ко влезе Стеванович се стабилизира играта и во два наврати напрајвме поголема разлика. Ако недајбоже Суси беше вчера место него во состав, мечот ќе заминеше во друга насока.
Убо ќе беше и купот да го освоевме и сликата да беше комплетна, ама и ова е огромен успех за клубот и не е мала работа и во никој случај не треба да сњ релативизира.
Иако е малце неблагодарно да се констатира после ваков успех, ама ќе мора да се размислува за поквалитетно решение на тренерското столче.
Мислам дека ЛШ е голем залак за Јович барем засега. Поадекватно решение ќе биди да се донеси квалитетен тренер странец а Јович да биди негов асистент и да го печи занаетот покрај него. Шундо посекако има друга улога во клубот како тим менаџер и треба да си ја брка та работа.
Ќе треба големи промени во стручниот штаб и ќе мора организациски клубот многу да поработи ова лето за да не изгледаме аматерски во ЛШ. Да не чрајме муабет дека ќе треба зголемување на буџетот и дополнителни спонзори ако сакаме да склопиме барем за едно ниво поквалитетна екипа од годинашнава.
Честито нека ни е титулата, чиста како солза. И да не ќикснеше Вардар, во последно коло Тиквеш немаше шанса никаква во Битола за изненадување.
Нека се селектира паметно и во стручен штав и играчи и здравје боже в година ЛШ да гледаме во Битола.
p.s
Апел до управата и до Чкембарите :
Седнете на маса летово и најдете компромис пошо вака губат сите... И играчи и навивачи и управа.
Чкембари и Пелистер се нераскинливо ткиво!