Елверум тепаше со Мешков Брест на гости. Се чини дека 6-то место ќе ни биде загарантирано до крајот, а можеби би се вмешале и во борба за петто место.
Се смеевме на Динамо Букурешт, ама после Киелце, на домашен терен го средија и Веспрем.
Како што зборував и во моментите кога го прогласија Вујо за нов тренер, стојам на ставот дека премногу е тврдоглав и избувлив и тоа го носи далеку од врвните тренери. Јас разбирам дека бековската линија е лимитирана, особено што немаме креативец, дека веројатно е неопходно да играме 7 на 6, ама не може секој напад истото да се тера. Водиме три разлика, се запнал без голман во секој напад. Дибиров игра како среден бек, ние без голман позади. Го утепа Томовски, го измести од ритам со тие играња без голман, ниедна позициона акција не одигра десетт минути. Или примавме гол на празен гол или на ненаместена одбрана.
Ротациите претерани, не знае веќе ни кој со кого треба да се смени. Вообичаено кога не му оди на средниот бек и немаш бек-ап опција, воглавно левиот бек заменува тука, бидејќи најчесто средњаците се деснораки. Ама, нас не ни се погоди Кудуз засега, а О.Њокас премногу греши во тие додавања до пикер. Немаме идеја во нападот, се гушиме. Според мене, дури и Алуш имаше повеќе идеи во нападот, само што Вујо за него е доктор во одбраната.
Не знам дали се прави простор за Карачиќ (и од Арена спомнаа дека веројатно ќе премине кај нас) или пак извисивме со Египетќаните, ама недозволиво беше да останеме само на Гаџа во нападот. Уште понедезволиво е што Вујо му се дере во секој напад и го „казнува“ со играње на Дибиров како среден бек. Комбинацијата Дибиров/Чупиќ на бекови едно време успеваше, ама не и последниве три кола.
Не е срамота да се загуби од Кил, но во ситуација кога без тројца првотимци и имавме добар резултат на полувреме, боли начинот на кој го продадовме водството. Па половина голови во второ полувреме на празен гол ни ги дадоа. Вујо го прескокнува оној психолошки момент, колку е демотивирачки да примиш таков гол, а камо ли да примиш три последователно...
Се сложувам и за оние два напади каде што Кил имаше 2 играчи помалку, а судиите ги толерираа на долги напади, иако овие додаваа на пола терен. Оној гол на Дувњак, кога му ја здува на Боре са паркинга го реши мечот.