Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Со оглед на тоа што говори во множина, можно е да мисли и на двајцата (тале и кудуз).
Добро, во Тале никад немал ни доверба ниту пак очекувал нешто повеќе. Ама на почеток на сезона доста се крстеше во Кудуз, како бек разбијач кој ќе рока по 4-5 гола на натпревар. А иначе се слагам со еден коментар подоле дека Вујо ја претерува со гестикулации и нервоза, иако играчиве треба да му го сфатат карактерот дека тоа не е ништо лично туку дека чоеков пизди, таков карактер е. Некад со такви реакции сака да ги врати во живот ама гледаме дека тоа повеќе одмага него што помага. Ќе видиме. Мене искрено ме нервира што не гледам никакви подобрувања во играта, не гледам смислени напади, секој ракометар да си ја знае својата работа. Ако продолжиме на тој начин реално нема да имаме ниедна победа до крај, можда само со Загреб.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Натпреварот го изгубивме на почеток уште. Томовски ролетна имаше спуштено што се не им фати. Тогаш да им направевме предност поголема ќе го имавме натпреварот во џеб. Освен Дибиров останатите ко укочени беа. Нападот катастрофа ниеден шут од 9,и тие што ги шутнаа премлаки беа. Неколку акции што ги направија за пикер Тото ги промаши. Јасно ми беше уште на полувреме дека ќе го изгубиме натпреварот. Во второ Кил влегоа поактивно, Дувњак погоди неколку тешки шутеви што ги промашуваше во прво, неколку голови на празна мрежа примивме и толку беше. Реално играчите го изгубија натпреварот на почеток, после само Вујо ги дотепа со ротациите и дерењето по нив. Кудуз го остаи на клупа го заборави за после еден млак шут на талески да го внесе у игра. Тотално без концепт. Добра работа заврши Вујо со одбраната, ја потсреди доста за разлика од лани али нападот е многу ограничен, веројатно со оваа бековска постава толку и е максимумот.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Вујовиќ не е за ова работа поќе ликот е нестабилен почвит неговото урлање да имат контраефект кај играчите настарана неговото познавање на ракометот би му дал функција на спортски директор доста добра проценка на играчи имат и око за квалитетни играчи ама ликот е луд реално кај да одел иста песна со него демотивират со реакциине и гестикулациине негови.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
''Ние во овој момент не сме на ниво на најсилните европски екипи. Дали Вардар ќе биде тоа што некогаш беше и дали ќе се вратат класа играчите коишто некогаш биле, ќе видиме. Ова е тоа што сега го имаме '' овој дел од изјавата на Вујо баш ме заинтригира,прво бидејќи збори во множина а второ мислам дека никој никаде не побарал оваа година па и следнава Вардар да игра фајнал фор...така дали нешто навестува меѓу редови или празна магла е...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
''Ние во овој момент не сме на ниво на најсилните европски екипи. Дали Вардар ќе биде тоа што некогаш беше и дали ќе се вратат класа играчите коишто некогаш биле, ќе видиме. Ова е тоа што сега го имаме '' овој дел од изјавата на Вујо баш ме заинтригира,прво бидејќи збори во множина а второ мислам дека никој никаде не побарал оваа година па и следнава Вардар да игра фајнал фор...така дали нешто навестува меѓу редови или празна магла е...
Сигурно алудира на Кара и можда на уште некои од таа генерација кои се потенцијални желби како Абутовиќ итн. Веројатно сите тие ствари ќе зависат од потенцијални нови спонзори пошо доста ствари му се ветувани на Михајло ама и многу работи зависат и од корона срањево. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијава. Дај боже прво Кара да го вратиме, па за даље ќе видиме.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Сигурно алудира на Кара и можда на уште некои од таа генерација кои се потенцијални желби како Абутовиќ итн. Веројатно сите тие ствари ќе зависат од потенцијални нови спонзори пошо доста ствари му се ветувани на Михајло ама и многу работи зависат и од корона срањево. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијава. Дај боже прво Кара да го вратиме, па за даље ќе видиме.
Леее баш си во право,враќањето на Кара сигурно би повлекло и други играчи...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Елверум тепаше со Мешков Брест на гости. Се чини дека 6-то место ќе ни биде загарантирано до крајот, а можеби би се вмешале и во борба за петто место.

Се смеевме на Динамо Букурешт, ама после Киелце, на домашен терен го средија и Веспрем.

Како што зборував и во моментите кога го прогласија Вујо за нов тренер, стојам на ставот дека премногу е тврдоглав и избувлив и тоа го носи далеку од врвните тренери. Јас разбирам дека бековската линија е лимитирана, особено што немаме креативец, дека веројатно е неопходно да играме 7 на 6, ама не може секој напад истото да се тера. Водиме три разлика, се запнал без голман во секој напад. Дибиров игра како среден бек, ние без голман позади. Го утепа Томовски, го измести од ритам со тие играња без голман, ниедна позициона акција не одигра десетт минути. Или примавме гол на празен гол или на ненаместена одбрана.
Ротациите претерани, не знае веќе ни кој со кого треба да се смени. Вообичаено кога не му оди на средниот бек и немаш бек-ап опција, воглавно левиот бек заменува тука, бидејќи најчесто средњаците се деснораки. Ама, нас не ни се погоди Кудуз засега, а О.Њокас премногу греши во тие додавања до пикер. Немаме идеја во нападот, се гушиме. Според мене, дури и Алуш имаше повеќе идеи во нападот, само што Вујо за него е доктор во одбраната.
Не знам дали се прави простор за Карачиќ (и од Арена спомнаа дека веројатно ќе премине кај нас) или пак извисивме со Египетќаните, ама недозволиво беше да останеме само на Гаџа во нападот. Уште понедезволиво е што Вујо му се дере во секој напад и го „казнува“ со играње на Дибиров како среден бек. Комбинацијата Дибиров/Чупиќ на бекови едно време успеваше, ама не и последниве три кола.
Не е срамота да се загуби од Кил, но во ситуација кога без тројца првотимци и имавме добар резултат на полувреме, боли начинот на кој го продадовме водството. Па половина голови во второ полувреме на празен гол ни ги дадоа. Вујо го прескокнува оној психолошки момент, колку е демотивирачки да примиш таков гол, а камо ли да примиш три последователно...
Се сложувам и за оние два напади каде што Кил имаше 2 играчи помалку, а судиите ги толерираа на долги напади, иако овие додаваа на пола терен. Оној гол на Дувњак, кога му ја здува на Боре са паркинга го реши мечот.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
428
Поени од реакции
2.188
Со ваква наша игра и со ваква игра и форма во која е Елверум, домашната утакмица со нив ќе биде кнап... Да се надеваме дека ќе биде се во ред со коронава и ќе има публика, зошто 6 бода од домашната со Елверум и двете со Загреб и те како ќе мора да ги освоиме за да се качиме на 4-5 место... Исто да се обидат да чепнат некој бод кај Мешков, пошто тие секако веќе со една нога се во аут и можда не би имале некој мотив да играат којзнае колку против нас... Долга е сезонава, али мислам дека тоа што не тепавме барем една од последниве две домашни ќе не кошта у смисла на тежок противник во 1/8 финале пошто другата група екипиве што играат моментално се сите во топ форма.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Брука во најава. Какво полувреме против гревчињава кои треба да ги победиш само со добра одбрана и контри. Ама и составов на Вујо е катастрофа. Министеров као што кажавме и претходно, еден топ натпревар другите дваесет го нема на мапа. Им бранеше зицери на Алборг на овие една топка не им одбрани. Џомба Георгиевски што е со момаков? Стандардно репрезентативно крило деценија уназад, ејјј на факинг Благојче Трајковски гол не може да му даде од 10 шута. Телето удар нема кон гол, отрови невидени, распашана командач=. Ако не се свестиме на почеток на второ и набрзина не се вратиме во игра можеме на најсмешен можен начин да се простиме и од титула и од се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom