1. МЕЧОТ
Мечот против битолчани го изгледав дури вчера вечерта, ме стигнаа обврски баш кога почнува интересното во ракометот.
Не знаев што да очекувам искрено, ме „уплаши“ поразот од Алкалоид. Поточно, уште во подготвителниот период кога игравме на турнирите во Струга и во Охрид, се плашев дека сме понапред со формата од останатите екипи и дека можеби не ја темпираме баш како што треба. Нејсе, нема потреба да се навраќаме назад. Се разбира - супер е што победивме!
Марио почна да игра по нешто, не беше воопшто лош во минутите што ги изигра, се надевам ќе биде и подобар.
Она што исто така го видовме кога е во прашање оваа позиција е дека и Николиќ може да изигра на истата и дека не е воопшто лош на неа иако не му е природна. Добро се движи, има памет и моторика.
Горига добар, за Борозан веќе кажавте сите, како за прв меч не беше воопшто лош.
Срдановиќ е константно добар, гине дечкото во два правци. Гоце е прав капитен и сум среќен што веќе петта сезона е кај нас. Стабилен, смирен и ефикасен во двата правци.
Аларов е исто така за пофалба, одигра одличен меч. Мечка стандардно изгина и во двата правци и не застана, секоја чест.
Маргели далеку над очекувањата кои ги имав за него, меѓутоа Томи ми делува со месеци дека е во некоја „дупка“. Ајде офанзивно никад не бил нешто посебно, но барем во одбрана беше куче. Сега мислам дека ни со 50% од претходно не игра.
Гогов и Еспина солдини, но мислам дека заедно со среден бек тоа е позицијата на која ќе имаме најмногу проблеми и најмногу неконзистентност.
2. РОСТЕРОТ
Пренатрупан ни е ростерот, имаме еден куп играчи кои лапаат плата, а немаат речиси никаква улога во тимот!
За што ги имаме Мело и Томче Стојановски? Двајца леви бекови кои играат само во одбрана, од кои едниот е странец!
Крсманчиќ за што го носевме ако не планиравме да го користиме? Ќосевски и Марио Стојановски? Богдановски на гол?
Да, сезоната е долга плус ќе играме европа ама ние имаме 23 играчи на платен список! Па Кил не може да се „пофали“ со толку, а игра бундес и европа!
Мора да се направи чистка и да се пазари попаметно, доколку успееме да се стабилизираме финансиски и логистички.
Вака ризикуваме да ни се појават проблеми во иднина. Справување со незадоволни играчи е тешко, да не зборувам за финансискиот товар на истите врз буџетот на клубот. Па 500 евра месечно да зима еден таков, тоа се 6000 евра годишно само во плата, каде се тука бонуси, станови, сертификати итн? А, не се 500 евра и не е само еден.
3. МАРКЕТИНГ
Многу пати сум пишувал за истово ама срце ме боли кога гледам колку аматерски се работи во 2025.
Да почнам од веста за MTel од пред некој ден. Како бе така спонзор нов, кој треба да биде меѓу поголемите и кој стои на предната страна на дресот заедно со Ватростална и КБ го објавуваме у рандом време преку еден обичен фејсбук/инстаграм пост онака, ко на поминување!?
Ако судиме според муабетите на навивачите на КК Работнички денеска по социјални мрежи, не станува збор воопшто за мала сума на пари за наши услови!
Се знае како се претставува нов спонзор, договараш прес, повикуваш медиуми и го претставуваш.
Друга работа, не може бе без разлика со кого играш да нема извештај од утакмицата на официјалниот сајт на клубот по завршувањето на истата! Дали играш со Еурофарм Пелистер или со Радовиш, дали со Валур или со Мелсунген во европска лига се знае како се работи! Се пишува мал извештај како се одвивал мечот, се пишува статистика и се прикачува пар слики од истиот! Истиот тој извештај го постираш со линк и на социјални мрежи. А, не како до сега, стави сликичка со финалниот резултат на социјални мрежи и толку!
Сајтот го потсредија, заличи на нешто, но одиш во табот на кои што можеш да ја видиш моменталната екипа и гледаш дека на повеќе од пола од играчите им фали висина. Па пизда ли му материна, дата на раѓање, државјанство, тежина и висина треба да бидат основни информации кои некој што е заинтересиран за тимот треба да може да ги најде! Клубот ги има овие информации, и не Томче Стојановски не е 197cm висок, ниту па Еспина делува дека е 194cm висок.
Знам дека некој ќе рече дека се ситници и дека имаме триста други приоритети пред овие и се согласувам. Ама од друга страна толку е лесно овие работи да се корегираат што не можам да сфатам зошто не се прави истото? Делува многу несериозно и аматерски. Да не зборувам дека може да се додадат кратки прашања или некои мали интересни факти за играчите кои ќе направат оној што чита да му е поинтересно и полесно да се поврзат поддржувачите на клубот со играчите, а и со самиот клуб.
Една реклама немаше пред мечов со битолчани, една! Ако не следиш активно ракомет, никад нема да дознаеш дека треба да играат Вардар и Еурофарм Пелистер. Умреа времињата кога утакмица сама по себе беше некаков хепенинг. Луѓето се престимулирани и имаат премногу избор што да прават во еден ден. Тешко е да ги извадиш од рутината, особено кога станува збор за народ ко нашиов кој што нема спортска култура. Има милион начини, но треба да се има желба. Високи цени на карти дали за индивидуален меч или за сезонски не треба да кажам дека не се начин.
Имам чувство како да клубот не сака дојде до некаков екстра приход (колку и да е скромен), туку само чека пари од спонзори пошто за публика треба нешто да се сработи.
Еден мочан Алкалоид вади highlight reels после секој меч, без разлика дали играат против нас или против МРК Куманово!
Двократниот европски првак, 16 куп титули, освојувач на 15 првенствени титули, 5 СЕХА титули и 4 супер куп титули наспроти клубот од Автокоманда кој се роди вчера!
Немам ништо против Алкалоид да не бидам грешно сфатен, само ме фрустрира тоа што таму има луѓе кои знаат колку-толку да работат, а ние сме заглавени у 2005-та!
Така прават клубовите кон кои се стремиме, ѓаволот е во деталите!