Во суштина, се' за кое предупредував излезе вистина
И после ќе рече некој депресивен, едно друго, песимист. Не бе батица, тоа е чиста реалност, БЕЗ БЕКОВИ НЕМА ТИТУЛА.
Они беа очобол денес, ама ние во напад без Јасухира сме дно.
Прашања за кои нема одговор се:
1. За што го купивме тунижанецот? Томи со 60 минути и напред и назад. Тој Гојковиќ не го ни броиме, непостоечки.
2. Место слепецот да игра со Петриќ лево, Николиќ среден, ми земал кога се крши резултат игра со Мишевски и Карапале. Карапале е послаб од цела средна бековска тројка на Охрид.
3. ЗА ВАРДАР ДА ГИ ПОБЕДИ АЛКАЛОИД, ОХРИД И ТИКВЕШ НА ГОСТИ, МОРА ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА ИГРА СО ПРВА ПОСТАВА. Едноставно не постојат резервите. Реков ризик е да имаш само двајца пикери. Ете го Мечка се повреди уште во прв дуел. Ќе го реактивираме Столе сега?
Па практично ние се држњвме благодарение на пожртвуваноста на Мечка во одбрана, без него потоп. Аларов е просек играч.
4. Томовски топло ладно, а повторно ние немаме замена. Видовме на Гедбан не му оди, влезе Лесјак не реши. Да имаа подобар тренер, ќе го ставеа Лесјак уште по 15та минута, 20 разлика ќе не тепаа.
Среќа што Манасков не игра, за овие слепциве нивни на крило е Хампус Ване.
5. Бутинот 0 денес. Каша попара направи. Во клучен момент прави исклучување кога се гледаше дека нема фаул врз Мечка за што реагираше Бутинот.
Пак ќе кажам, пораз во Битола секако броев, мене ме плашат другиве гостувања...