Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Се е пролазно. На крајот пак се поставува прашањето колку сме кадарни да го поминеме тоа четврт финале?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ќе го видиме следната сезона. :)

По секоја цена мора да се тепаат Швеѓаните, да се прескочи осминафиналето и да се добие полесен противник.

Следната сезона нема да извлечат ваква лесна група, а со Криштофанс и Војводиќ место Душебаев и Карачиќ, со Штербик година постар и без асален пикер, тешко во борба за лидерското место во групата...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Страшно многу се потценува Криштопанс на форумов. Тоа што е различен тип на играч од Алекс не значи дека е слаб. Физички е страшно добро спремен, овие две сезони што ги игра во Мешков игра речиси 60 минути напред-назад што и тоа како не е за потценување! Друга работа, минатата сезона на крај беше втор стрелец во тимот со 62 (http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2015-16/player/539061/Kristopans+Dainis) дадени гола, додека сезонава веќе има 63 со помалце изиграни натпревари од претходната (http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2016-17/player/539061/Kristopans+Dainis). Најмалиот број на голови што го дал на една утакмица од ЛШ е 2 гола и нема натпревар каде се нема запишано во листата на стрелци. Да, бројот на голови ни од блиску не кажува се за играчот, но не е работа која што смее да се занемари. Како трето има само 25 години, пред да дојде во Мешков играше во Татран. Во Вардар сигурно ќе се работи каде-каде поквалитетно со него и ќе има простор за уште поголем напредок. И за крај, колку и да го сакам Лазаров како поранешен долгогодишен играч на Вардар и македонски репрезентативец, мислам дека таквата споредба е во најмала рака смешна :).

Во контекст на натпреварот со Кристијанштад, нема ни малку да биде лесен. Кристијанштад не е воопшто наивна екипа, а и не сум баш сигурен дека Вардар е екипа која што знае да игра под притисок. Предноста секако ќе биде домашниот терен.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.655
За Криштопанс не бидете до толку убедени дека нема да се снајде во Вардар, човекот си беше лидер и во Татран и во Мешков, тешко е да се процени како ќе му тргне кај нас.
Него, се збори за Криштопанс, а многу тивко некако пројде трансферот на Јања факинг Војводиќ. Премногу чуден трансфер, несфатлив, па овој во време на Вујовиќ да дојдеше кај нас ќе беше лош и непотребен трансфер поред Карачиќ и Прибак на среден, не па сега. Требаше од клубот да објаснат малку поубаво зошто го носат, дали го гледаат како некој талент кој може во иднина да се развие во голем играч, или нешто слично, затоа што е премногу смешно после неколку години носење на најдобрите играчи од Европа да се направи ваков трансфер и тоа да помине како да не е ништо чудно.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Случајност ли е што изгубија и Вардар и РНЛ и Киелце колово ? :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Случајност ли е што изгубија и Вардар и РНЛ и Киелце колово ? :D
Нема случајност, се е местено, сечено и преснимувано:P


Последното коло има да биде јако, Рајн Н. - П.Сегед, Киелце-Мешков, директно одлучуваат за најмалце едно до две места плус, но и Загреб-Цеље ќе одлучуваат за последното место.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Сега и официјално Вардар е во 1/4финале без разлика на последниот натпревар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom