Не го сфаќам лично таман си е , но ова што си го пишал катарци германци идеше од власта на сдсм и на крај ќор денар не сакаше да даде у Вардар а не па спонзор да донесе ..
Тој муабет среда па петок па другиот понеделнок го кажуваа истава оваа власт сега што падна , 7 години кој бил на власт знаеш и сам , од екипа.мк обајвуваа дека катарци ке дојдат и ништо од тоа ..
Е сега да си кажам мое мислење кога веќе ми реплицираше , ке пробам најреално ..
Позитивни работи - Таа власт на Грујо го донесе Самсоненко и ги направи најголемите успеси на РК Вардар , две титули евроспки првак за кои е запишано во историјата и тоа е факт за што целиот свет дозна кој е Вардар и Македонија , направи сала Јане Сандански да игра Вардар факт ..
ФК Вардар играње лига во Европа , се уште ни еден македонски клуб неможе да дојде со таков успех
Земавме и 3 титули во Мкд ако добро памтам
Негативни работи - Падна таа власт и заедно со нив паѓа и Самсоненко , ги остава и ФК и РК во тешки долгови што до ден денес неможеме раце да кренеме поготово во ФК , ова се факти и тука сум реален , Вардар е жртва во таа цела политика за жал ..
Доаѓа Сдсм што направи ?
Зошто 7 години не успеа да го крене Вардар , зошто ни еден човек не сакаше да го кренат од мртвите клубот , не беше проблем долгот туку така им одговараше на сдс и дуи , Вардар да биде на дното за жал македоноцет да биде понижен ..
За жал Вардар е дел од политиката , тоа не треба да е така но ова е Македонија , држава каде све оди преку тој што е на власт , не се најде ни еден бизнисмен во овие 30 години што дојде а да не е со некоја власт ..
И да жално е што е така , но што можеме јас ти и некој друг од форумов ?
Не сме ние криви што таква е политиката , пак ке кажам ова е мочана држава каде политиката е главна тоа е ..
Не сум ни вмро ни сдс , но таква е ситуацијата каква што е и ја кажав реално , во моментов се смени власта и сега ке го кренат Вардар со спонзори што они ке ги најдат , таква ни е државата друже сфатете тоа е ..
Ако не се променеше сега власта готово беше со Вардар , на апарати ке беше клубот ..
Но ете народот реши да се смени власта , доаѓа власта која ке го крене Вардар повторно нагоре , што да кажам друго другар сигурно од небо нема парите да паднат , ветено е дека ке биде Вардар на врвот , стрпете се некој период ..
Ако некој тука мисли дека освен власта така некој друг спонзор ке падне од небо се лаже , све иде преку власт во Мкд ..тоа е другари , само пишувам тоа што чув ...