Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.495
- Поени од реакции
- 8.660
07 JULY 2011
Голманот на ракометниот клуб Пелистер, Филип Ивановски, оваа летна пауза ја искористи за свое голманско усовршување.
.jpg)
Тој учествуваше на првиот меѓународен камп за голмани што се организираше во Макарска, Хрватска. Предавачи на овој камп беа легендите на светскиот ракомет, голманите Тери Омејер, Мирко Башиќ, Абаз Арсланагиќ, Мирко Алиловиќ, Ненад Рогуљ, Даниел Шариќ, Валтер Матошевиќ, а нивни ученици беа повеќе од 80 голмани од целиот свет.
За она незаборавно искуство Филип вели:
-Да се биде во друштво на овие голмани кои оставиле печат во светскиот ракомет е голема работа, особено за млад голман како мене. Но, да се биде нивни ученик и да се има можност да се слуша од нив за голманските тајни е посебна привилегија. Кога на еден гол ќе застанете заедно со еден Мирко Башиќ, Алиловиќ, а особено со мојот идол Тери Омејер е исклучителен настан. Во почетокот имав трема бидејќи ретка прилика е да се брани заедно со нив, но како што одминуваше времето тремата ја снема и нивната големина ми беше мотив повеќе за да се научи нешто од нив, и да се пренесе меѓу стативите. Незаборавно искуство во секој поглед, што ќе го паметам цел живот.
ps.Вчера z.m.. во спорт рапорт кажа дека караиванов потпишал договор со Пелистер за даругите нови играчи ќе видиме на првиот трениг на 20 овај месец чинам рече