Фан клуб: РК Пелистер

Член од
5 април 2013
Мислења
3.387
Поени од реакции
6.999
Неколку коментари вака сега со поладни глави:

1. Многу е важно квалитетно да се менаџираат очекувањата. Како на навивачите, така и на играчите. Главен проблем што мислам и им се удри од глава и на играчите што се создаде некоја фама дека поразот е катастрофа. Па Вардар и Пелистер како да си ги сменија местата. За Вардар поразот ќе беше катастрофа. Екипа со поквалитетни и многу поискусни играчи, појак тренер, со не знам колку титули со ред, па ако сакате и поголем буџет.... За Пелистер беше само една голема можност, благодарејќи на одличниот натпревар во гости (кога победија бидејќи беа порелаксирани и очекуваа да изгубат). А приказната што се створи беше сосема спротивна - и директно влијаеше врз исходот. Му се смееа на Лино на времињата кога само плачеше и ги правеше Металург како да се најсиромашната, најмлада и најотепана екипа во Европа (што беше многу далеку од вистината), ама колку толку тој ефектот на менаџирање на очекувањата го постигнуваше. Школо за идните сезони...

2. Најважно е да се биде трпелив и мудар. Многу екипи заради ривалитет и немање трпение да се освои титула ја претерале со инвестициите и по 5-6 години пукнал балонот. Нова Металург ситуација е последното што му треба на Битола. Титулите овие сезони треба да бидат споредна работа. Битно е да се гради инфраструктура (сала, тренерски кадар, школи, база на домашни играчи...). Таа е вечна - па само видете колку генерации се истераа со салата од времето на Тито и со мал локален кадар обучен во 90тите. Титулите ќе си дојдат кога ќе биде време за нив.

3. Мислам дека имаше влијание и тоа што практично цел прв тим знае дека си заминува на лето. Несреќна ситуација, треба да се мисли и на овие работи за во иднина, затоа треба база на играчи, за да не дојдеш во ситуација каде што треба сите да ги менуваш. Да не се сфатиме погрешно, најголем дел од овие играчи што си одат и добро е да бидат заменети. Ама во иднина ќе треба да се најде помудар модел, што во суштина значи да имаш база, така секако нема да е возможно сите наеднаш да си одат како сега.

4. За тренерот, не сум некој фан на Бабиќ, реално не успеа доволно да се снајде во екипата, можеше многу повеќе. Муабетот дека 5-1 зона играат секогаш и срамота е да не најдеш решение мислам не држи многу, оти да не се лажеме, па цела Европа знае дека Вардар може да ти одигра 5-1 со Дибиров напред, па многу од екипите на го решаваат тоа. 90% од екипите играат 6-0 па ако беше до тренерот секогаш се ќе беше решено против 6-0. Ваквите работи се многу повеќе до квалитетот на играчите отколку до тренерот според мене, иако факт е дека ако ништо повеќе, можеше да проба со 7-6 кога стагнираше нападот, ако ништо друго малку да ги натера да ги врати на 6-0. Во секој случај, со бекови како Мандалиниќ и Мараш на лев и десен, и полуписмен тренер ќе ти игра 5-1. Со странични бекови кои не можат да одат на влез, одиграат еден на еден, да се уфрлат на втор пикер - ти си мртов против 5-1 уште не почнат натпреварот. А згора на тоа единствена реална опција на среден беше Танкоски кој едноставно не е калибар за ваков натпревар (и најпаметно за неговата кариера е да си направи трансфер во Пролет/Охрид/Тиквеш....). Во превод, без разлика што мислам е потребна смена на тренерската позиција, главните проблеми не се до тренерот туку до капацитетот на играчкиот кадар.

5. За нов тренер, во принцип и има можеби некоја логика да се проба со Алушевски или Шундовски - искусни домашни тренери, но ако имаат некоја квалитетна шпанска опција и тоа може да е добро решение. Јас повеќе преферирам помодерна школа на тренери, иако факт е дека дел од нив не сум сигурен колку ќе се снајдат во Битола. Мислам дека е грешка идејата за Јовиќ. Јовиќ е одличен тренер за млади екипи, за млади играчи. Најдобар во Македонија за таа работа. Ама за сениорски екипи кои целат високо не е соодветен. Па не е дека немал тој можности во Металург, па сега ајде во Битола го открија. И нема ништо срамота во тоа. Секој треба да си го работи тоа за што го бива. Некој повеќе го бива со млади играчи, друг со ѕвезди. Различен талент треба за тие работи. Мое мислење е дека подобар тренер за Пелистер 2 од Јовиќ нема да најдете, а ако го пуштите во првиот само ќе го изгорите и замразите.

6. За играчите, секогаш тоа го коментирам, треба база стабилна и тоа главно може да биде од македонски играчи (тек тук некој странец на кој му е убаво тука). Дополнителен мотив за тоа се правилата на РФМ за број на странци. Тука ќе се добиваат и губат титулите во идните сезони. Со оглед на тоа како се позиционирани, Пелистер, па дури и Алкалоид ќе имаат предност во однос на Вардар тука, што Вардар ќе мора да ја компензира со пари. Колку ќе ги има, ќе видиме. Малку е штета што двата веројатно најквалитетни играчи македонци се Битолчани (Митревски и Кузмановски), а не играат за клубот, но и тоа е нормално. Митревски можеби може пак да се врати, за некоја година, да си заврши кариера тука. Кузмановски, моментално е нелогично да се враќа, засега е на добар пат во Хановер, ќе видиме во иднина. Инаку од постоечкиот кадар, тоа што треба да се задржи, според мене е следното:

голман: ? / Кизиќ
лево крило: Кузманоски / Ојлески
десно крило: Костески / ?
пикер: ? / Пешевски? / Арсеновски
лев бек: ? / ? / Кукуловски?
среден бек: ? / Павле Атанасијевиќ
десен бек: ? / Велковски
одбрана: Кукоски

7 прашалници, за 6 странци и еден македонец. Во принцип има некаков простор и за 7ми странец (малку ротација + сигурно ќе има повреди), ама не треба да се претерува. Можеби и за втор одбранбен, зависно од какви се левите бекови. Најавените Лесјак, Сери, Дејвис, Хосни и Василев веќе пополнуваат 5 од овие прашалници. Фали уште еден лев или среден бек (главна ѕвезда во екипата) и второ десно крило (ова е добро да е некој домашен играч).

Ѓорговски, Петар Атанасијевиќ и помладите мислам дека е подобро да останат во Пелистер 2. За нивниот развој е подобро, а секако нема да можат да имаат којзнае каков придонес идната сезона во 1цата.

7. Титула веројатно нема да има, но тоа не значи дека немаше напредок сезонава. Мислам дека е грешно да се гледа негативно на сезоната, се на се, клубот направи уште еден чекор напред!
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
325
Поени од реакции
776
- Dve nedeli pred utakmicata zborase cel grad deka titulata ke odi kaj niv, kupot za nas.... SO AKO NAVISTINA BIDI TAKA ? SO KE PREVZEMIME ?
- Pred eden mesec go tepavme EVROPSKIOT na nivni teren, isto taka togas ne igrase zvezdata peric - SO SE PROMENI TOLKU ? I togas ni igraja 5-1, i togas babic ne znaese da meni formacija
- stipe i gjupakot ne igraja skoro cela utakmica, DALI NEKOJ DOBI NAREDBA DEKA OVAA UTAKMICA MORA DE SE IZGUBI ????
- DALI IMA VRSKA SUDENJETO NA CILE ?????
- koja platforma za vtoro mesto ? Koj mozi vtor da bidi osven nas? - METALURG ???? BUTEL ??? I so mladinci da igravme - vtori ke bevme...
- SO KE SE SLUCI AKO GO OSVOIME KUPOT - DAJ BOZE DA NE GO OSVOIME - KAKO KE RAZMISLUVAME TOGAS - USTE POGOLEM SOMNEZ KE STVORI KAJ SITE NAS ???
- KAJ SE CKEMBARITE SO OFICIJALNO SOOPSTENIE - ZOSTO KJUTAT ???? PORANO NA SPIRO DOMA MU ODEA, PREVZEMANJA NA RAKOVODSTVA SE PRAEA...KAJ IMA PRESS NA RK EUROFARM ????
 
Член од
13 август 2019
Мислења
631

Стварно мислиш дека ќе спремаа вашиве бина за прослава на титула ако знаеа дека ќе ја продадат утакмицата?
А ако го изгубите и купот што правиме ? Добар тим сте, одите напред, супер е тоа, се врати дербито, ама во моментов се уште не сте подобри од Вардар, башка тоа што играчите ментално не ви беа спремни сезонава за да играат под притисок, се покажа тоа и со Нексе и со нас…
 
Член од
26 март 2022
Мислења
246
Поени од реакции
774
Него има нешто изјави, прес конференција после утакмица? 3 дена поминаа, ништо не начекав. Да не ни се налутија?
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.258
Поени од реакции
1.648
За то дека е наместена нема врска па во Битола секоја втора утакмица однапред прават сценарија и за Нексе истио муабет му ја пуштиле ова она сега купот за нас титулата за нив секогаш има мрчатори, а што ако изгубиме и за купот ништо како да не било само празни муабети. Абе пред две години некој да му понудеше на РК ПЕЛИСТЕР финале во купот и плејоф во газо ќе го бацвавме сега го кренавме курот над мадиња па и купо не го сакаме бог да чува спортски е да ги увидиме слабостите и да продолжиме. Само ако пак ги делегираат господата судии Начевски и Николов треба воопшто и да не играме доста не прават мајмуни со тие судии еднаш мора точка да се стави ако во иднина сакаме титула.

Sent from my M2004J19C using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
325
Поени од реакции
776
Ako gledas taka pa na Vardar nekoj da mu ponudese pred 10 godini deka dva pati evropski ke bidat, vonzemjanin ke go napraja bog da cuva...
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.594
Поени од реакции
6.302
Стварно мислиш дека ќе спремаа вашиве бина за прослава на титула ако знаеа дека ќе ја продадат утакмицата?
А ако го изгубите и купот што правиме ? Добар тим сте, одите напред, супер е тоа, се врати дербито, ама во моментов се уште не сте подобри од Вардар, башка тоа што играчите ментално не ви беа спремни сезонава за да играат под притисок, се покажа тоа и со Нексе и со нас…
Поочаен Вардар немало последните 5-6 години.
По пички играчи немало во Пелистер последните 5-6 години.(Исклучок Обрадовиќ и до негде Радовиќ)
Купот јас сакам да го изгубат , по можност уште од Бутел да испаднат .
Автоматски споено мислење:

п.с. Ќе навивам за Бутел , а ако играме со вас финале за вас ќе навивам
 
Член од
13 август 2019
Мислења
631
Поени од реакции
3.387
Поочаен Вардар немало последните 5-6 години.
По пички играчи немало во Пелистер последните 5-6 години.(Исклучок Обрадовиќ и до негде Радовиќ)
Купот јас сакам да го изгубат , по можност уште од Бутел да испаднат .
Автоматски споено мислење:

п.с. Ќе навивам за Бутел , а ако играме со вас финале за вас ќе навивам
Реално преголеми ви беа очекувањата, затоа и вака сега реагирате на пораз и на незалагање на играчи што на сред сезона потпишаа за друг клуб, што е грешка на управата ваша, што дозволија на сред сезона еден тим да ви собере не 1, туку 4 играчи од прва постава… Ниеден тим што би сакал да брка ЛШ и титула во лига не може да си дозволи да мења стартна постава секоја година… и ние имавме многу нови играчи годинава ама кај нас Тимур и Столе се 90% од тимот во поглед на хемија и атмосфера во екипа и тоа и носи титули… за купот после поразов и после реакцијата на цела сала против играчите (што според мене беше малку претерана) не знам што да очекувам и како би го играле, али не верувам дека нешто е местено…
 
Ич нека не играт
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.956
Поени од реакции
9.587
Не ја гледав па неможам да кажам точно околу утакмицата ама на Пелистер огромен проблем му е транзиција и организација на напад а се поради оној грд стил на ракомет на Бабиќ. Многу пати кај шо можат да развијат контра или полуконтра тие едноставно закочвет мислиш со балон се играт не со топка, неможе секој напад да ти е позиционен и бавен на тој начин само ја туркаш утакмицата во неизвесност до крај тој стил на игра палит само против Скандинавици тие се губат во таква игра. Мора еден модерен тренер да земаат по можност Шпанец затоа што со нив играта е подинамична си има периоди на забрзување на забавување на темпото доста добро менаџираат со играчкиот кадар и се флексибилни.
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.713
Поени од реакции
4.497
Мене едно не ми е јасно.. како можевте да верувате толку многу дека титула ќе земете оваа сезона? Кои од овие ваши играчи има играно пред 3к луѓе да се дерат 60 минути во дуел за титула? Има ли таков?
 
Член од
22 септември 2021
Мислења
236
Поени од реакции
950
Мене едно не ми е јасно.. како можевте да верувате толку многу дека титула ќе земете оваа сезона? Кои од овие ваши играчи има играно пред 3к луѓе да се дерат 60 минути во дуел за титула? Има ли таков?
Видливо беше дека сами изгореа во атмосверата и првата во бт и сега последната. На вакви натпревари се станува голем играч. Незнам дали клубот има психолог да си поработеше малку, да му врзи два шамари да знат шо ги чека. Борко стигна со евтини финти да ги поремети.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.338
Поени од реакции
7.089
Мене едно не ми е јасно.. како можевте да верувате толку многу дека титула ќе земете оваа сезона? Кои од овие ваши играчи има играно пред 3к луѓе да се дерат 60 минути во дуел за титула? Има ли таков?
тоа што победивме во ск, се очекуваше победа во ледената дворана најнормално

немој сега вардар да се лизни некаде па да се чудите зошто ова вака или онака:kafence:
 
Член од
13 август 2019
Мислења
631
Поени од реакции
3.387
тоа што победивме во ск, се очекуваше победа во ледената дворана најнормално

немој сега вардар да се лизни некаде па да се чудите зошто ова вака или онака:kafence:
Нема како и каде да се лизне Вардар, свесни сте и самите, не се надевајте за џабе...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom