Почеток на активностите за сезоната 2022/23
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со официјална вечера ги започнува активностите за сезоната 2022/23. На денешната прва средба во Битола ќе бидат присутни сите професионалци во сениорската екипа, со исклучок на Усама Хосни, кој има обврски кон националната репрезентација. Пред вечерата на играчите ќе им се обрати спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски.
Првиот работен состанок и медицинските тестови се предвидени за в среда наутро, а првиот официјален тренинг ќе се одржи утре попладне од 16:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 своите подготовки ќе ги започне в среда од 18:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Клубот утре ќе ги објави сите детали за подготовките, ростерот и плановите во претсезоната.
Постигнат договор за сортаботка со шпанскиот бренд Joma
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од сезоната 2022/23 партнер за спортска опрема на клубот е шпанскиот бренд Joma. Потпишан е договор меѓу двете страни и сите професионалци во сите екипи на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе ја носат опремата Joma. Официјалното претставување на новите дресови е предвидено на специјална манифестација во подготвителниот период. Претпродажбата на дресови ќе започне во месец август.
RK Eurofarm Pelister. 9,634 likes · 239 talking about this. Официјален Facebook профил на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер
www.facebook.com
ОДИМЕ!!!!! АЈМО
![Зло :zloo: :zloo:](/styles/default/xenforo/emot/zlo.gif)