Фан клуб - РК Вардар

Член од
17 април 2024
Мислења
589
Поени од реакции
1.369
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Пичките сеа не свират исклучување на Кузмановски лиглето со лакт у брада
Автоматски споено мислење:

И со вакво судење ги тепавме сељаците
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2023
Мислења
2.071
Поени од реакции
6.833
Дупи си ги
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.323
Едноставно ги фативме на умор и победата мораше да биде изразена со повеќе голови. Многу недисциплина. Борозан место да коментира по медоуми, нека си ја чукне главата малку. 10 шута промаши, земал шутира на неизградени напади од 10 метри, при играч повеќе. Тунижанецов имаше топ утакмица, палачиште големо е, ама ја усра крајната акција. Место да тепавме 5, на крај само 3. Зема шутна со играч повеќе, на неизграден напад, место да ја држиме до крај.

Фали среден бек премногу. Ако не се разиграше малку Николиќ во последните 15 минути, сигурно ќе изгубевме.

Ѕверска партија на Гоцката и Срденовиќ, само ради нив тепавме.

Голманите 0, топка не фатија. Кај нив се разбрани Митревски во второ полувреме, како локумчиња ги бранеше ударите од бековска линија и така се вратија. Среќа Гогов фати пенал му на Богдан и така ја реши партијата, инаку готово ќе беше. Моравме подобра замена за Томовски да донесеме.

Кај нив симултанка на Фитиљот и Хосни. Фитиљот е класа за лигава, плус игра напален, а Хосни против нас е во еуфорија секогаш. Многу гаден играч, провоцира, мава, навлекува на фаули. Не постоеја другите. Пикерите топка не фатија, ни нашите, ни нивните. 0 креативност и кај нас и кај нив.

Резил се екипиве, преслаби. Таму мислам дека 20 разлика ќе не победат, ако не научи Танкоски да игра ко Јасухира преку ноќ. Да го имавме јапонецот, ќе се прошетавме во лигата.

Катастрофални потези направивме со потпишување на Крсманчиќ и неносење асален голман.

Убаво што победивме, ама играта не беше на задоволително ниво. Или во превод, толку ни се можностите. Можеби и се надминавме себеси што ги победивме и стварно треба да се радуваме бајаги на победата.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.233

Абе не ме заебавај, само ти можеш ваков црњак од коментар да напишеш после утакмицава. На мускули или не - ги лапнавме бодовите.

Можеше и подобро, тука нема дискусија, ама ова беше далеку од лошо.

Да не беше дупката со голмански одбрани од 30 до 45 минута, ќе бевме на лагани +5 до крај. Еспиња се изгуби во второ, ама фати два клучни седмерци. Борозан многу далеку од формата, ама на искуство изнуди две пробивања во финишот и ги откажа. Матија Николиќ конечно на среден бек и тоа скроз коректен. Танкосен има уште леб да јаде, ама сѐ подобар - со една или две технички грешки, но и неколку голови и асистенции.

Крилата фантастични. И да, фалеа повеќе топки за пикерите.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
589
Поени од реакции
1.369
Кога сме кај крилата, Гоце Џомба се има доста приврзано за нашиот клуб. Со каква само мотивација играше, не за џабе и е ставен за капитен. Секако одлична партија одигра. Капа доле :bravobe:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Едноставно ги фативме на умор и победата мораше да биде изразена со повеќе голови. Многу недисциплина. Борозан место да коментира по медоуми, нека си ја чукне главата малку. 10 шута промаши, земал шутира на неизградени напади од 10 метри, при играч повеќе. Тунижанецов имаше топ утакмица, палачиште големо е, ама ја усра крајната акција. Место да тепавме 5, на крај само 3. Зема шутна со играч повеќе, на неизграден напад, место да ја држиме до крај.

Фали среден бек премногу. Ако не се разиграше малку Николиќ во последните 15 минути, сигурно ќе изгубевме.

Ѕверска партија на Гоцката и Срденовиќ, само ради нив тепавме.

Голманите 0, топка не фатија. Кај нив се разбрани Митревски во второ полувреме, како локумчиња ги бранеше ударите од бековска линија и така се вратија. Среќа Гогов фати пенал му на Богдан и така ја реши партијата, инаку готово ќе беше. Моравме подобра замена за Томовски да донесеме.

Кај нив симултанка на Фитиљот и Хосни. Фитиљот е класа за лигава, плус игра напален, а Хосни против нас е во еуфорија секогаш. Многу гаден играч, провоцира, мава, навлекува на фаули. Не постоеја другите. Пикерите топка не фатија, ни нашите, ни нивните. 0 креативност и кај нас и кај нив.

Резил се екипиве, преслаби. Таму мислам дека 20 разлика ќе не победат, ако не научи Танкоски да игра ко Јасухира преку ноќ. Да го имавме јапонецот, ќе се прошетавме во лигата.

Катастрофални потези направивме со потпишување на Крсманчиќ и неносење асален голман.

Убаво што победивме, ама играта не беше на задоволително ниво. Или во превод, толку ни се можностите. Можеби и се надминавме себеси што ги победивме и стварно треба да се радуваме бајаги на победата.
Брат не заебавај Борозан можеби и направи клучни потези утакмицава и напад и одбрана, можеби шутевите што ги зема имаше слаба реализација ама колку само простор отвараше.
Па они нека се среќни зашо ние ко рачна да кренавме во второ плус тоа судењето апла во нивна полза и тоа во клучни моменти.
Прво Лазаревски коа го исклучија коа гледаа Вар а не гледаа дека прво направи пробивање туку дирњктно фаулот и тоа врска немаше од фаул а не па 2 мин, После тоа Кузмановски со лакт у брада кај Хориха ништо не свирнаа нит фаул, на крај и на Томи исклучувањето за шутот у глава прво да беше од пенал или контра па да речевме со право ама ова он на влез Радивојевиќ му прави ситен фаул и овој нормално дека у таа позиција нема опции за шут и овие и за тоа 2 мин.
Колку само се преценети да не го штитат тој Кузамновски судиите и 10 пенали што им свирнаа и со ваква игра ќе изгубеа 6 7 разлика.
Секако стои тоа дека има доста недостатоци кај нас посебно среден бек.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.242
Победа си е победа, сепак треба да излезеш на терен и да ја освоиш, ама се приметуваше уморот кај нив кој имаше големо влијание на резултатот. Некако подобра слика имав од припремните турнири за разлика од она што го прикажавме на двава првенствени дуели со Алкалоид и Пелистер. Да го оставиш единствениот странец среден бек на трибини на најбитната утакмица во сезоната е голем минус за секој оној кој се прашувал во креирањево на составот. Крсманчиќ, Петриќ и Мело се апла вишок во составов, а кога веќе ги имаме Стојановски и Ќосевски како замени на крила јас би рекол дека и еден од Хансер/Срдановиќ и Пинто се исто така вишок. Остануваме со Гогов како втора опција на можеби најбитната позиција во тимот - голман, а на најмалку битните позиции во тимот - крилните, не им дозволуваме на двајцава да се втора опција иако според мене се и поквалитетни таму него ли што е Гогов на својата. Еден Јасухира да го имавме на место на овие 5 странци што не настапија вчера ќе им се десеше дебакл на битолчани.
Инаку, сосема коректно деби на Борозан. Потроши некои шутеви зошто сам си креираше позиции во напад без квалитетен среден бек до него за да му ги изработува ама и така отвараше многу простор за останатите, да не зборам за играта во одбрана каде издоминира, најдобар наш играч вчера таму, Фитиљ мислам дека прв пат дочека во македонска лига некој да му мава блокови на скок-шут. Тешко дека ќе победевме без него. Плус, ова му беше прво појавување на терен, фактички за него ова беше првиот припремен натпревар во Струга, допрва треба да се уигра и да фати форма, така да очекувам напредок. Ми се свиѓаат и неговите изјави после утакмицата, треба некој да го одржува тој дух од шампионските години во тимов, сам остана Столе :D.
 
Член од
12 ноември 2020
Мислења
64
Поени од реакции
197
Prvo ligava e slaba i ne moze sega nie so Petko i Stanko ovde da izdominirame taka kako sto sakame i si zamisluvame deka bi gazele ko u 2016. Sepak e ova liga kaj so titula se zima na sreka dve godini po red, dali od GLUPOSTI ili nepodgotvenost ili mozda kratka klupa posle povredi stomacen virus itn.

Toa sto vcera ja napravi razlikata bese prvo Borozan, slabo golovi ama ogromno vlijanie vo dva pravci. Stravot od nego kaj Pelister otvori prostor vo mnogu situacii! Vo odbrana iskustvo da se podmesti blokira zastane, se gleda deka ne bil slucajno del od toj Vardar.
Igracite gi komentirav pred sezona i toa e, tie se koi se. Pak ke povtoram Alkaloid e seriozen konkurent za titula ovaa godina!

Mnogu rano e za raspletot, ke ima pak plejof istata fora Pelister ni ja prodava 2 godini, slabo igra do prolet i posle koa ke ispadne od ls se sreduvaat u glaa i veke ne se karaat megju sebe, prekinuva plus carsijata tamu da gi pcue. Krevaat forma za domasno i zemaat titula na muskuli. Me plasi so ke igrame LE da ne izgineme tamu da sme deklasirani, da padne ekipata.

Ovaa pobeda niso ne znaci zoso vo Bitola ke izgubime nad 3 4 gola razlika sigurno. Toa e sea za sea naseto nivo. Edino sto sezonava lici deka imame prostor za nekakov napredok, forma i razvoj za razlika od proslite.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.435
Поени од реакции
2.435
За вчерашната утакмица гледав само 15 минути...како и шо претпоставував во кој правец ке одит...Вардарци се мајстори за тесни утакмици во МКД лига играат ала Червар и ако не добијат некои непотребни исклучвења од недисциплинираните ги добиваат утакмиците без разлика како играат.
Пелистерци шо работеле во припремниот период....немаат брз центар ,немаат никаква контра ни полу контра....го имаат само Никучот сеуште еден од топ голмани во Европа кој е многу нервозен и не издржвит да ги гледат соиграчите какви....се, се видоа слабостите уште во Струга и дека тие 4 зицери промашени за 10 мин од десното крило ,никучот и исклучвењето на јаболкарот го решија мечот.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.233
Поени од реакции
6.370
1. МЕЧОТ
Мечот против битолчани го изгледав дури вчера вечерта, ме стигнаа обврски баш кога почнува интересното во ракометот.
Не знаев што да очекувам искрено, ме „уплаши“ поразот од Алкалоид. Поточно, уште во подготвителниот период кога игравме на турнирите во Струга и во Охрид, се плашев дека сме понапред со формата од останатите екипи и дека можеби не ја темпираме баш како што треба. Нејсе, нема потреба да се навраќаме назад. Се разбира - супер е што победивме!

Марио почна да игра по нешто, не беше воопшто лош во минутите што ги изигра, се надевам ќе биде и подобар.
Она што исто така го видовме кога е во прашање оваа позиција е дека и Николиќ може да изигра на истата и дека не е воопшто лош на неа иако не му е природна. Добро се движи, има памет и моторика.
Горига добар, за Борозан веќе кажавте сите, како за прв меч не беше воопшто лош.
Срдановиќ е константно добар, гине дечкото во два правци. Гоце е прав капитен и сум среќен што веќе петта сезона е кај нас. Стабилен, смирен и ефикасен во двата правци.
Аларов е исто така за пофалба, одигра одличен меч. Мечка стандардно изгина и во двата правци и не застана, секоја чест.
Маргели далеку над очекувањата кои ги имав за него, меѓутоа Томи ми делува со месеци дека е во некоја „дупка“. Ајде офанзивно никад не бил нешто посебно, но барем во одбрана беше куче. Сега мислам дека ни со 50% од претходно не игра.
Гогов и Еспина солдини, но мислам дека заедно со среден бек тоа е позицијата на која ќе имаме најмногу проблеми и најмногу неконзистентност.

2. РОСТЕРОТ
Пренатрупан ни е ростерот, имаме еден куп играчи кои лапаат плата, а немаат речиси никаква улога во тимот!
За што ги имаме Мело и Томче Стојановски? Двајца леви бекови кои играат само во одбрана, од кои едниот е странец!
Крсманчиќ за што го носевме ако не планиравме да го користиме? Ќосевски и Марио Стојановски? Богдановски на гол?
Да, сезоната е долга плус ќе играме европа ама ние имаме 23 играчи на платен список! Па Кил не може да се „пофали“ со толку, а игра бундес и европа!
Мора да се направи чистка и да се пазари попаметно, доколку успееме да се стабилизираме финансиски и логистички.
Вака ризикуваме да ни се појават проблеми во иднина. Справување со незадоволни играчи е тешко, да не зборувам за финансискиот товар на истите врз буџетот на клубот. Па 500 евра месечно да зима еден таков, тоа се 6000 евра годишно само во плата, каде се тука бонуси, станови, сертификати итн? А, не се 500 евра и не е само еден.

3. МАРКЕТИНГ
Многу пати сум пишувал за истово ама срце ме боли кога гледам колку аматерски се работи во 2025.
Да почнам од веста за MTel од пред некој ден. Како бе така спонзор нов, кој треба да биде меѓу поголемите и кој стои на предната страна на дресот заедно со Ватростална и КБ го објавуваме у рандом време преку еден обичен фејсбук/инстаграм пост онака, ко на поминување!?
Ако судиме според муабетите на навивачите на КК Работнички денеска по социјални мрежи, не станува збор воопшто за мала сума на пари за наши услови!
Се знае како се претставува нов спонзор, договараш прес, повикуваш медиуми и го претставуваш.

Друга работа, не може бе без разлика со кого играш да нема извештај од утакмицата на официјалниот сајт на клубот по завршувањето на истата! Дали играш со Еурофарм Пелистер или со Радовиш, дали со Валур или со Мелсунген во европска лига се знае како се работи! Се пишува мал извештај како се одвивал мечот, се пишува статистика и се прикачува пар слики од истиот! Истиот тој извештај го постираш со линк и на социјални мрежи. А, не како до сега, стави сликичка со финалниот резултат на социјални мрежи и толку!

Сајтот го потсредија, заличи на нешто, но одиш во табот на кои што можеш да ја видиш моменталната екипа и гледаш дека на повеќе од пола од играчите им фали висина. Па пизда ли му материна, дата на раѓање, државјанство, тежина и висина треба да бидат основни информации кои некој што е заинтересиран за тимот треба да може да ги најде! Клубот ги има овие информации, и не Томче Стојановски не е 197cm висок, ниту па Еспина делува дека е 194cm висок.
Знам дека некој ќе рече дека се ситници и дека имаме триста други приоритети пред овие и се согласувам. Ама од друга страна толку е лесно овие работи да се корегираат што не можам да сфатам зошто не се прави истото? Делува многу несериозно и аматерски. Да не зборувам дека може да се додадат кратки прашања или некои мали интересни факти за играчите кои ќе направат оној што чита да му е поинтересно и полесно да се поврзат поддржувачите на клубот со играчите, а и со самиот клуб.

Една реклама немаше пред мечов со битолчани, една! Ако не следиш активно ракомет, никад нема да дознаеш дека треба да играат Вардар и Еурофарм Пелистер. Умреа времињата кога утакмица сама по себе беше некаков хепенинг. Луѓето се престимулирани и имаат премногу избор што да прават во еден ден. Тешко е да ги извадиш од рутината, особено кога станува збор за народ ко нашиов кој што нема спортска култура. Има милион начини, но треба да се има желба. Високи цени на карти дали за индивидуален меч или за сезонски не треба да кажам дека не се начин.
Имам чувство како да клубот не сака дојде до некаков екстра приход (колку и да е скромен), туку само чека пари од спонзори пошто за публика треба нешто да се сработи.

Еден мочан Алкалоид вади highlight reels после секој меч, без разлика дали играат против нас или против МРК Куманово!
Двократниот европски првак, 16 куп титули, освојувач на 15 првенствени титули, 5 СЕХА титули и 4 супер куп титули наспроти клубот од Автокоманда кој се роди вчера!
Немам ништо против Алкалоид да не бидам грешно сфатен, само ме фрустрира тоа што таму има луѓе кои знаат колку-толку да работат, а ние сме заглавени у 2005-та!

Така прават клубовите кон кои се стремиме, ѓаволот е во деталите!
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.829
Поени од реакции
7.200
За натпреварот горе - доле се е кажано во претходните постови, ќе гледам да не должам дополнително без потреба.

Вуко дава знаци дека може да биде лидер на теренот кој би не водел до титула, одма се гледа класа играч, уште го има топот во рака, ретко кој играч во светот може да се пофали со таков шут, какви само проектили испали на 2-3 пати...
Има време да го средиме до пролет уште малку и пак да ја врати старата форма, ако до тогаш не му проработат бубачките па да ги спакува куферите.:D

Играч на натпреварот Гоце Џомба, страшна партија посебно за негови години, одигра без грешка, борбено, смирено, искусно, капитенски...

Мечка во повеќе наврати до сега покажува дека е душата на оваа екипа, главен виновник за атмосферата и целата енергија со која игра тимот, нешто што беше Столе во шампионските денови, а и односот меѓу нив двајца е нешто посебно.

FB_IMG_1727784852155.jpg FB_IMG_1727784872083.jpg
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.963
Поени од реакции
9.602
Среден бек очајно ни треба. Се гледа дека на ротација сме добри годинава и нема така лесно да губиме бодови во „мали„ натпревари како што беше минатите сезони. Ама и ние и шурите треба да си ја чукнеме глаата пошо мириса дека многу лесно на крај ќе имаме шампион со фармацевски спонзор, ама не од Битола. Како тргнало, друга димензија се децава на Кирца. Пред се во систем, темпо цел натпревар. Вчера се прошетаа во Кавадарци. Денес играме "лесна" со Пролет. Нека не се заебаваат нашиве уште сеа нека бараат саглам среден бек, со кој ќе може комплетно да дојде до израз потенцијалот на овој состав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom