Неколку точки кои се однесуваат на денешната, но и на претходните неколку мечеви:
- Играта во напад ни е практично непостоечка! Првиот меч против Мешков буквално го добивме на ура и на расположението на Њокаси кои практично сами го добија мечот. Мечот против Алборг го извади поддршката од публиката и феноменалниот Борко. Најголемиот дел од головите ги даваме заради индивидуални потези на играчите. Делуваме како да немаме никаква течност во протокот на топка и како да играчите не умеат да се читаат меѓусебно. Дали е ова заради Вујо, дали е заради профилот на играчи кои ги имаме или комбинација од двете немам поим, но со ништо не сум убеден дека нешто работиме на тоа поле.
- Не ја разбирам одлуката за толкаво форсирање игра 7 на 6. Мислам Вујо од секогаш бил тврдоглав и се "коцкал" (дури и во деновите кога ги направи најголемите успеси со Загреб), но јас сум сигурен дека ако направат една анализа колку пати сме успеале да дадеме гол на овие 5 ЛШ мечеви кога сме играле 7 на 6, а колку пати сме изгубиле топка, направиле техничка грешка и примиле гол како резултат на тоа, тогаш нема шанси позитивните страни да се пред негативните. Плус, еден многу битен момент во целиот овој муабет се Томовски и Борко. И Борко и Томовски се голмани чија што силна страна се одбраните кога се оставени еден на еден против играч (оние што ги викаме зицери). Ние свесно се ставаме во ситуација да форсираме нешто во кое што имаме склоност да губиме многу топки, а во исто време при тие изгубени топки нема кој да го брани нашиот гол. Логика НУЛА.
- Нити Кудуз, нити Талески се играчи кои сами ќе направат простор и ќе дадат гол. И на двајцата им е потребен брз среден бек и пивот кои ќе знае добро да блокира, па да се создаде шанса за они да се дигнат на шут и да се даде гол. Гаџа не е тој среден бек. Кудуз даваше по 4-5 гола на утакмица во Динамо, ама до него како организатор го имаше тунижанецон Алуини кој везеше на терен.
- Во една таква ситуација покрај десноракиот Њокас кој е играч кој има некое движење и умее да извади некој луд потег, не знам зошто не сме се обиделе во напад да му дадеме шанса на Диало? Дечкото е дефанзивец примарно да, но има движења добри и знае да пробие низ зона. Диало-Гаџа-Њокас или Куни сеедно е бековска постава која би сакал да ја видам.
- Не очекував и не очекувам чуда од сезонава. Апетитите на сите ни скокнаа после мечевите со Алборг и Мешков но реалноста ни затропа многу брзо на врата. Се надевам дека ќе се направи се да се освои титулата дома, како приоритет број 1. Да се пројде група во ЛШ е исто така многу важно, но уште поважно треба да биде менаџментот и пазарењето за следната сезона. Вакви глупави потези, да во составот имаме тројца средни бекови, а од нив употреблив да биде само еден, не смее никогаш повеќе да ни се случат!
- И за крај, ваква златна шанса да се добие Кил веројатно нема да имаме ни во наредната декада, а можеби и две. Освен ако Михајло не му го продаде клубот на татко му на Сафар па да располагаме со мултимилионски буџет.