Фан клуб: РК Пелистер

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Празници се како сакаш да работи ..Тие не работат во обични денови па не за Илинден !
абе за тренингот да работи. Ама добро, ете од назад било отворено а јас не проверив назад.
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Еј озбилно ај кажете за Кхгодор..на кој наликва во стилот на игра?
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
110
Поени од реакции
52
Еј озбилно ај кажете за Кхгодор..на кој наликва во стилот на игра?
Незнам на кој наликва ама детето има одличен шут, огромен скок, премногу брз е, спретен, одличен преглед на играта, тотално комплетен играч за та позиција иако денес прв тренинг му беше.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.146
Поени од реакции
1.898
ќе има утре тренинг да отепам некое време таму пред да се ој на кафе
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Да ќе има
А па овие од спорт од кај разбраја одма за Лапчевиќ???
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Кодор е ЗВЕР:drk:....
Каков лесен трк има,чудо нешто,лебди по паркетот:pipi:,огромен скок,добар и прецизен шут,има широк репертоар на удари шо е многу важно за бек,а глеам има страшен сенс за проигрување....
Овај со добар тренинг ќе биди се подобар....
Ваков би рекол LIGHT(лесен и подвижен)... десен бек сме немале од времето на Душан Новокмет...
Ми текнува него ко го гледав на тренинзи.....
Имаше топ во раката,иако Кодор има подобри движења од него,многу ми наликува на Новокмет....
Новокмет беше класичен шутер,како од гума беше,од сегде беше способен да шутни........исто како и Кодорчо.....овај има нешто плус,има техника........
Само да се спреми добро....заедно со Чантурија ќе прат парче на десната страна...:drk:
Каков тандем ќе бидат со Караиванов,леле,леле.....:cuc:...
Дури и мене страв ме фаќа...:D
Сега да се најди уште еден бек..и ако треба и пикер...
Изгледа ќе треба и пикер....
И екипата ќе биди топ спремна,барем на прв поглед гледано по позиции...
А глеам Ратко ги спрема МАШКИ за одбрана...:)
Ќе имаме јака одбрана,то е сигурно...не е ни чудо шо форсира одбрана,Ратко беше еден од најјаките одбрандбени играчи во своето време...:cuc:
Фали уште една грамада во одбрана....ете да речиме Лапчевиќ,заедно со Зујовиќ,парче ќе прат во одбрана....
Според најавите тимот треба да го добие финалниот лик за многу брзо.....
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.146
Поени од реакции
1.898
Уфф немој жити се не го спомнувај Душан чоекот беше ѕвер. Па како ги провоцираше оние тетките од скопје леле ко ден денес се сеќавам за купот 98 абе ги здиве оние телињата дава гол и одма накај нив свртен ги провоцира. Можам да кажам и дека најдобриот играч после Пепи и Чурлино шо има играно за Пелистер (во период кога играл за тимот, Лазаров се доизграде како играч од ко замина во Загреб).
Ајде аирлија нека ни е сезоната јас се надевав дека ќе биде премногу тешко и ова година да направиме нешто да ги стигнеме лигајчарите оти тие први ги извадија картите со засилувањата и сватив дека сеуште сме далеку ама од вардар дека му избегаа некој од појаките мислам дека имаме реални шанси за тоа 2ро место во лигата.
А од голема помош ќе ни биде и ако металург им земи некој бод на гости на вардар. Пополека и ќе си се вратиме на она место кои ни припаѓа нам само да најдеме уше некој спонзор со кој уше појќе ќе се стабилизира клубот.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ако придојди уште некој играч,и ако се погоди....
И ако не одминат повредите на клучните играчи до плеј-офф,жустро ќе биди....:pipi:
Не само Вардар,туку и Металург треба да стравува од Пелистер..
Има време,полека,полека....
Да видиме како ќе се развива сезоната,сеуште е рано да се даваат прогнози...
Иако уште од сега се назира голем квалитет во овај тим....:)
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
110
Поени од реакции
52
Најбитно од се е то шо РК Пелистер и покрај се низ шо помина овие години пак гради страшен тим со „ Егзотични играчи“ (за скопјаните) кои континуирано години наназад неможат тим да состават со огромни буџети шо ги имат, па секој 6 месеци ги менват играчите нарочито вардар, а металург години бекој шутери неможат да најдат па од толку шо ја познават ракометната игра, Левов од десно крило, десен бег го напраја за прва постава, а играч како Караиванов го испуштија. П.С. детето во ова средина страшен играч ке се напрај, гледајќи го колку вложва на тренинг да се докажи.
ПЕЛИСТЕР е ПЕЛИСТЕР институција за ракомет на овие простори.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.261
Поени од реакции
1.662
Дали има итре тренинг на РК Пелистер и во колку сатот е? Дали е отворен или затворен тренинг?
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Има кажавме погоре во 18 00 и ќе биди како и стално шо е отворен!!!!!!!!!
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.146
Поени од реакции
1.898
Извинете вака офтопик ама можи некој да е заинтересиран за малку забава и зафркавање, за нецели две недели започнува Fantasy Premier League 2011/12 па секој кој ја игра ова игра добредојден е во лигата Bitola.

Кодот за влез во лигата е: 263479-75541
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Како шо кажвате ќе го имаме најдобриот десен во последните 10 години кој заиграл за нас ..Ајде само да се надеваме дека ке биди нешто од оваа екипа ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom