За Криштопанс не бидете до толку убедени дека нема да се снајде во Вардар, човекот си беше лидер и во Татран и во Мешков, тешко е да се процени како ќе му тргне кај нас.
Него, се збори за Криштопанс, а многу тивко некако пројде трансферот на Јања факинг Војводиќ. Премногу чуден трансфер, несфатлив, па овој во време на Вујовиќ да дојдеше кај нас ќе беше лош и непотребен трансфер поред Карачиќ и Прибак на среден, не па сега. Требаше од клубот да објаснат малку поубаво зошто го носат, дали го гледаат како некој талент кој може во иднина да се развие во голем играч, или нешто слично, затоа што е премногу смешно после неколку години носење на најдобрите играчи од Европа да се направи ваков трансфер и тоа да помине како да не е ништо чудно.