Фан клуб: РК Пелистер

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Колку ви падна и вас ентузијазмот за екипата. На крај на летото бевте толку полни со енергија и сигургност дека имате добар тип склопено, сега толку издишивте. Разбирам дека има незадоволство од резултатите, ама пак, ај малку позитивна енергија, ко тотално да се откажавте.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766

Тимот испадна да е просечен, засилувањата сите повредени Хосни, Сери, Суси и во еден момент и данецот, ако го додајме и Велковски цела бековска постава. Играта КАТАСТРОФА, искрено мачење е да се гледа се досега шо се играше. Без борба без душа без пот, затоа и разочарувањето големо. Вчера искрено очекував и помалку дека ќе има публика. Добро е шо заврши полусезоната, не е изгубена сезоната. Најбитни се домашните титули, можи со некоја рокада во составот па да изгледаме многу подобро.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Одамна не сум коментирал, ама горе долу ги следам настапите...

Некако премногу негативна енергија и паника се крева. Реално, кога ќе се види составот кој игра на натпреварите, резултатите се во рамки на нормалата. Премногу повреди на бековските позиции, едноставно цела концепција и ротација се наруши. Згора на тоа фали играч на клучна позиција заради тотално промашениот трансфер на Дејвис. Вака испаѓа Танкоски е главен играч во екипата. Има напредок кај детето несомнено, ама не може да се очекува дека одеднаш висок пласман во Европската лига може со него како главен играч. Сепак има многу сериозни екипи во ова натпреварување за такви желби.

И на десен бек имаше голема дупка кога се повреди Хосни. Јбг, се немаше среќа, Велковски како ротација претпоставувам треба да е спремен за вториот дел од сезоната, ама испадна Хосни се повреди во клучен период од есенскиот дел. Тоа е треба и среќа со повреди. А да не се лажеме, Пелистер нема таков буџет за да има по 3 играчи на позиција, најмалку на десен бек каде е најтешко да се најде играч.

Малку треба и да се намалат очекувањата. Пелистер е многу постабилен клуб сега отколку што беше во минатото, ама сепак има буџет за просечна европска екипа, а не за клуб со големи амбиции. И не треба да се бараат само нови играчи, тоа повеќе создава пронлеми отколку што решава, туку треба да се работи полека и на долги патеки.

Договорите за младите играчи се одличен потег. Постепено се гради екипата. Треба да се увиди кои 3-4 и од странците вредат (а веќе е очигледно дека се тоа само Лесјак, Хосни и Сери, евентуално Хенеберг. Со еден сериозен квалитет на среден бек, може да се размислува за чекор напред идната сезона

(претпоставен состав)

Лесјак / Кизиќ
Кузманоски / Петар Атанасијевиќ
Костески / Белистојановски
Пешевски / ? (Василев) /Арсеновски
Сери (или Хенеберг) / Павле Атанасијевиќ / Ѓорговски
? / Танкоски
Хосни / Велковски

Со решавање на стартен среден бек и пикер во два правци клубот ќе изгледа соседа солидно според мене. Можеби не за врвни резултати, но со добар квалитет, со можност да се натпреварува со секого и базиран главно на домашни играчи (само 4-5 странци).

А во меѓувреме, што е можно подобра рехабилитација до Март-Април, со дисциплинирана игра и малку среќа, Вардар е победлив и со овој состав, под услов да се здрави играчите (и тие си имаат одредени проблеми иако делуваат постабилно од Пелистер).
 
П

Пљампач

Гостин
Се погласно се збора низ град дека управата се во преговори со Фитиљот и дека веќе почнале со екипирање за наредна сезона.
Ларс веќе договорил десен бек кој ќе се приклучи уште сега за време на паузата а највероватно и пикер ќе има нов, уште на полусезона.
Се збора дека од наредна сезона ќе склучат договор за спонзортсво со друг спортски бренд, со ЈОМА ќе соработвале до крајот на ова сезона само.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
324

За од на зима Фитиљот или од лето? Ако успеат Фитиљот и десен бек да донесат на зима тимот ќе е за 2 левели погоре во смисла на играчки кадар и то ќе е топ потег.
Пикер не вервам да носат сега, освен некој домашен да донесат или Арсеновски, на лето можи да го заменат Русинот со некој подобар.
 
За другата сезона, за на зима нема шанси пошо е под договор и треба да се плати оштета ако сакат да го земат. Не вервам дека би платиле толкави суми овие нашите.
Ако успеат за в година да го донесат ќе биди топ потег. Играч во два правци, плус репрезентативец.
За сега ќе носат ваљда само десен и евентуално пикер. Ако се врати Суси на пролет, ќе имаме среден/лев бек плус покрај Хенеберг и Павле.
Пикер фали уште еден реално, шо ќе можи да игра во два правци. Немора да е странец, можат Арсеновски да го префрлат уште сега. Посекако вториот тим нема шанси да избори излез во Европа ова сезона.
За нив е успех шо се во плејоф.
 
Член од
14 октомври 2022
Мислења
65
Поени од реакции
383
Се погласно се збора низ град дека управата се во преговори со Фитиљот и дека веќе почнале со екипирање за наредна сезона.
Ларс веќе договорил десен бек кој ќе се приклучи уште сега за време на паузата а највероватно и пикер ќе има нов, уште на полусезона.
Се збора дека од наредна сезона ќе склучат договор за спонзортсво со друг спортски бренд, со ЈОМА ќе соработвале до крајот на ова сезона само.
За пикер не е сигурно, за десен бек 90%
 
Член од
25 август 2019
Мислења
291
Поени од реакции
385
П

Пљампач

Гостин
Изгледа ќе имаме уште еден скандинвец во бековската линија. До почетокот на припремите би требло да има официјализација на трансферот, ако се точни гласините шо циркулират во јавноста.
Големи се шансите и пикер да се донеси до почеток на припремите.
Околу опремата... Највероватно ќе соработват со Hummel од наредна сезона.
 
П

Пљампач

Гостин
Денес конечно ќе го објават идејното решение за спортската сала. Дајбоже да се реализира шо е можно поскоро.
 
Член од
21 април 2022
Мислења
55
Поени од реакции
223
За новата сала , кај му е планот да се прај на нова локација , или да се турни старата па на неа, ако има некој појќе информации нека пиши да бидиме во тек.
 
П

Пљампач

Гостин
Пиши таму дека локацијата на парцелата е во АРМ(стара касарна).
Старата веќе почна дополнително да се реновира. Ќе поставувале нешто над голојте, кај шо сега е покриен тој дел со фолија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom