- Член од
- 2 декември 2008
- Мислења
- 773
- Поени од реакции
- 344
Фала :smir:Kako navivacka grupa definitivno DA ali kako atmosfera opsto u sala definitvino Bitola ja izdvojuvam kako prva, kolku da da se mrazime i ni se rivali toa e realnost i treba da se priznae ako igrame ferski, Bitola e najrakometniot grad vo Mkd i pokraj mizerijata na pelister tamu cela sala urla(se) iance mn dobri amtosferi se pravea i na Kometal blagodarenie na Komiti koga i samite pretsedteli na klubovi izjavuva ovde dnostvno nemoze da se pobedi (se misli na kale) i na R.K Vardar koa stignuvase daleku vo kup kupovite, se na se super navivanje a rezulttot ako bese i podobr za nas toa ke bese navistina... ludnicaaaa
Сепак, да бидиме искрени... Во последниве години (кога сме боранија) далеку сме од оние најдобри времиња. Голем дел од битолчани се разочарани од моменталната состојба не само во клубот туку и од салата, која градскиот татко не ја дореновира. Кога би имал клубот некоја си позиција на рамноправен ривал и на Вардар, и на Металург тогаш би ја имале онаа стара атмосфера, затоа што никој не е радосен кога Пелистер губи со по 10 разлика
Инаку во Скопје сум бил на неколку утакмици. Комити се присутни само на поинтересните натпревари (со оглед на тоа дека не им е ракометот во преден план), штета е што нема обична публика, односно нема обичај за одење на утакмици со оглед на тоа дека секој си има друга работа и треба да одвои минимум 3 саати од денот за утакмицата, што е неизводливо. Добро кажа, едино Кометал полнеше трибини во ЛШ, и Вардар кога ќе стигнеше подалеку, но се друго кај вас е просек 50 луѓе со се играчи на утакмица (за жал).
Фали кај нас барем во ракометот една интересна Супер Лига. Кога би функционирал Пелистер на високо ниво, кога би се вратил ракометот во Струга, Прилеп, Велес... тогаш би имале и подобра репрезентација а и повеќе успеси во европските купови.