Фан клуб: РК Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ептен се извлечка приказната со Раде....
Треба да се реши неговиот статус...
Не ми се верува да оди во Вардар или Металург...
Тие веќе изнакупија играчи на лев бек...
Така да ако се враќа во Македонија ќе биди само во Пелистер..
Ама треба побрзо да се реши прашањето на лев бек..
Без искусен лев бек ништо не прајме....
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Вака пиши во Спорт- цитирам
" Не е мала веројатноста следното засилување за битолски Пелистер да биди македонскиот интернационалец Раде Стојановиќ. Екс репрезентативецот потврди дека има начелна заинтересираност, желба за реализација на вакво нешто од двете страни, не но и дека се водел конкретен разговор околу детали за евентуален трансфер. Времето како и да е одминува па тоа можеби ќе биде решавачкиот фактор околу шансите да биде постигнат и дефинитивен договор. "Немаме разговарано детално, па така не би можел ништо да кажам" вели Стојановиќ за можноста повторно да го облече зелено-белиот дрес на битолскиот тим.
Пелистер годинава го прави првиот чекор за излез над просечноста во која живуркаше минативе 3-4 сезони. Се врати спонзорот од (нај)славните денови на клубот, почна да се склопува играчката сложувалка.
Доведени се неколку сосема солидни играчи познати од домашните шампионати и три странски засилувања кои за волја на вистината, допрва ќе треба да се докажат како засилувања.
Со играчкиот кадар што го има во мементов Пелистер би бил пррв во есенската лига, но исто така извесно, не би имал многу шанси на пролет кога во шампионатот ќе се вратат Вадрар Про и Металург.
Најавено е од Битола дека клубот ќе бара три бека за секоја позиција. Доколку Стојановиќ е едниот, а другите двајца минимум од тоа ниво ситуацијата во шампионатот ќе стане далеку понапната. Во тој случај, на пролет, Пелистер можеби не би можел да стигне до титула, но со три нови играчи и полна сала, би можел да му ги помрси сметките барем на еден од скопските ривали, а Битола би можело да биде место каде што ќе се води решавачка битка за шампионската титула. Можеби да стигне до место во втората сезона на Регионалната лига. Во секој случај ни на Металург ниту на Вардар Про нема да му биде сеедно од моментот кога ќе го минат Плетвар ...."

Извор- Спорт

Само да кажам дека Раде изгорен е да игра за Пелистер па ќе видиме шо ќе биди
 

Goebbels

Анархист
Член од
26 март 2011
Мислења
28
Поени од реакции
15
Да се донесат уште 2 бека, доста ќе биди. Ќе го имаме костурот на екипата, ќе има некаква воиграност, па наредната сезона да се донесат уште 2-3 играчи на слабите позиции и ќе одиме на шампионска титула !
Не е реално да очекуваме титула уште првата сезона..
 

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
790
Поени од реакции
1.455
Не ми е јасно само оти толку се чека, мислам дека финансиите барем досега како шо оди не би требало да се проблем, дали се тактизира за да се намалат цените на Стојановиќ или Пецако, стварно не знам. Или стварно нема бекој на пазарот (шо не е можно, ако нема ѕвезди, сигурно има технички добро подготвени играчи на пазарот кои и те како можат да се искористат). Или нема добар scouting или нема кој да ги одбери:confused:. Ова веке стварно почнува да иритира. Некако ми мириса дека со Раде потешко ке оди, ете и тој потврдува има заинтересираност ама никаква конкретна понудаo_O.
Ке видиме времето си врви, ако 20 јули е стварно терминот на собирање па до тогаш се треба да е спремно и со играчи и со управа и со подготовки.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Најверојатно Раде бара појќе пари....
Ако бараше до кај 2000 евра плата досега 100 пати ќе се договореа....
Околу 2000 евра месечно треба да земаат подобрите играчи наредната сезона...
Изгледа ја надминува просечната сума,па затоа и застој во преговорите....
Како и да е,кога би се бирало реално гледано далеку подобра опција е Раде од Пецакот...
Лично јас,сакам да ги видам двата во дресот на Пелистер....
Доста ќе ни требаат....посебно искуството на Раде....
Би требало да се договорат со Раде,ќе се најдат некаде на средина со понудата и барањата на Раде....
Сигурен сум дека и доколку има и други понуди од странство,нема да размислува која понуда ќе ја прифати..(нормално искучок е некоја повеќекратна понуда од таа на Пелистер на тим од странство)....
За десен бек...
Наводно се воделе преговори со странци,па ќе видиме шо ќе биди....:)
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Меѓу Раде и Пецакот, многу повеќе сакам Пецакот да го видам во Пелистер.
Помлад, понеотупен, со редовен тренинг и добри подготовки може да биде оној стариот Пецак, плус битолчанец :)
Раде беше дел од Пелистер кога бевме број 1 во Македонија, ама од тогаш смена баги екипи, повреди, испадна од репрезентација, го стигнаја годините...
Вака изгледаме солидно, ако се донесат 2 бека и пикер, ќе биди одлично. До 20ти има време, како шо разбрав доста била заангажирана управата, и се барале само квалитетни играчи... Шо ќе биди на 20ти ќе видиме :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.433
Поени од реакции
8.561
Ako se bira megu Pecakot i Rade o jas sum za bitolcanecot !Gledam deka vikata za rade najverojatno bil problemot vo parite isto i za pecakot sto nema potpisano ocigledno e deka ima nekoj problem no spored mene problemot e vo trenerot toj treba da dade amin za koj igraci da se zemat a bidejki e starnec normalno bi bilo da si nosi negovi igraci od strana taka da ne veruvam deka nitu eden od dvata ke potpisat za nas za zal
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Мора двајца ИСКУСНИ бекови да се земат- а таков е раде, Ќе видиме шо ке биди. Ќе збораме после 20 Јули
Иначе за трансфери можат да се прат и после 20 Јули не е клучен момент 20 Јули тогаш е само првиот собир
 

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
790
Поени од реакции
1.455
Раде досега не беше во Македонија, сега ради свадбата на Мисовски, оти му е кум, е дојден па сигурно поблиску ке почнат да преговараат иако мислам дека парите се најбитен фактор (шо до негде е и нормално), па ако никој друг клуб не го побара можи и ке си ја намали цената и ке заигра пак за нас
http://www.vest.com.mk/?ItemID=14C18C8FD7EFAE4E93F1CD82E7089B02
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
На 27 Јули е ждрепката за КПК!!!

П.С. Ете го пикерот Жељко Јачиновиќ

 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Мора двајца ИСКУСНИ бекови да се земат- а таков е раде, Ќе видиме шо ке биди. Ќе збораме после 20 Јули
Иначе за трансфери можат да се прат и после 20 Јули не е клучен момент 20 Јули тогаш е само првиот собир
Да , ама подобро е да се имат тогаш за да го фатат темпото и да не заостанват да можат да се вклопат побргу во екипата !!
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Овој пикерот бил огромен, покрај напад ќе брка работа и за одбрана изгледа
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Иди од Мојковац роден е 1980 год
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623


1.broj magazina SEHA

Ова е насловната страница од магазинот за регионалната лига, и на првото издание што треба да излези утре на насловна стои дека ке играме бараж
 

Kajgana Shop

На врв Bottom